Женски ве молам за искуство.. Сега кога се бричев приметив дека на срамните усни и на чмарот имам израстоци како папиломи. Прочитав сега дека доколку има такво нешто мора царски.. 39 недела сум, дали има некоја искуство со вакво нешто
Не знам ни како изгледаат папиломи. Најубаво е утре да отидеш да те види доктор. Јас на тие места имам приметено само проширени вени како испакнати.
Во 5ти месец ги обележав точкиве црни каде чувствувам како пулсирање повремено, скоро цел час. Јадев благо па почнаа. Можно е да се движања на ова место, во овој период или некој мускул ми мрдка? Се си мислам дека под папок треба да го чувствувам бебето, бар досега така беше
Баш е како ритмично пулсирање, маж ми ми вика моето срце било тоанекако горе ми дојде мрдкањето, затоа се зачудив. Кај треба да ги очекувам движењава? Низ цел стомак?
Јас цела бременост таму ги осеќам движењата.. Обично кога јадам благо се размрдува. А можно е и да ика..
Фала ви на брзите одговори , сега на таа страна, на лева треба да спијам, како ќе ја згмечам бее За папиломите незнам Инна, затоа не ти пишав, штом се од скоро појавени, да ги ѕирне и гинекологот па да ти каже. @lemon8ejt и јас така досега. Ова сега првпат погоре почувствував како у ритам, па престанува. Валда сум ја прејадила со благо па се израдува
Кога седиш лежиш на лева страна има најмпгу простор и најмногу мрда, пробај да седиш на левиот колк ќе ужива во слободен простор
Се сеќавам другарка ми кога трудна почувствува пулсирање па баравме читавме што може да е, нејзе после секое јадење, благо солено. И кај нејзе испадна дека е аортата, стомачниот дел на аортата дека заради зголемен проток на крв па баш после јадење го чувствува пулсот на аортата како најголема артерија тука. Ништо страшно скрос нормално. Доктор и рече само да гледа кога може да не спие на грб и толку. Јас се си мислам многу ако не и сите чувствуваат пулсирање, ама кој обрнува внимание
Може, јас на последен преглед каснав пред ехо и почна да ика и го фативме како ика на ехо... се смееше докторот види го ика
Се смирува сега, поретко е веќе, но ме изненади, зошто првпат вака ми се случи. А признавам кога седам ретко сум на страна, се сум на грб во полуседната положба, можно е и простор да сум и скратила сега сум на лев колк легната, и добро е.
Јас тек во трето тромесечие почнав горе да ги чувствувам. До 26та недела ги чуватвував под папок и скроз доле. Може да е и твоето срце, пулс. Или пак си шетка бебе или ика
И јас ги имав истиве пулсирања баш кај што ти е обележано но и јас како маж ти мислев дека е моето срце и така остана сега ве читам дека е можно да е икање ќе видам баш на следно прејадување