078 485 530 Требало порано да закажеш бидејќи веќе се почнати вежбите за тековниов месец, ама се надевам ќе те примат. Ако не ти успее на овој број, еве ти линк до нивната ФБ страница. Јас така успеав да закажам. Никој не ми се јавуваше на телефонот. https://www.facebook.com/media/set/?set ... 331&type=1
Сакам да ве прасам за патување! Јас деновиве дознав дека сум бремена и по нормално рачунање сум петта недела! Е сега ние нормално планиравме и зедовме одмори за следната недела да одиме , не со авион, со кола, ама патот е многу долг и баска таму е сосема друга клима! сега се мислам дали да идеме или не! Зборев онака малку со докторот , ми рече не сум болна ако сум бремена, дека мозе да патувам ама да пијам многу вода и да одмарам на секои два часа да се разодувам! ама мене пак ми е страв, секој пат е стрес и тогас би требало да сум 7 недела! Сто мислите вие? Не сакам да ризикувам и бас се мислиме, ни се оди а од друга страна бебето ни е највазно! одморот инаку не е на море, така да нема сончање, бањање, ама сепак патот е многу долг, па ако имате совет или мислење писете ми
Lori јас можам да ти кажам од мое искуство. Мачнините почнуваат некаде околу 7ма недела и траат подолго. Е сега, иако има среќнички што го предкокнуваат периодот јас сум од тие со тешки мачнини, повраќање, исцрпеност, не можев од кревет да станам(дури уште повраќам). Ако можеш да одмараш и да лежиш и некој да ти помага ОК, само имај предвид дека мачнините се влошуваат при патување. Дај Боже да немаш никакви проблеми и да го одминеш овој период најлесно што може
Јас се прасувам да не биде стетно патувањето за плодот, засто е долг патот, ајде и да преспиеме некаде на пола пат, ама се пласам усте сто таму е и друга клима, многу потопло е па да не има некакво негативно влијание и тоа на плодот сега баравме и по интернет и писува не е страсно ама писува за од 14 до незнам која недела, ама за прв триместар нема нисто! ако прочита усте некоја и ако има совет нека ми писе, мора да ресиме вечерва, ѕтре треба маз ми да потврди на раб, па незнам далида зема воопсто одмор или не!Навистина сме во дилема! поздрав
Послушај го др.што ќе ти каже, до тогаш треба да има срцева акција и ќе имаш значи уште еден преглед па ќе потврдите дали е се ок. Исто како што пиша една феминка ако те фатат мачнини тешко дека ќе можеш да патуваш. Јас на пр.бев до грција трудна што е три саати и рамен патот па одвај издржав а бев од тие трудници што не повраќаат....се надевам ќе бидеш од тие што нема да ти се лоши
Лори прво да ти честитам за бременоста со лесно да си ја износиш знам колку чекаше за овој момент и стално те читав тебе некако ми станавте мили со wtf . Како и да штом овде праша ќе наидеш на различни мислења, кои повеќе ќе те збунат. Треба ти да одлучиш. Некои ќе те советуваат да одиш некои не. Јас би била од тие што би те советувала да не одиш барем засега, знаејќи колку го очекуваше бебуш. Да Сега си во прво тромесечие почнуваат мачнини. Почекај да помине првиот период па ако може мажот ти да земе покасно одмор одете тогаш. Размислете добро и одлучете. Мисли позитивно и гали си го мешкото. Поздравче
И јас некаде 7недела патував од ита за мак и после две недели обратно. Ете и лекар ти кажал дека не си болна туку бремена,доколку нешто не беше ок ке ти кажеа,така одморајси на 2/3 сати по половина час и вода пиј си и не му се секирај
Мила и јас би те советувала да не патуваш поради промена на клима од искуство на моја другарка која беше некаде 8 недела зимоска февруари,и беа банско и патот малку подолг и друга клима си направи проблем цела бременост да лежи она правеше инвитро кај Митко Ивановски,Систина нема врска инвитро или не сите советуваат барем тука кај нас сум слушала повеќе приказни да не се менува клима барем не првото тромесечие,знам колку го сакаш тоа бебе ти и што се не поминиа,ама издржи малку барем да пројде критичниот период, верувај дека јас цела бременост патував само еднаш на 14 недела до Битола кај моите ,ми беше шубе после тоа што и се деси на другарка ми и сега сум по свадби по други градови ако сум 7 месец пак ми е шубе да си бидам мирна да не му ја мислам вака така како сакаш ти си знаеш ама ако можеш издржи до кај 14 15 недела поздрав мила
Фала ви месиња многу за брзиве одговори, ние еве ресивме да не одиме никаде,, мозеби понатака во втор семестар ако се чувствувам подобро, мозеби тогас ќе тркнеме до некаде, ама сега не!!! Нисто на светов не е повазно од зивотот сто расне во мене и сто толку долго го очекував Поздрав
Мајки да ве прашам, каде можам да се информирам за предавањата на Гинекологија за „неискусни“ бремени со прво дете. Објаснувале се околу породување, дишење, што ти треба за болница за бебе и слично. Дали има телефон за инфо, за пријавување и слично?
Фала ти Анна, ке пробам да закажам,а овие предавања се само на ГАК или има и на други места (мислам на здравствени домови и сл.?)
^ Колку што знам во Скопје се само на ГАК т.е таму се бесплатни. Сум слушала дека има и по приватниве ординации, ама таму се плаќаат.
