Иста бев и јас, затоа ја прашав. Јас мислев дека бебето бутка со нешто, кога отидов на пораѓај имаше вајда девојче на обука и ми се направи така и баш таа што ме спремаше и рече:Ете гледај ова е контракција. А јас појма немав.
Денес бев на контрола, бебе е супер, свртена карлично,напредна е машала, па најверојатно ке се роди и малку порано. Почеток на јуни ќе одам да се видам со докторката во државна што ќе ме породи, па можеби и ќе дефинираме дата. Друго, утре треба да испитувам д-димери па дали знаете од колку работи Трансфузиона медицина во Државна? Да одам порано може ќе имам среќа да нема гужва...
Почнаа ли со работа знам само дека 8 септември трансфузиологија работеше. Од 8.30 до 19.30 за крв зимање.
На Трансфузиологија мене ме вратија иако имав упат и термин на 13.04.Потоа бев и на 23 демек договорена со др.Јани пошто беше дежурен дента,ама испадна дека имале забрана за прием на пациенти па за џабе отидов,не ме прими. Ако одиш баш пиши што си направила.
@monka_bonbonka ,и јас сум трудна со близнаци,36 недела сум и цело време имам болки што и нормално е имаш две бебенца во гарсоњеричка Само одмор повеќе и све ќе си биде ко што треба. Мене ме плашеа дека големки од предвремено породување,па еве истерав без проблем влегов во 9 месец ,немам примано ни од инекциите за зреење на бели дробови. Само убава мисла и со лесноооооо
Јас бев на 6 април ме примија. Ќе одам утре и се надевам дека нема да ме вратат зошто страшно ќе се изнервирам. Ако не примаат треба воопшто да не даваат и упати. Ќе ве известам што сум направила.
Поима немам. Со првото не ме праќале да испитувам,сега испитувам секој месец можеби дека претходно имав спонтан, а и имав крварења.
Оффф дечки око немам склопено од 1 до 5 имав грчеви на секои 10 мин. Како да ми се оди во вц, а не ми се оди. Се грчи цел стомак и јајници држи 1 мин, па пушта незнам крв немав во мене се преплашив. Го разбудив сопругот дремевме се мислевме што да правиме, и на крај му реков ќе издржам до кај 7,8 ваљда па ќе одиме. Во 8 кога почна да ме буди а само што сум заспала немав грчеви само болки тапи во јајници. Не отидов нигде сабајлево сега во 2 сум на ехо на бубрези па во 3 кај мојот доктор. Многу ми е страв, се молам да не се контракции барем уште еден месец да издржат во четврток влагам во 7ми, прерано е. Фала на сите што ми пишавте
Мене матичната ни упат ми издаде рече не работеле и не примале Јас немам испитано матичната чекаше за на трансфузија и не примаат ,а докторите што ме пратат на гак рекоа ме следат сега за сега немало потреба,ако треба тогаш
Не се замарај со глупости, битно е што можеби почнало кај тебе, кај и да е ке си го видиш бебуш. Кај мене абер нема, само ме плашат провокации ич не би сакала, ама ќе видиме до среда.
@lavinija28 @Veki4kaa Како сте мајки? Не сте веќе за во оваа тема ама ајде викам да не пишувам посебно на двете. Кога си одите дома? Млекце дојде? Тие малите сонциња со вас се цело време? Гушки
Јас полека закрепнувам од царскиот, досега бебуш беше тука Млеко немам уште, викаат со царски подоцна идело..ама немам и убави брадавици, треба да ги тегнам/стумулирам па ќе видиме. Одвај чекам да си одиме домче, да си се погодиме Ти како си? Ајде уште малку и ќе се гушкаш со бебче
Мене не ми рече др, кога ја прашав рече давала само каде има потреба. Сепак , секој доктор различно како секоја трудница...
Јас бев на цтг и вагинално ме прегледа не сум отворена болките се затоа што се спремала матката за пораѓај...иначе после прегледот ми падна чепот ппстирав тука ама ја избришав сликата грозно е за гледање а незнам да ја додавам во спојлер па ако сака некој да знае како изгледа ќе му ја пратам..[/QUOTE]
@babyboy1 Стегни на тоа иконче со линиите, ќе се појави ова паѓачко мени и оди на Спојлер. Потоа наслов на спојлерот ќе му дадеш на пример ,,чеп" и следи понатаму што се бара, оди веднаш на ,,прикачи фајл". Кога ќе ја закачиш сликата, ќе дојде името на сликата меѓу спијлер во големи загради. Вака ќе дојде само на латиница: [спојлер]сликата[/спојлер]
Алишааан е труднааааа, јееееееее.... Многу ме израдува мила, мнооооогу.... слабо сум активна на бившиве теми, т.е ич не сум, бидејќи сум на теми Дете...и еве, викам да видам како е стара гарда и ооооп убавини.... јуху, со лесно милааааа... те гушкаааам