Фала ви @Mantub и @Andra . Најверојатно ништо нема да правам сега за сега. Немам некои болки па не морам ништо да мачкам.
Чај како чај , убав е тој што ти го пишала феминката од брусница и чај од диво оригано исто(од аптека го купував, мм имаше E.colli покрај антибиотиците дивото оригано го пиеше,убав е за уринарни инфекции). Но , најисправно е да направиш микробиолошки брисеви и уринокултура . Со чаеви можеш да се вртиш во круг, ама превземи си темелно .
Те разбирам дека ти е стрес, но мислам дека најисправно е тоа што ќе те советуваат повеќето доктори. Со лесно, се надевам и пуштам среќа се да биде во ред.
Женски до кога сме ослободени ние од работа додека е вонредна или? Јас во секторо каде што работам веќе се отвора па да си планирам
Вонредната нели е до денес или утре? Мислам не се враќаме веднаш на работа уште сме ослободени ќе кажат секако градинкиве уште не отворија јас бар по тоа се водам дека нели 1 родител е ослободен..
Незнам мене ме фаќа паника. Работата ми е во трговски центар и имаме постојано контакт со луѓе. Колку и да има превентивни мерки, не сум го чекала бебенцево две години за сега да се ставам на ризик.
Па и мене уште повеќе ја сум во фабрика во Бунарџик има над 100 вработени се надевам дека дури скроз не се намали бројот нема да почнеме иначе не знам што ќе правам таму ни маска не ме штити
Јас да ви кажам, размислувам да се вратам на работа. Нека помине вториот скрининг и здравје доколку се е во ред, ќе прашам дали може да го прекинам боледувањето. Да поработам малку, дома сум веќе 5ти месец, и неможам веќе
И јас исто дури им викав да ми дадат барем лап топ колку да правам нешто. Само ме плаши што сме многу луѓе. Да сум сама во канцеларија ајде де ама таму сме 20 луѓе напикани . Не можеме вечно да се криеме ама бар уште еден месец да не остават да дојде до 0 бројката
Секогаш ќе има ризик мила. Јас работам со пациенти, ќе се заштитам и тоа е. Нека не чува господ само. Се радувам што ќе се движам во 7ми месец, сакам да сум активна а не вака "закржлавена"
Бев кај докторката и кажав дека отрпилика 2/3 дена притисокот ми е 140/100 го измеривме и кај неа беше толку. Ми даде да пијам метилдопа по две во денот сабајле/вечер и нареден четврток повторно да појдам кај неа да види како ќе делуваат.
Уф кај тебе значи уште поголем ризик да секако нема да заврши преку ноќ ова јасно ми е може ќе трсе уште 2 години кој да го знае. Да и мене откако го попуштија полицискиот активно шетам по 2ч дневно ладњ каде ми олесна иначе се укочив Иде лето тоа ме смирува дека ќе биде малце полесно
Девојки сега гледам прес конференција ќе се поднесе предлог за уште 30 дена вонредна состојба..што значи уште 1 мес ќе бидеме ослободени ако се усвои истата
Го праша таа првата дали е вистина дека комисијата спремала предлог и одговори да за да важат уредбите ќе поднесеме барање уште 30 дена да се продолжи. До утре ќе кажат сигурно бидејќи од 16.05 истекува така рекоа