Slimy duso moja najdraga i jas sum porodena so provokacija i bidna mnogu brzo mi pukna vodenjakot bev nekolku cm otvorena ne se sekavam bas kolku ama kontrakcii nemav vo 10 mi ja stavija , vo 12:45 mi dojde prviot napon i vo 12 :55 ja drzev kerka mi vo race za 10 min so 3 naponi se rodi bubamarceto mor palavo Ne mu se sekiraj jeste da se malku pobolni kontrakciite so provokacija barem taka velat jas prirodni bolki ne uspeav da pocustvuvam osven nekoi si minimalni Taka da so lesno da si pomines i koga bi treba da biram jas bi izbrala sekoja mozna druga varijanta da ja probam za prirodno otkolku carski....
Јас со првото се породив со провокација , болки не добив бев после термин 7 дена и мораше така ...ама болки како болки јаки се ама јад добив и епидурална кога се роди бебето станав Одма да го видам Природно си е природно . Кој сака нека каже Со второто добив болки и отворена 9 прста отиодов во болница, таму миго пукнаа водењакот и бебето се измести со главчето и тешко беше за природно , пошто и голем плод или сепак грешка на бабицата што се реши да го пукне водењакот толку брзо ...можеше да почека како и да е завршив итен царски Не го препорачувамво ниеден случај освен ако така не решат докторите Сепак е операција , а последици си има и те како. Јас станав после 12часа ама тие два чекора беа најтешките досега После два дена одев да речам нормално , ама болки ненормални без апчиња неможев .. И така сега после два месеца се е заборавено .... Ти посакувам лесен и природен пораѓајј и очекуваме набрзо убави вести
подобро е со провокација и мене ми се случи итото само јас имав доволно плодова вода..но ако одев со царски не ќе можев да станувам од кревет една недела плус лузна ќе имав на стомак .. сепак одлуката е твоја , јас лесно поминав како прворотка .. со лесно на сите кои сте при крај ..
Да прашам колку кафе конзумирате? Јас не сум љубител на кафето можам и без кафе да живеам ама неможам да се освестам поинаку со бременосва. И др. носот ми е нон-стоп затнат и ако сакам да го издувам ми течи крв баш читав дека се случувало и е наводно нормално пошто протокот на крв е зголемен ама иритира Некој др. имал ваков проблем?
Маркиза можеш да пиеш по едно две кафиња а со носот внимавај, не го дувај многу јако поготово кога е затнат, јас добив воспаление на увото од тоа во 9 месец. Прави природна инхалација ( во тенџере со топла вода стави неколку капки прополис и инхалирај се покриена со крпа) и можеш бабу оригано спреј да ставаш. Крв е нормално понекогаш да има не на секое дување.
Јас на почеток многу внимавав, кафе едно и тоа ретко пиев не секој ден и газирано воопшто не пиев. Сега си пијам по едно во денот, не ми се претерува, иако пред да забременам обавезно по две
Пред да останам трудна пиев по 3 до 4 кафиња на ден, но откако забременив не можам да го поднесам мирисот на било какво кафе. Јас пиев само турско, но сега не само што не можам да го помирисам турското туку било кое друго кафе Можеби некогаш ке направам колку за друштво 3 во едно нескафе ама и тоа не е со лезет А инаку за затнатиот нос е нормално и мене ми течеше крв до 6 месец. Сега само ми се затнува ама немам крв Убав ден мешиња
Јас нит повраќав нит ништо. Кафе си пиев нормално како и сите други пијалаци. Газирано викаат да одбегнуваш ок тоа, но јас си пиев кога ми се пиеше. Душата ми бараше и си пиев. Ми викаа пази ова пази она и си реков е добро де не сум само јас трудна и не ќе родам само јас сите поминале низ тоа и здрави и прави деца родиле. Знам дека не смее да се јаде џигер, морски плодови некои, да се варат јајцата тврдо треба, да се испржат убаво...такви некои работи.
Jас ,скоро цела бременост уште на нос зборувам,не можам да дишам,не можам ко човек да поспијам,а башка тоа пропратено со свежа крв,ептен иритирачки е и тоа како.Cамо не ти препорачувам спреј за нос,освен ако на упатството пишува препорачливо да е за трудници.
Како на почетокот така и сега и јас не сум од тие трудници што не смееш со прст да ги допреш. Јадам се (освен ако сум забележала дека од одредено јадење имам киселини) вода почнав да пијам повеќе, затоа што пред да забременам не знаев што е вода, газирано пијам но не претерувам и единствено нешто што почнав да правам, е пиењето млеко наутро, затоа што ми го забрза метаболизмот и јас во текот на бременоста немам никаков проблем со тврда столица и одење во ВЦ. Немам никакви здравствени проблеми, се надевам дека ќе издржам вака уште месец дена, и на сите трудници им посакувам да имаат бременост како мојата, т .е да не знаат дека се бремени и да се чувствуваат прекрасно знаејќи дека во себе носат нов живот кој за нас е цело богатство.
баш ме чудиш со џигеров.... мене ми беше слаба крвта и ми беше препорачано (од доктор нормално) барем 2 пати во неделата џигер да јадам Месо не можам да јадам никакво (повраќам) и затоа јадам џигер и дури водата о која се варело телешко месо ја правам манџа леќа, грашак или компир. Фала богу сега за сега крвта ја опраивме. На контрола сум на 23 месецов и едвај цекам да си ја видам принцезата Инаку сакав да прашам дали некој има проблем со хемероиди (надворешни)? Мислам дека ми се појавија, па ако има некој искуство....
A која гестациска недела си???те прашувам ,бидејќи од 28 г.н. нормално е да се појават хемороиди,поради хормоните во бременост доведува до ширење на вените ,а и ризикот додатно го зголемува од притисокот на бебето.Tреба да се внимава на хигиената да биде на високо ниво,конзумирање многу вода и да се мачкаат хемороидите со соодветна маст/крема за спречување на хемороиди,се разбира препорачливо за трудници.
Јас имав мал надворешен хемороид ама не ми правеше проблеми. Внимавај да не дојде до затвор а можеш и да користиш крема за хемороиди. Пострашно е после пораѓај ако е спонтан и од напоните или ќе се зголеми или ќе излезат нови ама со правилна хигиена, користење крема и балансирана исхрана ќе поминат.. Односно скоро на сите со природен пораѓај им се појавуваат хемороиди.
Денес влегувам во 29 г.н. За една недела сум на редовна контрола па ке го прашам гинекологот која маст да почнам да ја користам. Инаку на нетов најдов дека било препорачливо да се мачкаат со кантарионово масло
,можеш во аптека да прашаш каква крема можеш да користиш, сепак да не чекаш толку долго,измачување се хемороидите,а ништо не те кошта и со кантарионовото масло да пробаш во меѓу време.
Месиња пробајте да јадете урми и смокви за хемороиди... Сакав да ве прасам, првата контрола кај гинеколог вагинално ехо е или преку стомак? инаку од вчера почна помалку да ме заболува стомак, благи како менструални болки, па пак се пласам! незнам дали е во ред тоа?