Душа... Ептен ептен си ме израдувала! Да ме тагнеш у породилни, мада и вчера ве барав повеќето што се породивте, никој не сте пишале. Убаво е да се читаат среќни приказни.
Бравоо!!! Исто и јас имам само пофални зборови за ремедика.Зборот прекрасно е мал збор.Искуството најубаво за цел живот и едвај чекам пак. На сите труднички што се мислат за приватна болница им ја препорачувам. Уживајте и гушкајте се
Миомите растат во бременост затоа што се хранат со ендометрумот кој се задбелува во бременост. Многу е битно каде се поставени, дали се внатре во матка, надвор. Ако се внатре најчесто и препорачуваат да се извадат пред бременост. Надворешните најчесто не пречат, ама може да предизвикаат болка заради растот на матката. Мене ми го следат миомот цело време, на надворешен ѕид е. Во минатата бременост воопшто не порасна.
И мојот е ист како твојов. На почеток на бременост беше мислам 2 цм. Во сала на породување им реков да го видат, таму ми беше паметот и ми рекоа дека не пораснал.
Мене докторот сам ми кажа каков е. Да ме утепаш не се сеќавам што ми кажа. Што од возбуда, што од анестезија и нешто што ми ставаше анестезиологот па ми се приспиваше од тоа. Арно ти текнало да прашаш.
Ококорена бев целата, само дрдорев со сите таму. Заќутував само кога го извадија бебето и кога ми зборуваа за него и после продолжував со прашања и зборување. Стопати прашав за миомот, не ни стигнаа сами да ми кажат
Најјака си жими се прв пораѓај ти е или втор? Баш би сакала и ја така да сум релакс иако би одела природно
ВНИМАНИЕ ВНИМАНИЕ! Ми треба совет од вас. Си раскревам низ дома. И осеќам на пижамите дека сум влажна. Гледам и две кругчиња мокро, без боја и без мирис. Се бришам, све ок. Плодовата вода ми истекува, така? Да си се спремам за болница или? 38+2 сум Ве молам за побрз одговор.
Здраво, стомачиња и идни мамички Да ве посетам ми се присака во темава. Дали сте добри? Ајде летни бебиња наскоро ги очекуваме. @LadyC , @Fallen.Angel @Kate Rina 93 @Vojdana како стее, како ја врвите бременоста? Јас сум сега престроена во Совети за бебиња хахах, па ќе се приклучите кога ќе ви дојде моментот. Важно да се чувате, поопуштени повесели да си ги дочекате бебувчичи. @Vojdana како помина првиот скрининг? Поздрав до сите
Имаш тема за што ти треба за пораѓај, подетално можеш да видиш таму. Инаку, за тебе влечки, средства за лична хигиена, вир влошки, пешкирче нешто. За беби памперс, влажни, крема. Мене уште одма ми го оставија до мене, цело време бевме заедно, ама јас бев природно породена. Нешто за грицкање и течности можеш да прошверцаш, храната е лоша.. Носев јас многу работи, ама мислам само ова искористив. Алишта за излегување маж ти ќе ти донесе кога ќе ве зема. Јас сѐ во една торбица носев.
Фала што си помислила на нас. Јас сум добро, само веќе сум нестрплива и до некаде смачено ми е, сакам да се олеснам. Дебелка сум и веќе скрос кренав раце, не можам да се нервирам. Веќе стигнав 36+6. За 2 дена сум на прво ЦТГ и ќе видиме како ќе биде. Ни фалиш овде во темава, ама колку толку ќе се дружиме во категоријата “Бебе”. Поздрав и те гушкам.
Вчера ве читав сите имате чешање и црвенило. Имав и јас и имаше се повлечено. Сега пак ми се појави пред два дена. Открив дека ми е алергија на кремата за стрии. Прекинав да ја користам и синоќа се напив лоратадин. Денес ми се смири. Не знам сега што да се мачкам. И на нозете и на бутовите секаде се мачкав и ноќе се чешав многу нервозно, рани си направив.
Ајде уште малку имаме и ќе се дружиме Јас едвај чекам да влезам во 9ти да се породам. Мака си мачам со отоциве на нозете и рацете ама се трпи. Утре сме на преглед, да видиме бебка колку пораснала пошто абер нема да се сврти надолу.
Имам искуство со миом во бременост.Мојот беше во цервикс во големина на портокал.Др.Ивановски ми рече дека ќе пробаме бременост иако е голем,па со пороѓај царски и така си отворена ќе ги извадиме,и тоа беа два миоми еден позади друг.Бременоста ја поминав патолошки со мирување и одев само на контроли,ми фуфкаше,не велам не,но си реков Господ нека ме води и што биде нека биде(си имав и годинки39),си читав бебешки теми и ден по ден поминуваше и се породив царски во систина со бебуш најубав,а и на миомите им реков чао чао(никогаш повеќе).Се надевам нема да ми се вратат.На гак сакаа да ме пораѓаат природно сосе миомите,па за нив да одам посебно,но одлучивме со мм да одам со едно отварање да ми ги извадат и миомите.Со миом успешно се износува бременост,но мора редовни контроли и слушање на доктор.Со лесно мили мои
Здраво Не можам да најдам соодветна тема, па прашувам тука и ве молам пренасочете ме на соодветната тема доколку ја има. Бремена сум со второ, првото има 1г. и 5 месеци. (Ќе бидат разлика околу 2 години) Се уште знае да стане навечер, некогаш за млеко станува, кажува по некои зборчиња, но се уште ни е тешка комуникацијата, пелени, ме бара мене и сл. Сакам да слушнам други искуства со разлика помеѓу децата од 2г. Како се снаоѓале со првото? Пр.како спиеле? Моето си спие во креветче, не е со мене на спална. Дали второто кога плаче навечер го буди и првото...и сл. Не го планиравме второ бебенце, па некако се плашам во однос на тоа...што и како со првото...? Ви благодарам
Женски да прашам знам дека во темава имаше многу жени на кои му имаа препорачано да лежат.. Како се справувате воопшто не станувате? Кој ви готви? Дали е битно како лежиш на грб на страна? Јас два дена имав како менструални болки и вчера отидов на лекар, ме прегледа рече океј, не сум отворена што е најбитно само бебето било многу доле и со главчето било надоле наместено.. Ми даде магнезиум да пијам иначе утре влегувам 26недела..секој совет е добредојден.. Убав ден
Зависи како е кажано од лекар јас со првата бременист ја прележав до 35 недела.Станував кога јадев и уште 2 пати по 20 мин во двор.Одењето пешки ми беше до кола од кола до лабараторија и преглед кај доктор.Дома ништо се преселив кај мајка ми и таа се. Лежев на грб и на страна но преку ден задникот ми беше врз перница поткренат.