Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.802
    Пол:
    Женски
    А мора ли вистинските болки да почнуваат од позади? Или може само стомак да те боли?
     
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Може и само стомак. Мене не ме болело кичма.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.802
    Пол:
    Женски
    Ај да прашам подетално. Во вторник ми е терминот. Од попладнево осетив некои менструални болки на моменти беа и како бодежи. Поминаа и почна да ми се стврднува стомакот ама ме држи подолго време. Порано кога сум имала стврднувања брзо ме пуштало.
    И сеа не знам дали да очекувам нешто или си се спрема телото.
    Исто еднаш вака слично и од гасови ми беше :lol:
     
    На Butterfly1107 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  4. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Па обично така и изгледа контракција, само нема гасови. Кога ќе почне ако на промена на седење лежење не поминува тогаш е вистинска, ако помине само лажна или се спрема. Кај мене кога ќе фатеше кпнтракција ме парализираше и многу ме болеше, ама кај некој е полесно. Промени положба ако помине одма е лажна, ако стои стврднато тоа е тоа
     
    На Jana06 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  5. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Јас не ни знам што ме болеше. Нешто неопределено. Како што кажаа и другите напред кај стомакот како да ме стега некој со каиш, па почнав да имам нагони за во тоалет. Кога тргнавме за Ск, имав некој чуден притисок во кичмата. Не беше болка. А такви почетни менструални болки имав ден-два пред пораѓај.
     
    На Jana06 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Сеуште се лажни. Бодежите не се вистински контракции. Почнува со менструални болки, а вистинските се како јака менструална болка која те држи неколку секунди. Значи тапа болка, не е како сецнување или бодеж.
     
    На Jana06 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  7. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.981
    Допаѓања:
    18.897
    Пол:
    Женски
    И јас не бев сигурна дали ке знам кои болки се вистинските ама верувај ке знаеш. Имам болна менструација ама болка за раѓање не се споредува.
    Твоите болки се припремни, кај мене траеа недела дена а два дена пред пораѓај имав баш силни болки ама не беа регуларни и знаев дека не е време за болница.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.802
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите за одговорите. Јас реално и не сум имала болна менструација, па така и си опишав како менструални. Успеав по голема нужда да одам (нешто што ми е голем проблем последниов месец) и сега само го осеќам бебето дека си мрда. Стврднувањата се намалуваат. Ќе си чекам.
    А сите викаат ќе сфатиш кога ќе се вистинските болки ама ете има неколку случаеви што релативно лесно се породиле, па си викам може и јас ќе бидам така :D
     
    На Bebac, 0ли, Butterfly1107 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Јас на 30 април, значи 2 дена пред пораѓај нели се жалев, ама цела ноќ бев баш како со каиш стегната, бебе преташе и мн стегаше а и менструални болки начесто имав.Со пробокацијата пак, болките беа далеку посилни...ајде со лесно:)
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.802
    Пол:
    Женски
    Ме израдува сега :) Баш денеска му викам на мм Абе може послушно дете ќе си имаме, кажаа кога е терминот и ќе си биде точно на време :D Ќе видиме ајде, веќе како сом се осеќам :D
     
    На Maja92@, Talesia, eliii89 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    5.571
    Да си поминеш со лесно мила, ситно броиш:) кажи ми како си задоволна од Гордана, и јас одам кај неа ама многу и се кратки прегледите, некако све набрзина? И дали ти стои на располагање да дојде од дома во случај да те фатат болки или не сте разговарале уште?
     
    На Филотеа му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vanj4e

    Vanj4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 септември 2018
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    20.403
    Пол:
    Женски
    Ептен сум задоволна,прегледите да кратки и се ама би рекла ефикасни гледа тоа што треба.Многу е позитивна а на секоја од нас тоа и треба нели?
    За доаѓање ми рече дека ќе дојде достапна е во секој момент и ако не стигнеш да и се јавиш од ургентен ја бараат
     
    На Moce19, Sexybaby86, Филотеа и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. monka_bonbonka

    monka_bonbonka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2017
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.016
    Пол:
    Женски
    Тоа е друго и е супер :), си помислив дека заради меркиве работи од дома.
     
