Ваму е се О Натурел. Доколку има можност да испукаш, те оставаат сама Спојлер да се расцепиш,уф зборов мизерија али нема подобар. Они интервенираат во екстрема случаи
Мене од сабајлево ми почнаа болките на по 10 минутки и уште ги имам, ама не се многу јаки.. ваљда понатаму ќе зачестат и ќе бидат појаки.. мислев дека побрзо ќе се одвива ова со болкиве
ајде со лесно на сите шо си чекате за брзо да го видите бебенцето па да не израдувате после п.с мислам дека ни треба една тема породилни приказни, за веке породените мамички да ни го раскажат своето искуство, а нормално и другите можеме да ги раскажеме приказните на нашите блиски
Ееее да ти кажам од кога размислувам за таква тема, ама гледам дека како се пораѓаат овие мамичките после ги снемува, па изгубив надеж дека ќе ни раскажат што не чека
ххе ајде може ке се вратат за брзо па ке ни раскажат или пак некоја која веке има поголемко бебенце и е послободна ке ни каже како си поминала
Има таква тема, па може да прочитате некое искуство bremenost/opisete-go-denot-na-vaseto-poroduvanje-t13991/
денес бев на контрола и супер си е душичето , имаме уште една контрола до големиот ден . Kит со лено да поминеш мила мислам дека е најбитно да не се паничи во тие моменти и да си ја чуваме силата со правилно дишење а да не се оптеретуваме со лоши мисли, сигурно се ќе биде во ред. ние сме со тебе п.с немој да не заборавиш после.. пиши ни како си поминала
KiT, прво нека ти е со лесно пораѓањето...но ако ти поминал терминот, зошто не отидеш на пораѓај + 1 недела е помината. Да не те плашам, ама веќе и плодовата вода во натре се менува,знам многу случаеви со различни приказни од тоа надминување на терминот. Ништо по животот на дететот, туку други работи.
Го сменив насловот во „Породилни приказни“, полесно ќе ја најдеш така Сноу, не мора да значи дека мора да оди на породување ако нема болки и е надминат терминот. Колку само ги има што се родиле недела-две после терминот, докторите секако следат дали има промени во плодовата вода или не
Те гледам дека ти е многу мерак да пишуваш во овие теми ама јас би те посоветувала да бидеш малку повнимателна со приказниве, особено затоа што немаш ниту лично искуство ниту стручна спрема, тоа да не те плашам за трудница значи СТРЕС, непотребено плашење итн. А терминот за породување се кај сите +- 15 дена, ретко која го знае точниот ден кога останала бремена па терминот да биде 100% тој ден што го предвидел докторот.
Мене ме следат и преку ЦТГ - т.е. бебето, да не е вознемирено, дали му е удобно..., а плус и преку ехо прегледи бидејки мораат секојдневно да ја проверуваат плодовата вода... Проблем е што кога бев во Чаир ми рекоа дека веќе ќе мора да ме породат пошто е малку пв, а поминат е терминот, ама не примаа трудници ден-два, не знам сега како е, а на ГАК ми рекоа дека точна е дијагнозата но не примале трудници додека не е отпочнат пораѓајот или додека бебето не е загрозено.. преполни биле, морало така... И така сега, кога немам пари за приватно, ќе се шетам секој ден до ГАК за да ме проверат и да речат дојди вечер/утре... Инаку да се прашував јас веќе пред цела недела -две можеа да ме породат, ама не ми нудат избор, туку ме бркаат
Види и ги претходните мислења дека таа веќе е со болки на 10 мин и сега стиска заби што се вели и лади глава на Фемина. Не пишувај све и свашта, ќе ти се смеат
Ова сум го помислисла претходно и се однесува на сите нас. Ниедна не се повика на соодветна струка а сите ги раскажуваме приказните од своите доктори како најправилни, ако нешто не се совпаѓа, се убедуваме чиј доктор е во право.Намерно зборам во множина, не сакам ова да биде сфатено лично, ама имам приметено дека непотребно се убедуваме во некои теми, почнувајќи од потребата за Приска тестови до вакви примери до самиот пораѓај.
Читајќи го ова, навистина се потресувам и не е фер ваквата ситуација на клинички центар што оди на грбот и маката на идните мајкички. Горда, со лесно и со Господ напред, се надевам дека барем самиот пораѓај ќе помине брзо и лесно и крајот ќе биде толку убав и среќен што брзо ќе го заборавиш ова малтретирање на почеток.
ГАК е жива катастрофа, јас се разочарав додека чекав ред за вториот скрининг Во единствена огромна клиника, каде што оди народ од цела Македонија, нема доволно кадар , место, организираност за најосетливата група на пациенти Е како бре Мицика80 да не коментираме, ај кажи, па навистина претеруваат , а те испраќаат на милион и едно тестирање, само за пари да соберат, не дека е потребно Секојаму чест на министерот за тоа што се направи со новата клиника, сега уште да седне таму и да им стражари за да им дојде паметот како треба да работат
bittersweet,не пишувам од мераци.туку од тоа што го знам. не мора да си била бремена за да знаеш некои основни работи.барем денес кога толку работи има кои се дознаваат. а и нема табу теми. јас потенцирав дека не е ништо опасно-за да нема стрес. Знам дека е +-15 дена од терминот. Ова што сум го пишала го имам слушано од стручно лице-доктор. Ништо не сум кажала на памет. slavica999,го пишувам тоа што го знам, не се замарам дали некој ќе се смее. па кој се родил научен?
Мешиња во поодмината бременост, а и мамички, сакам да ве прашам кога почнавте да го имате тој периодот на гнездење, што го викаат? Скоро читав на еден српски сајт дека се јавува некаде 2-3недели пред пораѓај, а пожелно било ако се јави рано да се игнорира Демек се одложувал пораѓајот Ај ве молам просветлете ме на оваа тема, навистина ме интересира. Кај мене некако почнаа некои измешани чувства, па дали се ближи времето, или јас имам премногу слободно време па само размислувам, незнам Но некако се чувствувам дека треба да почнам да се спремам. Спремање во смисла на перење на алиштата за бебето Утре одам да докупам уште што ни остана, па после ми останува само перењето и пеглањето, се мислев тоа да го правам накај 35-36н , ама па како нешто од внатре да ме тера нареднава недела да го завршам И уште да прашам поискусните, маж ми вика да го наместиме креветчето наредната недела, ама јас сум против оти така паника ме фаќа, па уште и да го гледам секој ден за ќотек сум знам. Па викам да си прашам поисусни мамички, како сте се осеќале, знам дека нашата интуиција е многу по изразена но до толку ли??? Извинете што ве замарам вака, ама морам некаде да си се искажам, да си прашам
Kallias земи загори шеќер, една лажичка, потоа додај една шоља млеко, да се загрее убаво и потоа додај малку маргарин. Пиј го додека е топло. Има вкус на карамел и помага многу, барем кај мене, особено во зима