Феминки помагајте ме фати паника не знам што да правам. Пред 2 часа почна да ме боли долу ниското кај јајниците,пиев магнезиум и ме преболе после некое време. Сега пак ме заболе, но и осетив како нешто да ме притиска долу, како да ме мава 24 недела сум. Дали бебето е спуштено ниско па ми е така или нешто не е во ред, незнам што да мислам
18та недела. Пак ме фати она чувство за мокрење, отиди, 2-3 капки. Ништо, реков, ќе излезам. Излегов, го имав чувството цело време, ама го игнорирав, знаев дека е лажна тревога. Се враќам, одам во вс и откако измокрив гледам крв, неколку капки, станувам и гледам капка крв се слева низ шолјата. Сама дома. Рипнав, се испаничив, се изнаплакав и се смирив некако, си ги преиспитувам симптомите, си викам ова не ќе да е вагинално, ми се чини како да доаѓа од мочниот канал, а и некако имам симптоми за инфекција на мочниот канал. Се јавив, зборував со медицинска сестра и она во истото се посомнева. Сега чекам да отворат болници, бабици, гинеколошки одделенија, пичке материне, за да се проверам. Ултра звук имам закажано дури другиот петок. Од синоќа после неколкуте капки крв, немам прокрварено, не осеќам болка и не осеќам ништо невообичаено.
А може и песоче да имаш исфрлено од мочен канал? Те печеше ли при мокрење? Штом немаш болки во стомак крвта сигурно е од уринарниот тракт. Но ке се смириш за брзо кога ке ти потврдат и на лекар. Не се паничи... Пиши ни
Фала ти многу! Да, пецкаше многу малку, скоро и неприметно. Ми проверија мокраќа, нема инфекција, само кетоните беа +2, не знам зошто. Претходно направив тест за скирен шеќер и беше океј, изгладнета не сум... Бабицата исто смета дека не е ништо страшно затоа што било крварење во многу мала количина и без болки, така да останува ултра звук за наредниот петок. Денеска само јајниците ме болат, ама ништо страшно. Патем, од кога почнавте да го чуствувате бебето како мрда?
А во која болница беше не те проверија на ехо? По тоа што го пиша и јас мислам дека било песокче..не се разбирам многу но свежа крв знам дека и од хемороиди може да произлезе но кај тебе било капка не верувам да се тие
Не сум во Македонија, а тука не се потресуваат многу ако не делува итно. Бабицата сметаше дека нема потреба да го избрзуваме ехото, така да си останува за во петок. Дефинитивно крвта не беше од аналниот отвор.
Јасно чудно ми падна ехо што не напрајле тука на Гак или Чаир прво тоа гледаат. Штом така сигурно не е сериознк
Пиј повеќе вода деновиве, и увин или чај од брусница не се штетни во бременост. Сум имала страшна уринарна инфекција со огромни болки и повеќе тоа ми помогна него антибиотикот. Ќе се среди
@Dana31 не ми беше омекнато грлото, но имав стрвднувања од 20та недела, контракции на матка. Освен Утрогестан, Дабростон, Магнезиум не пиев друго. Но, пишав и претходно - строго мирување!!!! Додека идеш во Систина, станувај само за до вц. Обавезно да лежиш. И контракции и кратење на цервикс се смирива со лежење. Во понеделник ќе ти каже докторот што понатаму, сигурно ќе те види и вагинално. Не паничи, иако докторот успеал да те испаничи, ќе биде се во ред
Како успеваше со мало дете да лежиш цело време? Засега немам такви препораки ама да треба не знам како би се организирала
Со помош, главно од свекор ми. Дома беше и ја чуваше. На почеток многу тешко и на двете ни беше, приврзана само со мене. Ама морав
Ти благодарам. Те читав и кога бев бремена со син ми и многу ми е мило што си имаш две живи и здрави дечиња
Шумечи јас пијам, ама се молам за времето на дијареа имав долго проблем со не одење во вц, сега се среди.
Не пиј шумечи, ќе ти се зезне стомакот. Од ЗЕГИН обичниот магнезиум 250 мг. е најок, тие со помошни супстанци, како со Б6 врска немаат. Подобро земи обичен Б6 и пиј то навечер со магнезиумот. Преку ден Б6 додатна доза може да те омалакса само, а и така имаш Б6 и во фолна и во пре-мама или фемибион. Јас овој магнезиум го пијам и немам апсолутно никаков проблем.
На која фирма е тој магнезиум? Јас од вчера почнав со Магнезиум од 250 на Џејмисон, по 2 на ден ми препишаа и уште денес имам дијареа