Пред првиот пораѓај читав студија дека тие со провокација најчесто завршуваат на царски. Ако добро се сеќавам, телото се спрема за пораѓај, ама не и бебето. Кај мене така беше. Јас се отворив комплет, ама бебе остана високо и никако не ротираше да влезе во канал. Почна да губи тонови, носев маска кислородна, башка џабе епидуралот кој не ми фати од едната страна... Така да џабе и провокации и болки и се. Да знаев дека така ќе биде, ни сек немаше да мислам за царски. И воопшто не им е полесно царски на докторите.
Честитки, имај лесна бременост. Фолна обавезно, веќе ти пишале,а можеш и магнезиум поготово ако имаш болки во доле во стомакот кои се нормални во рана бременост па и понатака. Некои трудници пијат и мултивитамини за прво тромесечие.
Јас се тешев со тоа што колку посилни болки толку побрзо ќе заврши и ќе си го видам бебушко...и цело време само шетав на ептен јаките болки се мијав со вода и потклекнував така ми поминуваше...
Не се плаши и јас бев со провокации за 4 саати од врв на прст стигнав до 10см со 4-5 напони и едно сецкање(не боли ич не го ни сетив) излезе бебушка...И мене ми беше многу страв од провокациите..да не не почнам да се отварам и да завршам на царски..ама фала богу се лесно помина
Си добив и јас преглед со рака Непријатен е прегледот, но болка немав. Еден прст сум отворена, омекнато е грлото, но е 2 cm. ЦТГ мирно, нема контракции, а јас од пред некој ден почнав да осеќам менструални болки. Бебето е наместено со главчето надолу и притиска, го осеќам и некогаш баш онака боли. Рано е.
Уфффф се испревозбудив и наежив како треба-така ќе биде. Само смирено мила, без нервози. Моја блиска беше 2см цели 2 недели така, па се породи. Не беше веднаш пораѓајот, исто првородка
И јас не го доживеав како болен прегледот со рака,што знам може дека од жена беше. Немај гајле јас со омекнато грло 2цм отворена се шетав од 34та до 37ма недела. Ке си седи синко. Не за друго термин му е на твоево на мојот роденден. Кај ке се порајѓаш.?
Од денес официјално 9 месец, 36 недела ! Во понеделникот докторот ми рече прво ЦТГ за 10 дена. Се слушнав со докторката од Штип ми рече веднаш штом завршам кај матичниот да се преселам во Штип и да и препуштам се на нејзе. Едвај чекам луѓе. Едвај чекам. Од денес ќе почнам да правам полесни вежби некои, и ќе отидам до некој физиотерапевт да ми ја наместат ногата, едвај се движам, а докторите сите кажаа да почнам со поактивно пешачење.
Феминки, кафеавиот исцедок не престанува, а богами ни болките. Поготово вчера бев катастрофа, не можев да стојам на нозе, осеќав како игли да ме боцкаат под стомакот, скрос доле...Поминаа еве 10 дена како излегов од Чаир, и скоро една недела од скринингот... Не знам дали има простор да сум волку загрижена или ќе престане ова...Терапијата ја земам редовно. Дали ова има врска со постелката што ми е ниско или појма немам..14 недела сум.
Чест е кафеавиот исцедок, и разни болки низ бременоста ама за толку силни да не можеш да стои на нозе јас би се јавила на лекар. Не верувам да е до постелката.
A ti kazaa li od sto bilo krvarenjeto? Obicno ako e kafeavo ne e strasno ama ako tolku mnogu imas bolki javi se na lekar.
И јас кога го прашував докторот мо кажа силни болки дека не се нормални туку само менструалните ...не ги замемарувај најдобро е одма на лекар
И јас имав ниско поставена постелка во почетокот на бременоста, ама немав ни болки, ни крварење, затоа мислам дека треба да одиш до болница. Веќе две недели си со болки и сукрвица, настојувај да се потрудат да видат и да ти кажат што е проблемот, постелка ли, миом ли, мислам дека ако знаеш оти причината не е ништо страшно, ќе ја доживуваш и болката полесно и без стрес. Исто така, мислам дека ако беше нешто сериозно досега ќе се познаеше, ама сепак оди до болница и молим те јавувај ни и нам.
Денес се мерев. Веќе 27ма недела и поправена само 3кг.А многу се плашев. Е сега, оваа бременост ја почнав здебелена.. Се надевам дека до крајот нема да качам многу иако знам дека допрва доаѓа тој период
Мислев рано во однос на грлото и на мирното ЦТГ Кога сака нека доаѓа, секако е и една недела понапред. Јас сум упрпана, возбудена, но и спремна