Даа драга, од утре 18та полна недела, си минува времето брзо и јас сум сеуште како во сон, мешето ме потсетува дека реалност е ова те поздравувам многу, куклите ваши си растат ли, како се? Гушки до вас
ааааааааа лелеееееее, доаѓај ваму и ти да те гмечаааам од гушкањеееее ( п.с неам корона ) ... лелеее царица еј, абе бравОооооо... е стварно се наполнив со позитива, пукаааам
Фала оли ама не ја ставам грозна е има на нет слики ако сака некој да види како изгледа...а и крај краева не е толку битен чепот денови можи да поминеле пред да почни процесот така ми рече докторот..
Завчера наполнија годинка кај и да е, чекаме проодување Сега веќе се моми, не се бебушки, разбираат, се припитомени, малце троа разгалени ама шо да праиме Знам дека не ти се верува мила, јас уште не можам да поверувам дека сум мајка, дали дека со обврски нонстоп, тек па кај мене како лета времево, и да, во карантин скоро две години, ќе побудалам а тек уште 3 месеци имам Ем весело ем напорно...ама ќе издржиме, уште малце, викаат првата година најтешко после веќе има некаков ред ... ти добра ли си, се е во ред така??? со контроли како во овие времиња никакви?
Само што се вратив од вториот скрининг кој траеше „цели 17 минути„ кај др.Елена Петрова во Ремедика. Искрено за 4.400 денари очекував најмалку 30 минути, во првата бременост кај Др. Димчев мислам ми траеше некаде околу 40 минути?!
Ме изненади ова, обично по минимум 30 мин траат скрининзите во Ремедика. За Систина е посвојствено 15 мин.
И јас се изненадив, инаку све рече дека е ОК, само што на срцето виде некоја мала дупка која што рече во 90% од случаите само се затвара некаде околу 32-34 недела (на наодот пишува: мал дефект ВСД и се следи септоаортален и митроаортален континуитет). Малку се загрижив но рече дека нема простор за загриженост, но не ми спомна дали треба повторен скрининг и јас пак како занемив и не прашав ништо околу тоа. Искуства?!
Требало да закажеш кај Симонида. 45 минути ми траеше скринингот. Обично ехо кога ми прави не е под 20 минути. Ако ти е мисла за срценцето, закажи си кај докторот од Систина што е експерт во таа област.
Елена е најдобрата за скрининзи, ти гарантирам дека видела се што треба да види. Беше на одмор, сигурно има гужва и затоа побрзо те видела. Ако му веруваш на лекарот, биди мирна. Мене може и два дена да ме гледа доктор кој мислам дека не е стручен и џабе, нема да спијам мирно.
Јас искрено би ти ја препорачала Адамова во Санте, исто ме исплашија вака како тебе, отидов кај адамова една пријателка ми ја препорача и стварно сум презадоволна, детален преглед кој траеше и повеќе од 40минути.
Девојки, дали некоја од вас сега брзо носела брисеви во државна или пролеќе, и дали знаете дали е со мој термин или само упат?
Чисто информативно. Ми поминаа прегледите. Бубрезите добри, не е од нив. На ехо навидум се во ред, цервикс ист како пред 5 недели 3.3, пх вредност добра. Брисеви не ми зема, немало потреба, уринокултура чиста. Ми зголеми доза магнезиум и б6. Пијам 5-6 дена тотхема ампули ударна доза 2x2 ради железото, ми рече да ги прекинам бидејќи можда се од нив грчевите, правеле проблем со цревата као. Незнам, се надевам дека е така, и ќе се молам да е тоа . Да мирувам повеќе и да продолжам со утрогестанот 1x200. За 2 недели на контрола. За зреење уште било рано рече. @maremaca29 да кај димитров сум. Оние што примиле Рогам дали може да се прими крај на 28ма недела дали знаете или почеток на 29та?
Ха ха јас кај Гордана во Систина дали и 5минути траеше скринингот, ти супер си прошла. Шала на страна времето што ќе те гледа доктор на ехо не сметам дека е репер дека ке ти каже којзнае што. Битно е да е добро. Инаку со прва бременост кај Димчев исто, едвај 10 мин.
Девојки, како е за скрининг во Ремедика во последно, ги пуштаат ли мажите? Четврток сум, сопругот многу сака да дојде па да знае дали да излегува од работа, или да си одам сама. И дали во лабораторијата може да се направат некои испитувања или само ако доктор од таму наложи? @Jana06 со лесно ако почнал процесот, чекаме да пишеш
@Ressana и прва и втора бременост кај Димчев на скрининзи по 15мин само бев :/ вториов пат баш искоментирав дека кратко,и ми рече демек чим се е во ред тоа е тоа Иначе трудници што мислите дали нареднава недела ако почнат со работа повеќе фирми,дали ќе не вратат и нас трудниците на работа одма? Тие што не сме на трудничко
Не пуштаат придружба за никаков преглед. Иначе, лежам и се мислам што да правам, имам некои слаби болки. Некако не ми е време.