  14. monka_bonbonka

    monka_bonbonka Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2017
    Пораки:
    1.869
    Допаѓања:
    4.016
    Пол:
    Женски
    Дечки пробав да се контролирам, ама неможам. Станувам многу загрижена. Вчера како што си лежев ме фати јак грч во стомак кој траеше 1 мин. Престана и се беше во ред, како ништо да немало.
    Си легнав вечерта, ретко се случува ама одма сум заспала. Во текот на ноќта од спиење ме разбуди болка која почнува лево доле и се шири накај кичма/бубрег. Еве втор ден ја имам болката, константна е и на моменти како послаба, а на моменти многу јака. Исто така стомаков го осеќам како полн со вода, односно како да сум трчала 15 км и сум се препила вода и како да ми тежи и боли од тоа, и како да се припрема за гасови, а не доаѓаат гасови и се движам дури наведната:sweat: инаку редовна столица имам немам проблем со тоа. Исто така прв пат ми се случи денес да стомакот ми се изобличува, чувство како двете бебиња да се едно врз друго ( пошто сум со две нели ) и фактички едната страна ми е испакната, а другата дури навнатре ама тоа осеќам дека кога се вртат и мрдаат. Дали се тие тие стврднувања и лажни контракции незнам??
    Му пишав на др уште вчера дали да одам некој да ме види, ми рече доколку болките се издржливи да почекам за до понеделник да ме види лично он и да одам да направам ехо на бубрези. Прва бременост ми е и незнам кои болки се толерираат а кои не. До завчера си бев супер, си се движев, едноставно си функционкрав нормално .. но сега веќе не и сум преисплашена.
    Ќе ви кажам како сум прошла на преглед секако, но до тогаш некоја поискусна ако може да сподели искуство би било океј.
    И да напоменам полошо ми е кога лежам ми се грчи цел стомак отколку кога седам. 26+4 сум.
    Извинете најмногу за долгиов пост
     
    Последна измена: 4 мај 2020
    На tina2018, Masnickaaa, Thallia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. lovely12

    lovely12 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2012
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    1.099
    Пол:
    Женски
    Да пробаш да легнеш на лева страна, поголем простор добиваат... и белким некоја со близнаци ќе каже нешто искуство. Јас така сум постојано како оптегната
     
    На monka_bonbonka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anaouou

    Anaouou Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2014
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    2.272
    Да прашаам јас почнав да имам проблеми наутро кога се будам т.е около 4,5 часот некакви болки долу во нозе под колена а гледам и модринки што највероватно се капилари а за болки еве два дена како осеќам во тој предел ? Пијам магнезиум и премама само иначе за два дена влегуваме во 24 та недела .
    Некој совет иначе на крвна слика ми излезе слабокрвна ама не стигнав да отидам до матичен можеби нешто ќе треба и да пијам .
     
  17. kjofti4

    kjofti4 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    3.584
    Лее и јас имам вакви стврднувања посебно послем ручек ми се јавуват и мислам кожата од стомако ќе испука и ми трае околу 1-2часа. Јас мислев е нормално, значи да си посетам гиниколог неделава
     
  18. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Пиши како си. На лева страна позади и јас знам да имам болка, посебно кога бебето е таму. А напред каде точно? Лево над папукот?
     
    На monka_bonbonka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    5.195
    Пол:
    Женски
    Неможам да се контролорам хормониве ми се до небо болки имам јакички како менструални цела ноќ не сум заспана салам ме разбудуваа од сон...Свеки која инаку ми кука дека со другата снаа одела на прегледи и контроли одоколу ми кажуба дека никаде не ја носам и нема ни да ја носам си одам со мм...јас се думам дали да се спремам и да одам на болница таа ќе го чувала внукот оти на господата му текна да се шетаат скопје денеска...ме лути шо мм ќе треба сам да дреми по ходници оти незе и е незгодно да ги одбија...со глупости се замарам ама хормони тоа е..:D
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Andra

    Andra Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Болки ќе имаш константно заради тежина,јас од кај 7 месец грчеви,стегање ,болки половина и грб ни да седиш ни да лежиш,болки во препони,како стегање,кога ќе се вртев од лева на десна страна при лежење како со буре да се вртев такво чуство и се е нормално ми викаше докторот и затоа на крај јас не ги препознав контракциите :).
    Најважно е не паничи со близнаци си , и ништо не е нормално.За секоја промена оди почесто на ехо за да не паничиш.