Сега се вратив од преглед бев во Чаир. Ako dobro запамтив докторот што ме гледаше беше др. Дика (ако не сум грешка ) Преглед детален, пажлив, за разлика од државна каде имав ненормално болен преглед, прво стажантка учеше на мене, преглед со рака, а потоа и докторска. Ми остана траума, денес со страв отидов на преглед. Плодова вода има,додека ме гледаше не течеше ништо,рече да носам влошка и да пратам. Нема простор за паника, да видиме брисевите какви се. Од кандида вика сигурно нема да ти прсне водењакот. Во државна ми рекоа и да не ти е прснат, од инфекцијата ке ти прсне. Ми проверува и крв, леукоцити, црп се беше во ред. Така да драги мои трудници, мојот план да се породам во државна падна во вода. По се изгледа дека ќе биде во чаир здравје боже и така најдов врски таму сега...
@Ceculka нема врска со твојот пост нои многу други членки што ги имам читано, зошто мислите дека докторите во странство се постручни и дека тоа што е во странство е поправилно? Јас напротив знам многу случаи кај шо апсолутно појма немале или воопшто не се замарал... Кај нас во Мк има многу стручни и добри доктори, искусни и добро потковани... Немора да значи дека докторот во странство е подобар само ради тоа што креветите и болниците се понови или било како...
Да се надополнам за гелот, при операција нели ставаат на прст оксиметар мислам се викаше, за мерење на сатурација на кислород. Со гел на нокти не може да мери уредот.
Se soglasuvam so tebe,vo Mk nemav moznost da vodam bremenost do kraj,imav spontani megjutoa zabelezav deka doktorite se mnogu postrucni i obrakjaat mnogu poveke vnimanie za razlika od tuka vo stranstvo.
Не реков дека чим е во странство е поправилно и докторот е подобар,само искоментирав за маникир дека не е дозволено а педикир може.Инаку секој си знае за себе што е најдобро и како ке постапи.
Затоа и пишав нема врска со твојот пост и претходно имам читано за стручноста на докторите и на други форуми и теми и од други членки и се надовразав на муабетот
До 01.06 нема да можат да ти го отворат породилното, зборев со матичниот. Али тие пари на нас ни се изработени така да сега што плаќаат 2-3 месеци не е ништо и реално не е некој платен којзнае колку пошто еденработи за тројца во приватното
Зошто педикир не? Сакав и да ме излакираат на нозе, за на раце знам дека не треба.. Не знаев за нозе дека е исто.. Не мора да ме лакираат ама сувата и мртва кожа нека ми ја отстранат.. Ноктите на нозете не можам да си ги стигнам да си ги исечам..
Знае ли некоја кога се крати цервикс дали тоа е постепено или наеднаш? Денес имав некој густ исцедок, нема боја но ми отиде црвот дека е дел од мукозен чеп. Др ми рече, не е страшно само ако имам болки да одам ама психа ќе ме убие па утре ќе отидам на преглед за да сум мирна или ако треба да се реагира. И вие што имавте омекнат цервикс дали имавте таков исцедок? На контролата пред 2 недела се беше во ред во врска со цервиксот
Јас цела бременост сум со млечно бел секрет и одвреме навреме како густ леплив растеглив како чеп... и не сум отворена за жал. Обично чепот не е чисто бел...ама во секпј случај консултирај се доктор... да не ти биде мисла
Е да, такво беше. Густо, растегливо ама не како претходно што сум имала. Ме смири малце а секако ќе одам утре. Фала ти И јас имав ама овој беше поинаков т. е повеќе густ.