Здраво девојки, вчера тестот се покажа позитивен и според пресметките сум почеток на 4 недела. Не живеам во Македонија и се јавив денес да закажам за преглед но ми закажаа тек за 1 јуни прв преглед преку телефон заради ситуацијава.Дали е тоа касно за прв преглед или сосема нормално и што освен фолна киселина би требало да земам во меѓувреме? Имајте убав ден
Не е доцна воопшто, таман на време е. 6та 7ма недела најрано за срцева акција. Со лесно Едит: Фолна е сосем доволно засега.
Знам каква е нетрпеливоста но и отидеш сега ќе видат само сакус и за срцева акција повторно ќе треба да чекаш до тогаш. Ќе пројде брзо. Симни си апликација за бременост во меѓувреме, и читај си како напредувате од недела во недела
Здраво девојки, пијам по еден магнезиум сабајле на гладно, но осеќам нервоза, напнатост. Претходно пијав б6 на сабајле и на вечер и се осеќав поубаво, ама матичнта ми пиша магнезиум. Е сега да прашам дали можам да се напијам и б6 или е премногу? (31ва недела сум)
Јас пијам секое утро и секоја вечер Б6 (од 20мг) и магнезиум (од 250мг) , и од двете по 1 таблета. Не верувам дека би ми сметало, во дозволиви граници е.
Да ве прашам дали некоја се соочила со мокри гаќи, ама не е ниту бело прање ниту мокрача, буквално како вода без мирис? Денес цел ден како да ми тече вода, маж ми вика се потиш што не е можно. Инаку 17недела сум.
Нема страв Кога веќе дошол моментот сфаќаме колку сме храбри. Гледаш @babyboy1 ептен брзо се отворила со провокации. Ќе издржиш, диши само и те чекаме да пишеш Мене ми го донесоа накај 20h, леле гушкање, сакање, трткање со газето уште сега го мачат грчеви, па ќе се олесни и се смее. Сонце мало Три саати не им го вратив, дојде сестрата рече сме претерале денеска со љубов, мама треба да се одмори И така, I am out одам да поспијам колку можам. Ве гушкам сите
Леле ама ме буниш со аватарот,се сецкам да не сум пишала пак да сум трудна Референтни вредности има? Вака ми изгледа хемоглобин на долна граница,серумско таман Но внимавај,јас после 7ми месец, некаде 8ми накај 9ти пиев Тотхема,тогаш нагло ми опадна железото.
Хахаха леле стварно слични ни се реф. 120-170 хемоглобин, пред еден месец ми беше 117 сега 110, морам преку исхрана да пробам, нешто ефикасно да имаш испробано освен Тотхема.
Реферум таблети, се џвакаат. На почетокот малку ми падна железото,4ти месец негде, тие ми помогнаа. После во 7ми кога ми падна, пак ги конзумирав еден месец ама не ми помогнаа. На крај со тотхемата се среди, испив една паковка. Многу е важно покрај лекот за железо да пиеш и витамин ц од 1000мг за да се апсорбира во организмот железото.
Фала многу за советот мила се надевам нема да паѓа многу со храна ке се обидам да регулирам до следна проверка, сега за сега ништо не ми даваат ни коментираат,јас и така витамин Ц пијам од 500 секој ден сега повеќе ке внимавам на храната да е богата со железо.
Девојки здраво. 39+5 сум и од вчера имам болки во долниот дел на стомакот како за менструација. Сношти ги имав неколку часа, денес во текот на денот не и вечерва ги имам пак со тоа што се посилни, не се страшни се издржуваат но се јавуваат на 5 мин и траат по околу 40тина секунди. Дали се тоа вистинските??
Здраво, може веќе си се олеснила. Би требало да се вистинските само алал да ти е на нога ако ги издржуваш тие на 5мин. Ако веќе не си отишла на доктор јас би идела веднаш зашто процесот веројатно си почнал. Со лесно.
Појдов вистинските биле сега сум 6цм отворена. А болките се исто чести само што не се мн силни. Веројатно ќе е пострашно бидејќи овие не ги регистрира на цтг. Ајде само си велам со лесно да помини и да се галиме со бебето ❤️❤️ сега за сега не е многу страшно.