Втората бременост во која недела почнавте да го чуствувате бебео? За првата ептен доцна го почуствував 20та недела,може и некоја плус беше...
@babyboy1 Честитки мајка, да е живо и здраво синчето, цел живот само радости да носи Мене ме породија царски во 12h, се е во ред, бебушка голем машала. Само ми е криво ради ова со короната не ми дозволија да го гушнам. Чекаме резултати од брис од Жан Митрев и ќе ми го донесат. Ви посакувам лесен пораѓај на сите мамички, само бидете си опуштени. @Kitten не знам зашто без провокации. Во Ремедика сум. Имав огромни болки над 100 беа, а не успеав да се отворам ни пола сантим за 14 саати. Така одлучи докторот и среќа зашто цел модар се роди со папочната околу врат и доста големо бебе е
Ми рекоа до вечер ако е негативен ќе ми го донесат. Ни со маска не ми го дадоа. А правев брис пред 3 недели ама дека е 'одамна' не се важеше и посебен протокол си имаше болницата за пациент како мене без резултат. Од една страна ги почитувам, од друга сакам да станам и да си го земам
Ме расплака Плачка сум станала очигледно Ајде ќе си го гушкаш вечерва Одмарај, собирај сила и вечерва ќе му се наситиш
Мене некоја трема ме фати што ве читам ама позитивна Јас уште малку ќе треба две сонца да гушнам.Мене стомаков цела ноќ ме болеше така тапо тек сабајле сум заспала. Јас утре имам договорено цтг и нешто лабораторија ми спомена д-р Гордана. Ќе видиме што ќе ми кажат утре ко на шилци сум
Со првата бременост и јас доцна почнав да чувствувам движења, после 20-та недела. Со оваа од 18-та почнав да осеќам нежни движење, се уште не се ептен чести но ги осеќам.
@Jana06 и @babyboy1 честитки! Да се живи и здрави, а и вие со нив! Уживајте во мајчинството Моето мрчење за нашиве докторчиња и нивните протоколи ќе ги задржам за друг пат или некоја друга тема
Девојкии бев денес на преглед , 25+3 сум , рече докторот се е ок, и цервикс добар ама не кажа колку е , на сликичкава дали пишува ?
Пишува за цервиксот долу во десниот ќош. Цервиксот 3,99 е. Вагинално или абдоминално ти мереа? Најверодостојно е вагинално. Едит: Погоре нешто пишува 3,50
@Jana06 @babyboy1 живи и здрави да ви се јуначињата Ние од денес 22 недела почнуваме. Утре на втор скрининг почнав веќе ептен на трудница да личам, наеднаш ми скокна стомакот. Го осеќам веќе убаво, ама ко ќе јадам само Него, што користите за брадавици? Исушена ми е кожата, чешаат и имам како жолти гурелки.
Само така ти се чини... Пребрзо минува времето, јас се чудам кога стигнав до 33та недела, а мислам како вчера да беше тестот кога го правев... Јас се чувствувам како да имам уште многу време, не сум размислила ни каде ќе се пораѓам
Женски, пишувам овде само ај поискусните кажете ми во која тема треба-ми надојде млеко, кренав тт , се молзам, ставам зелка-некое друго чаре???
Бебе на таа града што ти прави проблем, ако има таква. Јас на почетокот добив тт од млекото, после мастит на едната града. Ништо, бебе да цица почесто, домолзувај ако се преполниш и ставај топли облоги на градите. Јас шише со топла вода ставав, тетра стоплена не ми вршеше работа. Да е живо и здраво бебето! Едит: и топол туш со масажи на гради
И јас бев така, со тт вели време се додека не почнав да се одмолзувам. Под туш со жешка вода да ти се отвараат каналите и полесно да испаѓа млекото а навечер спиев на грб со лист од зелка на градите. Само се сеќавам еднаш качив 40тт и ми ги ставија нозете во летен со ладна вода и ме ладеа со крпи. Ќе се среди само не е оставај со млеко, така е напочетокот, после ќе е регулира
Мешиња, јас денеска бев на втор скрининг во Ремедика, кај д-р Петрова. Искрено јас сум многу задоволна од докторката, се виде детално, а прегледот не траеше долго. Се што ја прашав, ми објасни. Доста пријатна и отворена за комуникација.
Најдобро е ако може бебето да цица, одма ќе ти олесни. Ако уште неможе, молзење редовно, листови зелка и мене ладни облоги навечер ми помагаа. Малце морав и течности да намалам зошто ќе експлодирав.
@babyboy1 @Jana06 Честитки колешки, баш ми е драго за вас, се надевам лесно поминавте. И јас наскоро ќе ви се придружам, ме примија во Чаир поради надминатиов термин, а бебуш абер нема. Само ми е страв од тие провокации ама ај ќе се издржи.