1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.775
    Допаѓања:
    38.887
    Пол:
    Женски
    Wtff честитки за твојот бебуш леснотија да ти донесе само, и кога за прв пат пиша дека те ставаат на ЦТГ нам на трудниците ни беше чудно, зошто толку рано, но нели ти објасни дека тој е системот на работа таму каде што живееш. Е сега,да ти кажам да не паничиш за контракциите. Секогаш кога одиме на лекар и ни мерат крвен притисок на сите ни е малку покачен, зошто? Па од возбуда, срцето работи позабрзано, а камо ли, кога ќе те легнат на ЦТГ, па тогаш бебуш е најактивен а воедно и ти си највозбудена,што ќе кажат докторите, дали е во ред и затоа доаѓаат тие лажни контракции.
    и моето бебе уште во 5ти месец беше свртено со главата надолу, но тоа не значеше дека така и ќе остане, во секоја минута прави салта низ цел стомак колку што има место па сеуште ја нема погодено правилната позиција а сум 8.5 месеци :D :D
    За килажата е индивидуално кај сите, некоја повеќе некоја помалку, една моја пријателка во 6 и 7от месе се поправи цели 20 кгр. но немој да се секираш и ти и другите трудници, овие 9 месеци се само наши и најубави, можеш да уживаш во бременоста, килограмите после ќе ги вратиш кога сакаш.
    Поздрав најголем и со лесно!
     
    На wtff му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Женски
    Ми недостига оваа тема :) Се надевам наскоро ќе се дружиме. Пишав во моларна бременост, па ве молам ако имате искуство споделете. Денеска влегувам во 6 недела и нема срцева акција.
     
  3. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    166
    каква е таа моларна бременост?
    и моја другарка беше на гинеколог пред некој ден, 5 недели и 1 ден е бремена,ама немало срцева акција. Ние срцето го слушнавме во 7ма недела и 2 дена. Не се грижи, се ќе биде во ред :) по 10 дена појдете за посигурно :)
     
  4. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Имам некаде,скоро читано за трудница која си се породила па и направиле операција и поминала ок
     
  5. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Ти благодарам на одговорот. Имаш право можеби е од возбуда. Ќе следам понатаму дали ќе имам пак, па недај Боже ако се појават ќе се консултирам со докторот.
    На тебе ти останува уште малку до денот Д. Ти посакувам се најдобро! :*
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Утре одам на лекар конечно. Не сум во МКД па овде прв скен прават во 13та недела :( глупост жива...ќе цркнам до тогаш. Сакав да ве прашам да ми кажите што ви препорачуваат во МКД за земање во рана бременост. Засега само фолна пијам... :wasntme:
     
  7. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Правилна одлука Лори. И јас сум во странство и секогаш правев план кога ќе останам повторно бремена ќе си одам кај нас за прегледи ама искрено ми е страв да тргнам на пат. Сите имаат различно искуство но како што ми имаат кажувано вибрациите за време на патување не се добри. Можеби лага можеби вистина ама стравот лозје чува како викаат...
     
    На Lori-30 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lori-30

    Lori-30 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    Мене ми препорачаа усте пред да забременам, да пијам Фолна со омега-3 и други витамини, таблетите се големи и кафеави и содрзат се сто му е потребно на организмот! пред тоа пиев само фолна! јас засега немам никакви болки или симптоми, освен тески гради! незнам како си ти?ама морас да бидес опустена, напнатоста не е добра за плодот! ајде ке поминат бргу деновите:))
     
  9. Lori-30

    Lori-30 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    Хахаа во исто време, јас на тебе , ти на мене:))да да, мајка ми денес ми рече дека и она имала спонтан од сто многу патувала, никогас ми го нема ова казано,дома си е дома, а за лекар оди бе таму каде сто си, зосто во Мкд! еј верувате ли дека пред два дена ми стигна сметка да платам, значиза ХСГ и за биопсија само 8 евра!!! немозев да се изначудам колку малку! :inlove:
     
  10. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Хахахах Кај си да дојдам? За разлика од првиот пат сега сме супер опуштени и јас и мм. Да имам и јас витамини за трудници од време на време ги пијам ми останаа од минатиот пат. Од време на време имам болки на левата страна ама тој јајник секогаш ми бил по активен па си велам не е ништо страшно. :wasntme:
     
  11. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.383
    Допаѓања:
    1.452
    Пол:
    Женски
    здраво трудници,
    еве јас официално со болки и со само еден прст отфорена ме задрза во болница.
    докторите викаат лазни болки ама какви лазни тие се силни и големи се потам целата кога м. факјат ама пустат после не се долги.и цтг показува контракци а јас никако да се отфорим. од денеска поцна кога одам во вц како лигаво приметив на гакјите бела боја како золто да не е тој мукозен цеп сто пагја пред породување?имам како менструални болки и исто така одеднас ногата се коци, нека ми казе некоја фрминка поискусна дали се близи моментот на породување?
    мене повекје ме уби оваа исцекување отколку болката едвај цекам да се олесним и да се запознам со мојот ангел мојот јунак мојот син. :inlove:

