Од која недела почнуваат да мерат цервикс? 12та недела сум и го поминав првиот скрининг, имав еднаш крварење во 5та недела, а во 11та кафеав исцедок и покрај терапијата што ја земав, ама не се дозна од што е, на ехо и брисеви се беше во ред. До сега не ми мерел никој цервикс.
Витамин ц 1000мг по 1 на ден може да пиеш, а може од инекциите да се појави крварење ,консултација со гинеколог и трансфузиолог можеби немаш потреба моментално да се боцкаш.
Немам никакви крварења до сега а имам примано 40тина клексана...јас мора да одмарам поради појавата на контракции.. До пред некој ден си бев турбо по дома,учење со керкичката,сите обврски си беа на мене... е овие 3 дена за жал морам во кревет...
Првиот пат на 10+6 ми измерија цервикс. На скрининг не ми кажаа во 12+6. Следно ми беше пред неколку дена на 18+1 ден, прво цервикс вагинално, потоа абдоминално ме гледаше на ехо.
Јас ако можам ќе одам на 33та, ако не таму 34та и некој ден. Ваљда нема да прават некој проблем @Lovebug01 Мене никогаш до сега не ми мереле цервикс, или па може ми мереле абдоминално ама не ми кажале
Јас правев 35 +1, резултати за два дена. Гинекологот така ми рече да дојдам, 35та полна, 36та недела и јас одма првиот ден
Две недели за резултати од брис нели е многу? Додека да ги земам, додека доктор да погледне и да има нешто додека се почне со терапија поминал месецот
Majki cestitki na site, zdravi zivi. Nekoja po slobodna neka pisi kade se proagate, so ogled na sitacijata. Vo cair bilo guzva, pa me faka panika. Jas sum pocetok juli, se blizi vteme
Мешиња, јас сум 7+2, од средата ставам вагинално утрогестан насабајле и навечер по едно од 200мг. Пишете ми насабајле кога го ставате после колку време станувате, колку длабоко се става. Дали исправно правам незнам навечер го ставам и легнувам спијам, сабајле станивам ставам лежам саат време и после станувам.
Правилно го ставаш. Пробај што е можно подлабоко со среден прст нозете свиткани на грб како жапче мене така ми е најлесно . Наутро кога ставав си навивав аларм два сати порано и поспивав уште колку сакам. Навечер ќе почекам да одам неколку пати на мокрење пред конечно да легнам. Гинекологот ми рече доволно е и 30 минути за да се апсорбира ако е добро ставено.Само еднаш ми излезе лушпата од капсулата не дотопена ама мислам плитко беше ставено.Така да се си е во ред продолжи си.
За мене кажувам, моите резултати од брисот ќе бидат готови после две недели, многу ми се виде ама овде поинаку и не бива, за жал. Што да правам, ќе си чекам. @Buca24 јас сум на пола пат и уште се мислам дали правилно ги ставам. Не за друго, ме мачи тоа што многу истекува на надвор иако ги ставам на вечер и лежам по повеќе време. Ваљда кај сите е така?
Не спомнувајте киселини, таман ми поминаа мачнините, почнаа тие. Изгледа и ова ќе е бушаво како брат му. Поминавме 2 скрининг, супер е сѐ, само е многу долу позиционирано со главчето Ради тоа притиска на бешиката, па цело време како недомочана сум . Др. рече од многу седење/неправилно седење Чаре повеќе лежење.
Што сте вака тивки бре? Како сте? Јас од сабајле се разработив и еве сега одмарам со кафенце гледам никој не пишал од синоќа. Јас денес сум 36+5 и едвај чекам прво ЦТГ во четврток да видиме дали малиот ќе даде некој абер или се уште му е убаво внатре. Едвај чекам да се породам и да си го прегрнам.
Здравоо, јас само што се вратив од контрола и ми направија цтг (33н) супер е се и растот и развојот на бебка, само докторката забележа дека биле цревата малце раширени како подујани, тоа е знак што сум под стрес периодов па ми даде магнезиум и б6 на сабајле и на вечер. Притисокот стандард повисок особено денес на котрола пошто се возбудив од цтг дека прв пат и не очекував и одма повисок (140-115) па сега ќе си го мерам на 3саати дома да видам како ќе покажи, ако е исто ќе треба терапија. Битно бебка е супер 2кг, како топчее и со главчето надолу Btw: За две недели ми закажа за брисовите за стрептокока, таман 35та недела ќе сум. (искуства со овој брис, дали е болно како за пап брисот?)
Што да пишувам,се ми е само на жалење...и јас едвај чекам да ми поминат овие 4-5 недели и да бидам помирна. Ти чекаш за абрт а моето има абер а јас му зборам да не брза и дека му е рано . Сабајле станав во 5,грчеви,контракции...тоа клоца,100пати се препотив... Денес имам контрола кај Костадинов па ке видиме што ке каже. Дали сеуште важи правилото жената сама да биде на прегледот?