За се се зборуваше...и за контракциите, за инекции за предвремено зреење,за д-димери... Во кратки црти дека и да појде не треба да се плашам...Важно да сум 32ра недела(јас фала му на Бога од утре влегувам) со зреење добиваме уште две недели на зрелост-старост. Строго одмарање...3пати утрогестан,магнезиум и тоа од прилика. Денес повторно баксуз...последните резултати пред 20 дена од д-димери ми беа 2950,се боцкав 20 дена клексан од 0,4... денес 3750... Повторно плачки,повторно стрес... Што малер ќе да бев јас не знам.
И јас од кога ми рекоа да лежам се преселив кај мајка со керка ми... мм од тука оди на работа и по работа доага кај нас... Жената се прави,јас лежам и учиме со керка ми за онлајн предавањата што ги имаат... Сите ми помагаат,пазат и чуваат... Не можам за ништо да се пожалам. Татко ми утре си доага од странство,дури ми ѕвонеше со видео повик од супермаркет за да ми купи што сакам .
Не знам која недела си, во третото тромесечие обично се покачува притисокот кај многу трудници. Сепак консултирај се со доктор. Контолирај го почесто во текот на денот, ако нема подобрување сепак подобро е да ти дадат терапија. Мене во првата бременост во исти ден од 140/90 ми рипна на 190/130 ме задржаа во болница, примав терапија до пораѓај.
Ja da ve prasam, gleav pred dva tri dena kako se brisam krv 2/3kapki na gakite, a ni bolka ni nisto, so moze da e toa?
Женски утре влагам во 9-ти денеска бев на преглед на гак, ми рекоа идната недела на прво цтг. Инаку синко веќе чека спремен со главчето надоле, се си е суоер уште да се гушнеме сакав да ве прашам некоја од вас дали имала искуство за пораѓај со др. Ели Ѓорѓиевска Николовска од Гак?
Девојки 18та сум сабајлево почнав да осеќам како удари посилни за разлика од претходно. Доле под папокот но некогаш и на лева страна. Не се јаки удари туку баш нежни како тропкање/чукање.. забележав стомакот како ми се поткрева при ударот чудно ми е дека нели е рано стомакот да ми се поткрева или? Бебето ли е? ви се поткрева ли и вас така? Инаку да потенцирам се изнајадов благо од сабајлево
Зависи колкава количина е. Ако е една точка на пример може како што ти пишаа подоле, да се имаш изгребано и сл. Ама ако е повеќе ја би на гинеколог.
Сега мерев притисок 137/105, цело време умот ми е таму се чувствувам многу вознемирено, пијам магнезиум на сабајле и б6 ама не ме смирува баш. Денес ќе мерам цел ден на 2х ако продолжи вака ќе одам на гинеколог утре. 33недела сум и многу ми е страв да не дојде до предвремено породување поради ваквиот притисок и да не има штетно влијание на бебе, некни бев на контрола тоа си е супер и цтг супер и растот дури е за една недела понапредно. Ве молам ако има некоја искуство со висок притисок да ми пишее што понатаму со ваков притисок
Само да те прашам дали доготално апаратче коростиш или старите со жива? Ја некако од дигиталните не сум задоволна се ми даваат погрешен резултат и ми мерат мојте со онаков стар... малце погрешно ако седиш одма грешно дава...секако има разлика од апарат до апарат модел цена итн
Бебка клоцка мене ми е втора бременост од 16 недела баш нежно клоцање, сега 18 веќе убаво го осеќам поготово кога пијам кафе или јадам благо
А тоа штп стомакот видливо ми мрдна како да ми потскокна и тоа е нормално сега? Се мислев покасно ќе биде видливо и затоа се извадив од памет
Добро ми олесна бар да знам дека е бебето и дека е во ред. Ми рекоа и мене од 18та дека ќе почне да се осеќа ама не знаев вакви удари дека треба да очекувам фала ти