Ај да се пријавам, и вака и така лежам Си трпев болки херојски, мислев којзнае колку брзо се отварам. До 6h сабајле ми беа на 5 мин и кога доаѓа докторот, ме прегледува и вика уште си 1цм,ич не си се отворила. Е викам штом така давајте епидурална да не се мачам. Епидуралната непријатна ама спас е. И ми дојде сега мојот доктор, ми рече до пладне ако не почнам да се отворам идеме на царски. Да знаев одма да си закажам. Иначе, за болките само додека траат е страшно и кога поминува си викаш, па добро не беше страшно и така до следната Само смирено и дишете. И фала ви на сите што пишавте, стварно сте срцки
Др. Ефремовски. Дежурен беше др. Стојковски и он ми се засвиѓа ептен. Иначе, одам на царски за еден саат Баш сакав природно ама ни пола сантим не сум отворена од синоќа... Не знам што да направам, ноќеска шетав правев вежби и ништо. Ќе мора вака...
И јас бев така со првото прокрварев, болки имав машала ама ниту се отварав ниту се спушти и завршив на царски. Подобро така
Вчера во коментарите за испитување дидимери на трансфузилогија имаше коментари дека враќале трудници, јас денес бев со упат итен што важи 24 часа ме примија. Имаше и други трудници никого не вратија, чисто да си знаете ако треба да испитувате. И работат од 9 до 13 да не отидете како мене во 7 и пол
Немај гајле, има трудници што и без компликации одат на царски. Не се плаши. Наскоро ќе се гушкаш со бебка, тоа е најважно
Со лесно. Сакав и јас природно, ама требало царски да излезе синко. Еве скоро 10 месеци подоцна ко ништо да не било. Со лесно
Со лесно Јана, Др. Јане е топ. Ми беше гинеколог 6 години, се додека не почнав со инсеминации, инвитра и тако даље. Ајдееее како и да е, те чекамеее
А зошто не провокации? Во која болница е ова? Малце се напињам со нашиве докторчиња и нивниот царски. Како и да е, лесно да поминеш!