Многу Јанче, сега нема да се видиме ќе е во државен карантин, ама после 2 ипол месеци тортура и влечење веќе крајот се гледа
115.000 е царски рез плус имаш тест за корона и околу 2000 за идоитувања Полесно е сега кога е до тебе мажот, и мојот конечно дојде денес во Скопје кај мене па сега го чекаме само бебето
Duso ne se sekiraj koj rekol kako rekol.Bitno e ti i bepceto da ste dobri.Jas sum popravena 25 kg site mi komemtiraat ama ne znam jas ic ne se zamaram.Koga ke si se porodis ke si oslabnes. So lesno i opusti se A sto se odnesuva do bolkite ke si setis so sigurnost.
Јас сум во Шведска и тука имаат поинаков пристап на работите и поинаков третман. Пример, вас ви земаат брисови во текот на бременоста во случај да не настане компликација, јас тука им кажував дека имам проблеми со мокрење и под ПРЕТПОСТАВКА крв од мокраќата и ме убедуваа дека малку крв е во ред во бременост. На моето прашање зошто крв и од каде, немаа одговор. На крај морав да молам да ми го проверат бебето и да ја пратат проклетата мокраќа на испитување во лабораторија(не со стапче, како што правеа, за да видат дали има инфекција) и да видат конечно дали има присуство на некои бактерии. Си го знам телото и знам кога нешто не е во ред. Сега им се препуштам и ќе им верувам дека ова е правилен третман за заштита од стрептокока на бебето, не гледам друг избор затоа што не сум стручна.
Здраво. Бремена сум 39 недела и 1 ден. Овие 2-3 дена имам како исцедок ама проѕирен и како лигав и не мириса лошо. Ако може некој да сподели искуство со исдецок при крај на бременост, се надевам дека не е ништо страшно во поглед на инфекција, бидејќи се проверив се и немам никаква инфекција.
Ако е како белка од јајце се ближи крајот. Јас имав таков секрет и по неколку дена беше истиот помешан со крв. За неколку саати почнаа болките.
Пред саат време при бришење имав розева крв на тоалетната 28+ сум. Животот ми се скрати... Бев во државна, ме гледаа со ехо на стомак, со сонда па и вагинален преглед со рака. Рекоа се е во ред освен што имам инфекција, најверојатно ради тоа било крвавењето и утре да направам брисеви. Исто ми кажаа од такви инфекции често се случуваат предвремени породувања. Ми дадоа утрогестан и препорачаа мирување. Јас незнам како ке ги преживеам овие 2 месеци, се надевам само дека ке истерам до крај и ќе биде се во ред...
Оу је Конечно Како видоа дека имаш инфекција? Утре брисеви одма направи и уринокултура, на приватно за да имаш побрзо резултати.
Каде треба да боли за да започне породувањето, да кажам? Во 11 си легнав со мака, како грутка да имав у жрлудникот. И пред скоро ме разбуди болка во долниот дел на стомакот.. Болка што се трпи, се јавува на моменти; на 10прсти од папокот надолу.
Здраво женски сакав да прашам мислење, ја сум бремена 18 недела и овие два дена стоев многу на нозе и чистев ама никогаш немав проблем нешто со тоа до вчера, имав однос и отидов да се бањам гледам крв доста, не црвена чиста, туку црвена со слуз и многу се исплашив.. отидовме на дежурно ме прегледа прво ехо на стомак бебето беше добро му чукаше срцето што е најбитно, и потоа ме прегледа на бокс мислам, прв пат да седнам на тоа и стави нешто железно колку можев да видам да види од каде крв има, и ми рече да мирувам и толку. а мене од вчера ме боли стомакот доле кај јајниците и едвај се движам од 3 часа сум будна.. ми вика како ќе раѓам ама стварно досега никогаш не седнав на тоа нормално дека ми е од прва срам и страв се вмешано,, сега ме интересира дали е можно болката од тоа железно, зошто ме болеше многу кога со тоа почна ниту знам што е
Тоа е спекулум, алатка за да ги рашири усните на вагината да види како е цервиксот. Можно е за време на секс да си се раскрварила затоа што си поосетлива во бременост. Чим ти кажал да мируваш тоа треба да го сториш. А прегледот е незгоден ако имаш ранички и боли, никој не го сака ако ти е за утеха
Отоци може да имаш, не е чудно. Јас сфатив дека имам кога почна да ми трне раката. Намали внес на сол на минимум. Ќе приметиш разлика.
Девојки само што станав и бев до тоалет утрово. Забележав на бришење кафеава сукрвица измешана со слуз. Да одам ли на гинеколог? Или да почекам да видам дали пак ќе има? П.С. Десната страна ме сечеше вчера повеќе од вообичаено.
Девојки што се случи ноќеска? Сите со некој проблем. @Tsukinory Јави се на гинекологот и кажи му, па ќе видиш што ќе ти каже дали да одиш. Јас не би оставила така. @macufce Што направи? Поминаа болките или имаш некоја новост?
Ќе ти биде мисла и нон стоп ќе одиш и ќе се бришеш цело време. Been there. Појди на гинеколог за мирна да си ти. Најчесто не е ништо страшно, ама за мир, најлесно ќе се смириш ако појдеш.
Мене стомакот ми е многу високо, преќу цела нок на саат два имав како бодежи од нож, незнам дали се лажни или вистински контракции. Еве сега ќе одам во Ремедика да видам што ќе ми кажат, 36+5 сум некако рано ми стои