Можеби си пишала претходно, не ја читам оваа тема редовно. Значи случајот ти е специфичен, затоа ти ставиле. Со лесно.
Вакви случаи кај што има опасност од предвремено породување не примаат во чаир, праќаат во државна чаир немаат инкубатори. И матичната рече требале уште ноќеска да ми провераат крв, црп тие ни денес не ми проверија. Ноќеска и денеска тотално се разочарав од ГАК а имав поинакво мислење.
Немам зборови,толку се незаинтересирани. Место тие сами да се растрчаат,да испитаат се што треба,да те следат и да се чувствуваш дека си во сигурни раце,те оставаат сама. Што можеш да правиш дома во ваква ситуација?!?!?! Дали ке се лекуваш и испитивааш на база на тоа што членките од форумот ти пишуваат. Здравството ни е за греота.
Оди на ГАК инсистирај да те примат, со мирување и третмант ќе биде ок. Колку време ти тече, не си осетила до сега?
Јас примив таква инјекција (флостерон, мислам не го утнав името) во 32ра недела, јас ја примив поради што ми се појави алергијата што си ја имам секоја пролет, нели инјекцијата е кортикостероид па наместо да пијам лоратадин и капки/спрејови матичниот ми рече да примам една доза и ми кажа дека е и за зреење на белите дробови на бебето, иако немам индикација дека може да се случи предвремено породување. Јас сега прв пат тука прочитав за намалено движење на бебето, искрено не забележав ниту некој ми напомна што да очекувам, битно алергијата до вечерта ми се смири.
Имав некој минимален исцедок и тоа најчесто после одење во тоалет, незнам како да објаснам. На ехо плодова вода има, не е намалена. На преглед отидов ноќеска поради тоа што при бришење на тоалетната имаше розево. Сега лежам дома, најдовме една докторката на одмор е, во четврток почнува на работа, се надевам дека до тогаш ќе е се во ред па таа ќе превземе нешто. Ако немаш човек, страшно е.
Zdravo trudnici sakam da prasam dali otkako proglasija pandemija ne odite na rabota I kako vi gi isplakaat platite za ovie dva meseci celosno ili na 70%
Јас да пишсм и денес да не останам покусо. Денес излегов купив се што ми недостигаше. Торбата ми е спремна. Сега уште да си спремам алишта. Во петок ќе одам тука во болницата на ЦТГ, а во сабота заминувам за Штип на преглед и најверојатно ќе останам таму да си чекам болки да ме фатат. Многу ми е тешко веќе. Стомакот ми тежи, бебето многу е активно.. Стигнав до 37+5 и искрено мислам доста е веќе Докторката која ќе ме пораѓа ме зафркава дека може и термин да надминам, да си бидам малку по стрплива бидејќи ништо не се знае. Ми кажа да си купам диазепам од 5мг и одма штом ме фатат болки да си пијам едно и да одам смирена на пораѓај. Ме караше и она ми кажа дека не сум го оставала бебето да одмори од што цело време сум замислена и загрижена. И така.. Уште малку остана, си се тешам некако.
Со лесно женска. Се возбудувам и јас кога читам вака Ја сум 34та недела, ништо немам спремно во торбата, а богами и торба треба да си набавам
@Radost i ocaj во темава пишуваш мислење со веројатен термин на пораѓај и пол ако знаеш, а потоа ќе те стават во списокот. Еве го линкот https://forum.femina.mk/threads/Термини-на-породување.3883/page-269
Мене ми кажаа да дека влијаело и ја сум 3 месеци на 70% ..бидејќи се гледа просек од уназад 12 месеци платата
Придонедите мораат на цела плата да ги поминат и не смеат на трудниците да им ја намалат платата(придонесите), а може и 50% да те исплати ама придонесите на цела плата. Ама не верувам секако има некоја дупка во законот во прилог на газдите
Jas devojce sum izrevoltirana od GAK sto prvata bremenost mi idase da utepam.Pa se javiv vo ministerstvo za zdrastvo i taka zavrsiv rabota.T.e od ministerstvo za zdrastvo ja imaa iskontaktirano direktorkata. Kako moze taka da te ostavam.Sramota
Не знаев за ова искрено во мојот случај не верувам бидејќи на принуден одмор се водам ...како можам да проверам знаете?