Женски можеби прашањево ми е тапа ама ќе си прашам. Левово уше ми е затнато скорз, дали има некаков проблем да го исперам на доктор, да не ставаат некој лек во водата нз
Јас на кој доктор и да отидам, само кажувам дека сум трудна и си знаат понатака самите тие што како. Пред некој ден бев на забар, кажав трудна сум и максимално се препуштив.
Чистење на уши е со топла вода и со специјален шприц под притисок се прави "перење" на увото. Претходно се става хидроген да врие во увото. Незнам хидрогенот во бременост дали е дозволен, а и плус се мери притисок пред чистењето на ушите, топлата вода може да го надразни центарот за рамнотежа во внатрешно уво и да почни вртоглавица и зуење во уво, со тоа и ако е покачен притисокот допринесува плус за вртоглавицата. Те читав за притисок деновиве, и не би ти препорачала додека не го стабилизираш, да не ги чистиш ушите.
Па сме ама таа важи само во вонредна ситуација дека имаме техничка влада и не можат надвор од вомредна да носат уредби затоа сакаат да ја продолжат е сега дај боже да се усвои
Многу позитивна докторка и искрено многу ми помогна да се справам со се што ми се случи во првата бременост. Останавме во контакт и втората бременост ми ја водеше она. Имав високо ризична бременост со скратен цервикс и благодарение на нејзе и матичниот истерав до 34та г.н. трбаше она да ме пораѓа пак, но заради сплет на околности не успеа да стигне, но постојано ме проверуваше на телефон и комуницираше со докторот и акушерката на смена. Во секој случај, прекрасна докторка, барем јас имам многу позитивно искуство со неа.
После 2 скрининг веќе е подруго ,сама нема да сакаш,најосетлив е 8 месец и а ќе почнат болки во половина,препони,од топло отоци. Ако цело време си на боледување и самиот доктор ќе те соверува да продолжиш.
Женски денес сум 37+1 и еве ме лежам на ЦТГ прв пат. Бебето малку си мрда и не знам дали после ќе влезам на преглед и кај докторот или не. Интересен звук слушам ама не ми е ништо јасно Ќе ви пишам пак кога ќе завршам.
Јас бев на боледување до 12та недела кога ми потврди дека е се ок побарав да ми прекинат за да шетам и движам. Можеш да си прекинеш мислам ако доктор потврди дека е во ред..
Кога се пожалив на доктор за затнато уво прво ме праша дали ми е висок притисокот. Така што може и од покачен притисок да се затне уво и вртоглавица
@Alishan30 второто тромесечие ми беше најлесно. Мислам дека можев да трчам. Ајде да речам и почеток на 7ми месец. Ама сега е страшно, не можам да се движам како што треба, стомакот тежи, боли долу ако малку повеќе стојам на нозе, да не зборувам што имам џиновски стапала и тие ме болат при одење ,при стоење.. дланките ме болат поради што ми се отечени. Седната на столица не можам, кичмата боли и таму некаде горниот дел од грбот. И да не заборавам се потам страшно многу, не можам да дишам од топлово. Да мораше да одам на работа сега, не знам како ќе одев најискрено. Секоја бременост е различна знам, ама размисли добро за враќање на работа. Ти баш трето тромесечие ќе го минуваш во најголемите топлини. Ако се предомислиш фино, ако не, бар си ги пишав маките
Душа беее сигурно и јас ќе се жалам, сега се силам само. Искрено од досада незнам ни што да направам. Баш 7-8 ми месец дома ќе реновираме за детска на момата, па планирав вака да ескивирам, додека работат мајстори. А за потење уште сега се потам, салото може ќе се стопи вака што го имам
Мислам дека е индивидуално другарка лани 9ти беше во август секоја вечер излегуваше..ама па она многу се движеше не беше ни отечена додуша вака да ја видиш и немаше некој стомак од позади не и се глеаше дека е трудна и мене ме плашат жештините ја и така не трпам жешко ај тука ќе се жалиме
Јас имам 60 кг. Вака кога ќе видиш и јас не сум многу дебела. Ама ајде, се чувствувам ко 100 кг да имам. Шеткав и јас навечер, пред полицискиов. Друго е кога е ладничко. Сега клима пуштам дома, не можам да дишам. Ко слон се чувствувам @Alishan30 ее таман ќе се врткаш низ дома со мајстори, после ќе средуваш за бебла алишта. Јас една недела перам и пеглам , а за редење мм ги реди, дека јас слон нели, не можам да се наведнам Одмори се додека си бремена. Не се форсирај
Докторот го виде, рече супер е. За секој случај и го испратив и на докторката која ќе ме пораѓа, ми рече ако сум во можност за 1-2 часа да го повторам. Тахикардично било. Требало од 120 до 160 да се движи, а имало тука и над 160 па и накај 180. Што мислите вие?
Јас примав терапија за стрептокока во бременост. Не запамтив која трудница прашуваше. Пиев Алмацин од 500мг 2 пати по 2 мислам беа и вагиналети Полигинакс. На пораѓај ОБАВЕЗНО да спомнеш дека си примала терапија и дека си била пизитивна на стрептокока За зрела постелка и мојата беше зрела уште од 35та недела и имав калцификати. Мојата докторка рече после 36та недела а ќе морало да ме пораѓаат. Но, докторите на ГАК на секој преглед, а одев на 3 ден ме гледаа на ехо и викаа дека штом има плодова вода бе е страшно. Се породив 38+6,природно