    поздрав :*
     
    На TIGARCE86, Viktorijaaa5 и artemidis им се допаѓа ова.
  12. Amorce2

    Amorce2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.622
    Пол:
    Женски
    Иако јас моментално сум на одмор, знаеш :) ама јас би те советувала да не одиш бидејќи си многу тазе, денешниве гинеколози за се викаат немај гајле оди, немај гајле прави...ама сепак првиот триместар е сам по себе ризичен, нема потреба од дополнително напрегање на организмот. Верувај ми...еве сум тука, ама некако не ми се "сите овци на број", се некако ми е страв да не се случи нешто не дај боже, па да треба да летам по болници, зашто на местово кај што сме има некои амбуланти ама тоа се локални општи доктори.
    Иако си одам на плажа (под сенка), навечер шеткаме...сакам да кажам се си правам нормално, само што гледам да имам и доволно време во кревет...сепак има еден дел мајчински кои што се грижи и се мисли дали е се во ред со бебињата. Па ако еден ден не ги осетам да мрднат одма паники ми иде одма за Ск да си тргнам. Паниката ми е повеќе дека се близнаци, па помалку простор, едното бебе е доле, едното е горе...па милион прашања у глава за тоа доле :) ама знам дека се ќе биде во ред, не чува Господ нас трудниците :)
    Како и да е, паметна одлука за да останете дома...рано е, ќе има време кога ќе шетате...сега уживај во најубавото бидејќи долго и мачно се трудеше да дојдеш до тука :*
     
    На Lori-30 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Ајде мила опуштено само и без нервоза уште малку ни остана да се гушкаме со мажињата наши.
    Јас имам бело прање цело време менувам гаќи цело време пуштам машини, но што да правам.
    Имам послаби пред менструални болки тоа сигурно се лажни и слаби контракции и не се плашам веќе се навикнав на нив. Скоро тераме 39 недела во сабота точно сум 39 недела т.е полна почеток на 40 недела. Секое одење во веце се гледам да не ми паднал тој мукозен чеп или крв да не имам, но сега за сега ништо добро е се. Плодова вода имам кога бев пред една недела на доктор ми рече дека имам и дека се е во ред и да го чекаме денот Д. Се движам колку можам низ дома пешачам пополека како некоја шатка се движам. :lol:
    Слими со лесно мила и опуштено само се ќе биде во ред. :*
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lori-30

    Lori-30 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    Слими, Агрона, со лесно нека ви е и на двете, да се гускате сто побргу со васите синковци, вие сте најголемите јунаци оти храбро издрзавте до сега....ајде ве чекаме со убави вести и најлесно породување ви посакувам од срце :* :* :*
     
    На Markiza30 и Agrona им се допаѓа ова.
  15. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    422
    Amorce a ти до каде си, која недела? Јас сум 28 г.н. и сакам на одмор да одам од 30 јуни, по мислењето на гинекологот сум ок и јас и принцезата и нема пречки зошто не би оделе ;) А и мене тоа највеке ме плаши да не се случи нешто па да морам да се тегнам по болници во туѓа земја :lol:
     
  16. Markiza30

    Markiza30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    196
    Денес потврдија бременост. 6та недела, денот Д-7ми Февруар :lol: Си одбрав и сликичка, розова пошто сакам женско....само да се зачува позитивната енергија :inlove: Незнам како да ја уредам сликава да ми стои на сите постови :angel:








    [​IMG]
     
    На Agrona, Chupe и Lori-30 им се допаѓа ова.
  17. Amorce2

    Amorce2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.622
    Пол:
    Женски
    Chupe, јас сум 23 недела со близнаци...бев на преглед пред да тргнам на пат, фала богу се беше ок и докторката ни дозволи, само ни рече да бидеме блиску, да не патувам со авион, и нели со оние предупредувања...паузи по пат (на секој извозен саат, 15 мин пауза), бањање во базен никако, на сонце не, само под сенка, после бањање во море пресоблекување...
    Ние сме во Грција на првиот крак, најблиску што можевме...јас фала богу се чувствувам ок, само ете паниката дека не си блиску до докторката за не дај боже си го праи своето, и тоа е нормално...нормално е да се грижиме...ама јас па викам ако треба нешто да се случи не дај боже и дома ќе се случи.
    Така што ако се чувствуваш добро, ете др вика дека се е ок и можеш да одиш...нема причина зошто да не одиш, освен тоа дека ќе бидеш веќе 8 месец...а тоа е доста на крај. Како и да е, најдобро знае гинекологот што ти ја води бременоста, па ако он вика дека немаш гајле можеш да одиш, оди одмори се, уживај...
     
    На Chupe му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lori-30

    Lori-30 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.108
    Допаѓања:
    709
    чупе мила, јас незнам совет да ти казам, ама ќе ти го казам она сто докторот ми го каза, многу е вазно да ги размрдувас нозете, ја кога го прасав рече оди ама секои 2саати пауза и раздвизување обавезно, незнам зосто е тоа вазно, и мнооогу пиење вода!!!патување со авион немој во 8ми месец! исто еднас бев на преглед и му се јави една и он зборесе пред мене! останала бремена ама работи ко стјуардеса, и и рече подхитно да престане со работа, никако патување со авион!
     
    На Chupe му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Markiza, во контролниот панел во делот за потпис каде што го имаш пастирано линкот за тикерот, подоле има едно квадратче кое треба да се штиклира за да се прикачува потписот на секое мислење или кога пишуваш нов одговор, под полето за испраќање на одговорот каде што се прикачуваат фајлови, има и опции, таму квадратчето за прикачи потпис треба да ти биде секогаш штиклирано
     
  20. Amorce2

    Amorce2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.622
    Пол:
    Женски
    Мора да се раздвижуваме за подобра циркулација на крвта, и подобар проток на кислород до бебето...еве правев многу паузи по пат, се раздвижував и пак првите два дена овде бев со отечени нозе (стапала)...фала богу денеска веќе се нормализирав :)
     
    На Chupe и Lori-30 им се допаѓа ова.