Мене со првата бременост така на бришење видов крв брзо ми падна чепот беше накај 16:30, отидовме веднаш во болница на цтг лудница ја ништо не чувствував. Докторката ми рече има време до сабајле ќе биде,море кога ме фатија болки,во 20:30 ми пукна водењак сите болки престанаа и во 21:00 ми се роди принцезата моја. Тоа за тогаш сега не знам со двеве што ме чека Само со лесно нека е
Добро, тоа ме интересираше значи сепак чепот би бил, мислев да не е нешто лошо, па да одам одма. Убаво ми е вака си се мазиме со мажето и си чекаме
Јас кај димчев со близнаци па 10 мин ме гледаше само. Ваљда како ќе им текне. Не се важни минутите, важно е да видат тоа што треба да видат. Денес бев. Двајца не пуштаат ни под разно, и добро што е така. Лабаратотијата работи само за нивни пациенти со упат од доктор. Елена Петрова во Ремедика е вратена да знаете, инфо за тие што прашуваа.
Sakav da ti predlozam na viber na go kosultiras za toa sto ti se slucuvase,no ete veke si bila na pregled.Lezi,odmaj,slusaj gi doktorite pa so gospod napred ke bide se vo red.
Болки имав драга. Вчера на 10 минути грчеви во стомакот, 3 саати траеа и престанаа.. сега од време на време знае да ме засече ама не како вчера..бев прееска на преглед Во ред е се навидум. Ми ги тргна тотхемата што ги пиев задњиве 5 дена за железото мисли од тоа ми се грчевите. Цервикс океј, пх океј, урина океј. За зреење вика рано е. За 2 недели на контрола.
Имала ли "проблем" некоја со низок и споен притисок? Цело време ми е горниот околу 80, а доле околу 50 ми се врткаше, денес се покачил 68 доле, а горе 82! Најтрагично е што немам никакви симптоми, освен што на моменти ми се потсвртува и сите доктори што ќе ги прашам ми викаат дека подобро така, него ли висок демек, ама мене ми е страв сепак, да не припаднам негде. И црн чај пијам и џабе! Долниот може да се потпокачи, горе си стои низок.
Какво зреење , рано ти е... Тек у четврток влагаме во 27ма... Јас со Константин имав "проблем" со бубрезите. Он цело време ми беше со главчето лево, ноџињата десно и се во десен бубрег ме маваше. Ама немав болки никакви, само ми рекоа дека застој мал имам на бубрегот, као не прочистува убаво од бебето, ама сакаа да ме пратат некое црефце на живо да ми стават за убав проток да имало. Толку ме исплашија оти мн болело тоа, се правело по правило со анестезија, ама пошо ја бремена морало без, па си отидов кај Џикова на второ мислење и испадна дека и не морам. Затоа те прашав. Ако треба нешто пиши слободно. Поради ваков притисок низок нормален ми е 90/60 па исто знае вака некад да направи, ми е препорачано да конзумирам поготово сега дека стоплува кока кола од 0,5 оти регулира и јас и првата бременост и сега пијам (не дека им требаше да ме убедат многу. )
Џабе. И кока кола и црн чај и кафе некогаш... 90 горниот кога ќе се качи, веќе рачунам дека сум опраена. А еднаш меревме со другарка и она од памет се извади, се чудеше како воопшто циркулирам со тој притисок. Долниот ми беше 45. Затоа откуцаи појше имам, околу 80 најчесто, греотка срцето да надокнади сака.
Имаш правено муабет со доктор за ова? Исконсултирај си се онака да видиш,мада мене секогаш ми викале подобро понизок дека срцето работи поспоро и не се замара, ама пак прашај си.
Nosev proslata nedela so upat obicen vo prolece rez za dva dena ,a na mikro na klinika bilo so zakazuvanje ,bo prolece ne se zakazuva
Свежа крв е или кафена? Мене ме предупредија на било какво крварење да одам..освен акп е чепот тогаш не морам...чепот кај мене падна денес и е со темно кафена боја со црвени конци низ него...бојава била ваква демек од зрела плацента..иначе бев на црг вечерва и си добив систем за да се разбуди бебка и ми отворија историја ама ме пуштија дома...иначе болкиве се прејаки ама дека се како менструални и не ги покажува на цтг не биле контракции и сега си чекам дома
Да, да. Истото ми го рекле. А тоа што имам повеќе откуцаи, било за да надокнадело срцето за притисокот демек. Мада мене пак ми е шубе од самата помисла на притисокот.
@Jana06 истото ќе го кажев што и @babyboy1 ако е чиста црвена крв, тогаш да одиш на преглед, да не чекаш.
Не е кафеава, црвена е ама не само крв туку измешано со проѕирен секрет. Ајде се спремам и одам. Фала ви