@Jana06 @elcezelce верувам дека сте имале лошо искуство и ви го разбирам ставот. Јас првата бременост ја поминав топ на државно, додека неколку мои познанички имаа лоши искуства со приватниве. Што значи дека сепак е до различни околности. Поентата ми беше, на форумов можеби има доста жени кои немаат апсолутно никаква можност да отидат на приватно, па макар и за еден преглед. За да не бидат обесхрабрени и исплашени, претежно безразложно, потенцирав дека јас свесно одбрав државна пред приватна клиника, како и за првата, така и за оваа бременост и не сметам дека е тоа некаква катастрофа. Ако нешто не е во ред со бременоста, џабе се сите приватни клиники. Само позитивно
Се слагам. Јас идев приватно за обични прегледи поради Др. што е излезен од клиника. И кога дојде и за првата и за втората киретажа он ме замоли да одам на клиника. Му се јави на тој што беше дента дежурен (Маџунков). Кога дојдов, одделот чист, уреден, пристоен. Сестрите беа екстра фини, а киретажите предобро направени. После месец коа бев на контрола немаше траг....ни 3 циклуси не пројдоа забременив! Искрено, мор искуство од клиника е чиста 5ка.
Веројатно имаш лично искуство што така мислиш. Мене никогаш никој не ме терал да правам екстра анализи, испитувања, ама имало доста прегледи што не ми биле наплатени и секогаш ми велеле дека слободно може да си правам испитувања на државно, да не фрлам пари кај нив. Докторите секогаш ми биле достапни, на маил, вибер, телефон. За разлика во Ремедика ме пракаа на приватни испитувања баш во Хемолаб, најдоби биле и слично.
Zdravo Devojki.Sakam gi prasam poiskusnite mamicki. 33+4 sum,postelkata bila veke tret stepen zrela.Dali toa znaci deka za brzo ke se porodam ili ke turnam bar da vlezam vo 9 ti?
Да се надоврзам на муабетот за цените за втор скрининг. Систина - 4 600 денари за едно бебе, 6 500 денари за близнаци. Ремедика - 4 400 денари, цената е иста без разлика дали е едно бебе или близнаци.
Во ГАК бев со крварење првата бременост. Првиот пат не сакаше да ме прегледа дежурниот доктор ме испрати со зборовите "тоа ако тргнало да излегува ќе излезе, ништо не ти можам да сменам". Вториот пат три дена подоцна дојдов прва наутро ме примија после 5 саати пред мене пуштија редовни трудници за обично цтг а јас седев на пластичните столици и крварев. Имаше доктор излезе утеши еден татко за трудница со рано крварење како моето дури и му се понуди за повеќе инекции му се доближив за помош и ми рече ете ти го шалтерот таму секунди откако го испрати таткото. Тој што ме прегледа неможеше да најде срце и по 15 мин буричкање ме излажа дека имало. Следниот ден матичниот установи дека нема. Процедурата за чистење ја направив во систина, може да замислите зашто. Нема да имам избор да се пораѓам приватно ги немам тие пари. Кога ќе дојде мигот ако даде господ со оваа бременост ќе се препуштам на среќа и божја милост а дека ќе си имам страв во коски разбирливо е.
И тоа како Рано е уште не сакам да си ја предизвикувам среќата. Ситуацијата со вирусот го преоптовари чаир, ќе видиме наесен како ќе биде. Тие две се само нема трето.
Можеш и Санте да ја размислиш знам дека имаат многу лоши искуства но има жени што се презадоволни а се упола цена од другиве приватни. Инаку мој предлог е кога ќе почнеш на прегледи во чаир или гак најди лекар и обавезно мито на него и сестрите само така че те гледа ако немаш врски
Истото и до мене се случи само што го немав коментарот тоа ако решило да искача ќе искача. Мене ме гледаа две различни за втората бременост едната не гледаше плод како вон матерична во 5та недела ме водеше и сала дури дакаше да спреми ама се предомисли, а другата гледаше плод. Крварењето не знаеле од каде е тука не се гледало и на крај има срцева реакција ми викаат во 6та за два дена одам на приватна клиника ми викаат нема. Што гледале господ ги знае али кои и да беа со две леви раце беа и никогаш повеќе таму не би стапнала
Не,тоа не значи дека предвремено ке се породиш... треба само да се следи растот на бебето. По некоја логика зрела постелка не може доволно да го храни бебето,но тоа не мора да значи. Јас го имав истиот проблем во првата бременост,па бебето си се роди 38+ некој ден со килажа 3 и нешто. Треба да одмараш и да се храниш здраво.
Еве и јас да ти кажам мое искуство. Во 36та недела ми кажаа дека постелката ми е 3ти степен зрела, а се породив точно на термин и бебето за цел тој месец имаше напреднато цело кило. Така да, нема за што да се секираш
Знам дека на клиника има лоши искуства, во ниеден случај не ги оправдувам за односот. Ама можам да разберам зошто некогаш немаат трпение. Таму иде цела Македонија, колку пати сум слушала не знаат да зборат да кажат за што дошле и пак ќе кажам не оправдувам ама има буквално свашта. На жалост што како Скопје нема ни приближно развиен град и се е сконцентрирано тука. Јас за што и да сум отишла на ГАК сум задоволна. Освен, кога мене не ме разбираат вработени на жалост, па малце треба да се намачиш за инфо.
Ti blagodaram,ubavo.se razivaba bepceto i napredno e.Pa nataka se nadevam deka nema da ima nikakov problem.
@Tsukinory јас ќе се проаѓам во Санте, одам редовно на контроли таму кај докторот што ќе ме пораѓа, ептен е професионален и во секој момент достапен на телефон, вибер за што и да ми треба... Кога крварев исто одев таму примав инекции, сега цтг, прегледи и од сестри и од персонал досега сум многу задоволна... Неможе да се спореди со ГАК (секако чест на исклучоците), и сепак секој со својте очекувања и искуства