Леле не ми ги спомнувај тие киселини.. со ова многу рано ми почнаа и што се не пробав.. на почетокот ми помагаше кисела вода ама сега без рупурут не проаѓаат.. секој ден секоја вечер не да горам како змеј сум што пушта оган Гледам да издржам и спијам на лева страна (така приметив дека не ми доаѓаат до грло) ама кога не се издржува пијам рупурут.. и јас мислев од храна нешто како пецива или било што што содржи брашно ама мислам дека мене и од вода ми се појавуваат
Последниве месец дена цело време се трудам да не се прејадам, зашто инаку ако се наведнам одма ме притиска на желудник и киселини во грло одат Си го фатив плус редот за навечер најкасно три саати пред спиење јадам ‘пообилно’ за да немам после проблеми. Исто имам приметено тесто и бел леб само ми ја влошува ситуацијата. А бисквити со ладно млеко и 5мин пред легнување, ем ќе ме заситат ем немам гајле (касно пред спиење ако се најадев доста обавезно се будев во текот на вечерта и само едно лажиче сода да почне пола саат да делува и назад во кревет на лева страна)
Здраво да прашам нешто се чувствувам премногу малаксано ми излезе дека сум слабокрвна ама не е драстично тие мерки ми се за по еден помалку од нормално, матичен ништи не ми даде да пијам можеби е до тоа не знам на почеток немав ваков проблем, и некако ми го снема апетит јадам али многу помалку ? Инаку сам 24 та недела. А пијам само магнезиум од 400 и премама.
Прашај го докторот нешто да ти појача витамини или нека ти каже што да јадеш. Јас не сум била слабокрвна, освен еднаш кога многу ослабев и тогаш матичен општ лекар ми препорача да внимавам како комбинирам оброци. Иако јадев многу месо крвта ми беше слаба, ми кажа докторката да не мешам месо со млечни производи за да може да се апсорбира железо. Не памтам уште што ми беше кажано, ама прашај доктор ќе ти каже најубаво.
И јас сум зависник, одсабајле буреци кифли чуда омилен доручек ми е гледам само навечер да не јадам, ако не сода не ми бега
Мене близнаците ми се 35н родени и знам лекарот што ме видеше ми рече најважно е да истуркаме до 32н а после колку подолго подобро за помалку во инкубатор.Терапија ми беше прогестерон депо на 3 или 4 дена магнезиум 2 или 3 на ден ,строго мирување газот како во дупка а нозете поткренати и инекции за зреење на белите дробови на 2 недели ме боцкаа од 3 дози.Така да ако немаш примено да ти дадат зашто ако бебето има за зреење примено и си има довопна килажа може и воопшто да не биде во инкубатор а и да биде ништо страшно само до годината има плус прегледи кој мора да се направат.Најважно е биди смирена;мирувај,повеќе течности и внимавај запек да не добиеш и отоци ако ти се јават од лежење може ќе примаш клексан и да сте живи и здрави.
Од сабајле беше една повозрасна шатирана со кратка коса кај нене,таа 2 смена Маги таа ми беше светла точка цел ден а таа на крај што ме нервираше беше Сара мислам нешто така .
Здраво девојки, сакав да прашам дали е нормално стврднувања на стомакот над папокот? Малку имав болки на тоа место кога ке се стврднеше и се испаничив. Иначе утре влегвам во 36г.н и веќе постелката ми е 3 степен зрела со тоа што докторот пред 3 дена ми рече можно е порано да се породам. Сега сум добро и го осеќам бебето. Дали има простор за паника? Или да одам на доктор? Некако не ми се оди дека бев пред 3 дена се беше во ред.
Јас со Сара супер поминав, ама дека бргу се пораѓав, инаку кога ми почнаа напони праша дали има време за цигара
Андра јас веќе месец и пола примам Клексан...димерите ми беа 3500,на последната контрола беа намалени до 2950... Во вторник сум на нова контрола за нив...Ке се обидам колку што можам да се смирам и да одмарам. Фала ти за советот.
Девојки, вие што примате клексани ви се има случено да ви крварат небца, нос... Јас примам епарина (исти се како клексаните) докторката ми напомена дека е можно да ми крварат небцата ама кај мене се лучува често да ми потече крв од носот, не многу но наеднаш и некогаш и повеќе пати во денот. На последниот преглед заборавив да прашам. Друго, јас сум со краток цервикс, до сега претежно одмарам ама деновиве синко сака надвор, да напоменам не ми е препорачен тотален одмор ама читајќи овде сфатив дека повеќето одмарате. Додека тој игра (2,3 часа) јас седам во двор и го надгледувам, дали грешам? Седењето може да наштети нешто?