Јас пред недела ипол правев прв скрининг во Систина. И мене ми рече докторката дека постелката ми е ниско и единствено што искоментира е да немам односи и дека за еден месец ќе се крене горе. Е сега јас едно две недели имам доста проблеми со болки и кафеави секрети ама тоа изгледа ми е од миомот што го имам. Сигурно ме читаш во темава...
Се додека не ти потврди сериозен доктор дека крварењето е од миомот, неможеш да знаеш. Можда е од што е ниско поставена постелката, дај боже да е тоа. А и ти си на почеток, допрва ќе се поткрене постелката и можеби нема да прави проблем
Нели не смееме на грб да лежиме Траума имам навечер кога ќе се разбудам на грб, веднаш се вртам на страна.
Не смее да се спие,ова кажувам 3-4 саати во денот може и помалку. Јас лежев по 4 две недели ,после уште една недела по 2 саати и толку се намести @lemon8ejt само за добро на бебето така е,што ми кажуваа тоа правев
Ќе го пробам и ова. Имам така некои пресекувања ама траат секунда и после ги нема. Гледам да спијам на лева страна. Последнава недела се будам легната на грб и одма се вртам. @Vojdana ти благодарам за советот. Истото ми го кажа и мене докторката за односи. Немам фала богу никакви исцедоци до сега. Многу ми е жал за тоа низ што помина и уште поминуваш. Имав и јас неколку кавги кои нормално влијаат ама одма се изолирам сама во соба и со сила се смирувам. Не вреди да го ставаме тоа мало животче под стрес што сака нека биде со нас нашиот живот сега ним им припаѓа. Инаку имам еден спонтан пред една година. Форумот и тогаш ме смири а исто и сега. Подршката е огромна за што и да е и не очекувам ни грам помалку од овие жени лавици.
Мене ми е одлепен малку влезот на каналот не знам како да објаснам баш...и исто ко ќе се разбудам саат време лежам така со перница, и во текот на денот додека гледам серија или одмарам. Наредна недела сум на преглед па се надевам ќе има подобрување. Најмалку што сакам е да ми рече Др. скроз мирување
И јас исто,страв ме фаќа а заспивам на страна се будам на грб и одма се вртам,ама ова ќе го пробам по некој саат. Последниов пат на ехо докторката ми рече е ниско ама треба да се крене до 28 ма недела,после тоа веќе би било проблем . Колку е точно ова незнам ,друг никој така не ми рекол само дека е на заден ѕид ,толку...и ниско се разбира
Готово девојки се наместив така со перницата ќе видам дали можам два саата па пред спиење уште два. Онака се занимавам со несоница пола ноќ има да пробувам по малку. Ако е така како што велите до 17 недела со мој инает има до гради да го качам.
Ако ти е за утеха ја ги лежев сите месеци,само до маркет одев а после 25та ни тоа. Само да биде добро,ако треба да се лежи ќе се лежи @Anetaoh обично се крева,а од лежење вака ако можеш превентивно нема лошо само ке убрзаш. А секако не е добро да остане доле мислам може да се искрвари пред време @Tsukinory браво девојче!!! И да знаеш дека ќе биде!!! ти пуштам среќичка и со лесно
Кај мене беше на сам раб...ништо друго не ми кажаа освен никакви интимни односи...со тек на време како расте постелкта така се качува нагоре... само треба следење.
И јас ја имав бaктеријстса еднаш 9та недела .. пиев антибиотик , ја снема .. по некое време пак контролно проверив ја имаше ама беше 50 000 присутна шо значело контаминација ( ако билс над 100 000 давалр терспија )ама пак пиев антибиотик за секој случај дека бремена и ќе правев контролно , но со ситуацијата со короната не правеа уринокултура во Микробиологија и не проверив .. сега сум 26+3
@Tsukinory и јас бев со дијагноза постелка на заден ѕид, ниско, веднаш до грлото, не преземав ништо посебно, односи немав, сама си се крена со тек на време. Одмарај и со лесно.
Zdravo mesinja. Konecno bidna i tretiot skrining se e vo red,samo sto postelkata bila 3 stepen zrela.Inace sum 33+ toa malce me zamisli,bidejki sum od Ohrid ako nesto bide koga kasmet da stignam so Skopje. Skiringot go pravase Afrodita vo Re Medika. Se vidov i so prof Dimitrov bidejki sskam toj da me poraga.Kaza se e vo red se gledame na prvoto CTG za 3 nedeli.
Феминки, вчера и денес многу ме чешаат градите, а вечерва приметив и едната страна на стомакот некое црвенило што ме чеша, како нешто алергиско ми стои. Не ми изгледа дека е од стрии, градите на пример ми се цели црвени од чешање дури и на некои места има како мали капиларчиња испукани. Сабајлето се истуширав, се намачкав со кокосово масло, ми помина, сега вечерва пак почна да ме чеша. Кожата на местата кај што ме чеша ми е црвена и топла. Инаку имам многу осетлива кожа. Што можам друго да се мачкам? Инаку сум 13 недела.
Мислам дека не смееш да мачкаш кортико креми за алергија. Витамин Ц напиј се, од онаа белата течна пудра за сипаници мислам дека смееш, зошто таа е наменета и за деца и смирува чешање. Да не ти е сменет прашокот или омекнувачот или пак нова облека имаш па ти смета нешто. Доколку не се смирува, најдобро е да се јавиш на лекар, ќе те видат па ќе одлучи дали промените се за терапија и со таблети за алергија
Мене ме чешаше од кокосовото откако ќе се исуши и ми се правеше како лушпа...пробај смени нешто друго за мачкање