Оли до тогаш сигурно и сопругот ќе почне со работа, пошто се се враќа во нормала така да ... џабе. И јас размислував како тебе, ама мојов веќе почна на работа, состаноци, луѓе мора што да прави. Носи маска и тоа е тоа. Господ да не чува само си реков пошто првата недела само се расправавме, 300 филмови низ глава ко божем он беше крив што мораше да се врати на работа. И сватив џабе се замарам и се нервирам решив ич да не се замарам. Си почитувам мерки, ама неможам веќе психички почна да ми влијае лошо
@monka_bonbonka Мм има опција колку сака да работи од дома, тоа ич не ме загрижува, затоа сум раат. И состаноци и сè му е онлајн
Јас само да се надоврзам за стврдувањата на стомак, ако се јавуваат порано и не поминуваат. И јас во 20та недела имав такви стврднувања, и со зголемена доза на магнезиум не поминуваа. Среќа матичната ме прати на ЕМГ на матка и се покажаа појаки контракции. Добив совет за строго мирување, 2х утрогестан, дабростон, 2х магнезиум, брисеви. И за 2 месеци ми се намалија скроз. Значи доколку ина стврднувања и не пиминуваат подобро консултирајте се со гинеколог и доколку препорача направете си го прегледот
Јас да си прашам... Какви се тие стврднувања? Мене на моменти стомакот ми е тврд, на моменти мек зависи беба како се врти. Инаку во 16та недела на неколку пати осетив згрчување на матката ама од тогаш веќе не....
Буквално се стврднува целиот стомак и останува така, па пушта по некое време. Кога бебето мрда само на одредено место е така. Ова целиот стомак како да е здрвен и си мислиш кожата ќе пукне ако мрднеш. Барем кај мене е така.
Ако се краткотрајни,(мене цел стомак ми се стрвднуваше, камен тврд) не се страшни, тое се Бракстон хикс контракции и е нормално да се појават. Но, кај мене неколку дена траеја по многу долго време, пиев 2х магнезиум, ми пишаа тука членки и повеќе вода да пијам. Беше четврток - петок знам, и до понеделник ги имав премногу зачестени и подолго траеја. И ме прегледа гинекологот и рече на ехо е се ок, брисевите беа чисти, уринокултура чиста и ме прати на емг. Е таму покажа појаки контракции на матка. И со терапија и строго мирување, сеа точно не памтам, ама дали 2,5 или 3 месеци лежев, само до вц и на лекар станував, ми се намалија скроз. Е кога се такви зачестени и подолготрајни добро е да се направат брисеви, уринокултура и на крај емг на матка
Во Државна на Институт за физиологија. Не е ич страшно. Ти ставаат каиши како за цтг, само лежиш 10-15минути. За тоа време сестрата те прашува се за бременоста. Не треба само да мрдаш, си збориш, си лежиш. Ни болно ни страшно е
Јас веќе 2 недели сум нонстоп кај моите на село. И мама и тато и маж ми работат и немаат опција од дома да работат. Нонстоп сме ние 4ца заедно. Гости не им идат ниту пак тие одат, но на работа мора да одат. Внимаваат колку што можат, не се гушкаме, повеќе време сме во двор, но за јадење заедно јадеме. Од работа кога си идат се дезинфицираат, туш и тоа е. Маж ми одкога е почната состојбава е нонстоп на работа. Со маски и ракавици е, но работи со луѓе. Тоа е, не можам да бидам изолирана во зграда, тука ми е добро и не планирам да си одам подолг период. Нека не чува господ
И јас се испаничив пред некое време за ова, па бев на ЕМГ. ради ситуацијава во Систина правев и не покажа никакви контракции, рамна линија. Е ама стврднување продолжувам да си имам. И така сум на бед рест и појачан магнезиум и утрогестан ради скратен цервикс али пак не ми дава мир ова. Ти правеше ли контролно ЕМГ? Или ЦТГ се прави после 25та недела не знам. И зарем ако има контракции не даваат некоја друга терапија освен магнезиум и утрогестан? Јас читав за некои чепчиња и инекции И како подолго време ти траеа? Мене ми се чести ама па доста кратки.
Има чепчиња ама се користат само 3 и строго под контролаа на доктор, бидејќи мене така ми кажаа ја намалуваат плодовата вода. Јас на патолошка кога лежев примав и навистина прекинуваат кпнтракциии. Контракции а не само стврднување на стомак. Контракцииите траат подолго и болат. Немој на своја рака да ги користите чепчињата... мисла индометацин се викаа... не памтам точно
Не не, никако не се осмелувам ништо на своја рака. И се надевам дека ми се само Брекстон хикс, бидејќи не траат долго и не се болни, ама доста непријатни. Ме плаши кога ќе прочитам дека фатиле контракции на цтг, а не ги осеќале - доста честа прича. Се надевам немам и тоа.
Ако траат подолго тие прават проблем, отвараат инаку другите не се. Нормално убаво е да се контролира и консултација со доктор. Ама од искуство мое стврднувањето само не прави некој проблем, ама треба да следиш. Ако е контракција таа боли и цела те згрчува. Почнува од одназад и се шири нанапред и боли. Во секој случај поарно прашај доктор ако се сомневаш. Оти секпг праг на издржливост на болка е различен.
Вака, пример Беакстон хикс траат 5-10 минути (така читав). Кај мене траеја по 1 саат или повеќе. 4-5 дена секој ден и ќе траат по 1 саат а ако добри се сеќавам и повеќе. Мене освен Утрогестан 2х1,Дабростон, Магнезиум директ и до 3 пати на ден, строго мирување друга терапија не ми дадоа. Ама правев и брисев и уринокултура. Тие беа ок. Мене на цтг најрано ме ставија во 30та недела, а сестрите таму рекоа рано било бидејќи тогаш бебето е мало. Правев 3 или 4 контролни емг. Како одев на прегледи така се намалуваа контракциите. Но, строго бед рест, јадев лежејќи.
Normalno e vo 37 nedela da imam takvi stvrdnuvanja ? Za nekokku dena sum na 1vo ctg ,a sega mi se stvrdnuva stimakot odednas trae kratko i se vraka u normala no nekokku pati na den . Nemam bolki se e ok ,samo se stvrdnuva , i sto me mava beba malce posilno pa toa zaboluva ponekogas dali e ok ili da si odam porano na ctg
Јас мислам дека е нормално. Моите контракции се појавија во 20та недела, премногу рано. Еве може и некоја друга трудница ќе ти пише, ама јас еве имав такви стврднувања во 9ти па се породив 38+6.
Во 37ма веќе телото се спрема за раѓање, што значи сосема е нормално да имаш контракции. Бракстон хикс се твоите контракции и немаш причина за грижа.
Јас од денес ја почнав 36 недела и званично влегов во 9 месец Добро се чувствувам колку можам нели,бебињава си мрткаат Во четвртокот бев кај д-р Петрова во Систина и ме расположи искрено. Постелката почнала да зрее,двете бебиња си имаат водичка и што е најбитно не сум отворена доле. Ми направи и едно контролно цтг и се си беше во ред.За во среда се договоривме да се видиме пак.
Во право си. Јас кога стасав на лекар бев целосно отворена, а цела ноќ имав болки и мислев дека се лажни.