Лори, и јас мислам дека бременоста не е болест, одморот може само да ти помогне да се чувствуваш подобро. Не знам зошто патувањето е стрес, за мене баш патувањето е одмарање, поготово ако одите со кола, можете кај сакате да застанете, колку сакате да одморите, не сте обврзани со ништо. Ние лани кога бевме на одмор имавме трудница во 7ми месец, па повеќе од нас се забавуваше со сопругот, нит се пожали, нит рече не можам, за разлика од едни девојчиња што беа млади, се им сметаше ним. Рачунај ние со автобус бевме. Кога разговаравме вика во 8ма недела била во Банско, во 20та недела пак, а два месеца пред одморот била исто на одмор, вика пола бременост по одмори ми помина и се со автобус. Знам дека ти е страв, сепак што не направи за ова дете, ама ако планирате со кола верувај ми дека подобро ќе биде да одиш отколку да го преседиш овде времето, следуваат горештини кои ич нема да ти бидат по воља летово, па одмор само ќе ти помогне
Јас би те советувала да си седиш дома да мируваш,да уживаш во бременоста а за одмор има време.Недај Боже,пак ке речам недај Боже да се случи нешто лошо,ке те јаде мислата да не отидев може немаше да се случи вака,требаше да си седам мирна.Ке се обвинуваш себеси.А убаво ти рекол гинекологот не си болна бремена си,можеш да патуваш,ама и самата кажа секој пат е стрес. Сепак најубаво е ти самата да одлучиш
Lori-30 и од мене исто така еден совет-да си седиш дома сега барем до 12 недела кога ќе се утврди дека е се во ред со бебчето, после тоа е малку полесно и за тебе и за многу др.работи. Ептен си на почеток, велиш 5 недела си, кризниот период е сега до 12 недела како што кажав, поуживкај си уште малку па после можеш да одиш и на долги патувања и да излегуваш и да се забавуваш, нема да си лишена од ништо, нормално во граници на нормалата да биде се. Ако е се во ред со бременоста и добиеш ОК од докторот после ич не му се секирај, шетај и прави се како и претходно шти си правиш. Јас така бев во цела бременост, не се замарав со ништо, многу бев подвижна, постојано во движење, ни еден ден не легнав ида речам оф не можам, ни еден единствен ден, замисли дури до последниот ден, час пред да се породам јас излегував, истата вечер бев излезена со друштво и се забавував и се зафркаваа дека ми по9мина терминот , а јас ни абер за пораѓање и ме урочија , истата вечер ме фатија болки и наредниот ден се породив. Ама немав никакви проблеми во текот на цела бременост, се си течеше во најдобар ред, како по книга. И на одмори бев и на море и на планина, се бањав во морето наутро и попладне кога немаше многу гужва. Затоа сега поседи си уште некоја недела и после
Lori гледам веќе сте одлучили да не одите на одмор, но јас мислам дека не би имала проблем. Јас во 4та недела патував од Германија за Македонија, а во 7+4 од Македонија за Германија и тоа со автобус. Среќа немав никакви проблеми. Но секое тело е различно и различно ги поднесува промените. Јас само што се вратив од преглед. Ме ставија на цтг и покажаа мали лажни контракции. Докторот рече додека се без болка не е страшно, но јас искрено малку се загрижив. Се надевам дека ќе биде се во ред. Е сега со сигурност е машко, ми даде докторот и слика за доказ. Многу е активен синко на мама, ако е таков и кога ќе се роди ќе биде интересно. Долги сме 25цм, а тешки 431гр. Свртено е со главата надолу, се надевам дека нема да му падне на ум да се заврти, иако како што е активен ништо чудно. А за килажата на мама no comments! Овој месец +3кг. Вие по колку кг месечно накачувате?
Месиња добри, гледам сите сте ми одговориле, и ви благодарам многу,ама мојата дилема е ресена, НЕ одиме засега никаде!!! Ако биде се во ред, ќе одиме мозеби кога ќе поминат првите три месеци, вака ја не би мозела да одам ни на лекар за да слуснам срцева реакција, заради одмор! одмори имало и ке има усте многу! инаку Ангел јас зивеам во странство, каде климата е сосема поинаква одколку кај нас на Балкан! Тука е ладно,и секој пат кога сум идела во Мкд ми доагало порано ради промена на клима! Второ патот е долг, лани одвај издрзавме па усте гузви не фатија, топло, нити клима помага а на автопат нема кај да одис стоис у место, и затоа велам дека секој пат е ризик и страв, а самиот страв предизвикува несвесно стрес! Нема рогови да истерам ако не отидам, и толку долго го чекав ова сите знаете, и сега да ризикувам, не дај бозе несто да ми биде ке се каам цел зивот! Така да драги мои узивајте во летово кој како знае, мозе и умее, и ве поздравувам сите, сто сте толку добри, прво прасање поставив во темава и одма сите сте ми одговориле многу ми значите и многу убаво се чувствувам со вас, Фала ви
Jas sum 12 nedela i vo petok ke go pravam prviot skrining vo Sistina. Ama denes bev na klinika kaj Samardziski zaradi cistata koja ja imam na desniot jajnik. I sum vo golema dilema dali da napravam operacija sega vo ovoj moment ili toa da bide za vreme na poroduvanjeto. Sega ako se operiram postoi rizik da si go zagubam bebusot koj tolku ubavo mrdase denes.....Zatoa ke rizikuvam do kraj pa ke vidime kako ke zavrsam!!! Inaku na odmor sum sledniot mesec koga ke bidam 16 nedela, a za patuvanje kako ke mi recat doktorite.... Vie sto mislite za mojot problem?