Убав ден мешиња Јас во петокот бев на контрола, бебка стигнала до 1700гр, супер беше, разиграна како и обично, ме ставија и на цтг прв пат (33та недела), засега супер сме... Докторот ми рече да не очекувам големо бебе да родам бидејќи јас сум ситна, но дека тоа не треба да ме загрижува. Почнува возбуда и еуфорија да ме фаќа, или можеби страв и трема е, не знам, а можеби и дека почнав полека со средување на алиштенцата,па ми трепери нешто внатре што не можам да го опишам
Јас бев денес на преглед кај докторот што ќе ме пораѓа 32+3 сум и за цтг ми рече рано е за 2 недели кога ќе одам пак на преглед.Бебето цело време ми беше 2 недели плус сега корегирано е 1 недела е само понапред.3 дена имам многу големи отоци на нозе и на раце од пладне до вечер,кога ќе станам ги нема па денес и проверував протеински статус преку крв и чекам резултат.
Здраво, ќе ти одговорам конкретно само за брисовите, ги праев пред 2 дена и воопшто не е болно и не ти става ништо внатре. Еден брис ми зеде малку внатре, а другиот ептен површно.
Абе ако пожали се, ќе те тешиме тука ќе си направиме муабет. И јас еден период само се жалев. Не дека сега нема за што, ама си ќутам за да не ме подбере некој оти пак на глупости мислам.
Кај одиш? Во Систина примаат и маж , коа бев задњо си беа цели фамилии, маж, жена и дете ( неколку ама седнати нели на размах) . Бев пред една недела.
Феминки во исчекување сум на утрешната контрола кај матичниот. Деновиве иако сум доста подобро сепак не ми помина скрос ниту тоа одвратното кафеаво со парченца внатре кафеави ниту болките... Веќе 15-та недела сум и толку сум тажна и загрижена што не знам веќе што да правам... Најмногу ми е криво што скринингот помина во најдобар ред, со идеални параметри и маркери е до сега бебето, дури и пол ми кажаа за после пет дена во Чаир да ми кажат дека ме демне опасност и миомот е навлезен внатре кај бебето и може да го истурка надвор. Зарем не видоа на скринингот во Систина вакво нешто? Ниту се спомна за опасност било каква. Барем да спомнеше нешто за миомот докторката Гордана... Некој не е во право овде, времето ќе покаже све... Ќе видам утре со матичниот што ќе ми каже. Ни психички ни физички не сум добро веќе... Сакав и викендов да ви пишам овде ама владееше толку позитивна енергија заради новите породувања што не ми даваше совест да пишувам вакви негативности... Ве гушкам сите.
Дали ја праша ти док во Систина за миомот нешто дали го гледа? Чудно стварно штом таму не ти кажале ништо..можеби има шанси Чаир да претерале кој да знае. Со лесно на прегледот па пиши како ќе поминеш
Имаше некоја членка тука искуство со миом ама не ми текнува која беше... За крварењето ќе се смири и тоа секако... Те тагнав баш те мислев како си. Не знам како може да не ти го спомнат миомот во Систина... Стварно немам зборови... Далеку се од совршени да не се сфатиме погрешно, ама па и мене Ложанковски во првата бременост као некој миом ми виде ( као викам оти у Систина не ми спомнаа ништо) на еден преглед, после веќе не го ни спомна, како и да немало. Јас тогаш си ја прашав Кацарска и немаше буквално ништо. Кај беше на скрининг во 13та или не отиде?
Оф бе мила. Мораш да си силна, и да си најдеш барем еден доктор на кој му веруваш 100%. Некогаш и мислења од разни доктори колку што е добро, толку и ти ствара дополнителни притисоци. И мирувај, само лежи и станувај само за во вц додека се исчисти кафеавото. И јас баш те мислев деновиве ама некако верувам дека ќе бидеш добро.
Те разбирам. Не ти е лесно. Чисто за мирна глава оди на уште еден преглед и прашувај си се што те интересира. Не шириш негативности овде, немој да се секираш за нас. Тука сме.. Знам членки на кои се им било во ред па сепак барале второ и трето мислење и правеле дополнителни испитувања само за мирна глава.Ако мислиш дека ќе ти олесни оди на повеќе доктори, прашувај се што те интересира, не молчи на прегледите. Јас кај мојот матичен одев со цела папка анализи а тој ми велеше да му ги тргнам од пред очи да не ми ги искине, само стресови сум си правела. Оди кај матичниот, ако не си задоволна од одговорите што ќе ти ги дадат оди кај друг доктор. Само не се измачувај дома со негативни мисли.
Мешиња убав ден. После толку време лежење, повраќање, крварење денес излегов седнав зад волан да купам нешто. Мислам дека се осеќав како години во затвор да сум минала. Гаќите ми се мократ утоп, вода е, не е бело прање. Бев во Систина ми вика докторка имаш плодова вода да се избањаме двете, не ти тече уживај. Едвај чекам скрининг да го видам мали
Зошто уште сега цтг? Прашувам зашто и јас сум на преглед оваа недела а сум 34та, зар е можно на цтг да ме стават?
Да се пријавам и јас дека и мене во 34 недела ме ставија на ЦТГ. Кога прашав зошто,добив одговор да виделе како реагирала бебето
Јас сум утре на преглед во Чаир , 35 + 3 сум , ќе видиме дали ќе ме стават на цтг , иако јас мислам нема.
Последнава година почнаа докторите многу покасно да прават цтг. За ГАК зборам. Пред 4г не беше така, уште од 36та одевме. Сега на некоо 38ма им викаат за прво цтг, освен ако немаш болки, паднат чеп или крварење па порано да направат
Зависи каде одиш во систина на пример порано почнуваат со цтг ,у државна прво цтг во 38нед прават секаде различно.