Јас имав два три дена густ безбоен исцедок во 30та недела. Тогаш не бев во Скопје, докторката ми рече ако ми се јават болки да одам на лекар и толку.
Девојки сега ми се ближи 2 скрининг 21-22 г.н. Сакав да прашам после тоа што прегледи следуваат? Гледам дека 3тиот скрининг е некаде 30та недела.. нема шанси да издржам 8 недели без преглед... Дали и понатаму се прават ехо прегледи на 4 недели се до крај? Или како вас ве водат докторите?
Јас бев во 20та на скрининг кај Димчев, 24та ехо кај матичната, 28 трет скрининг кај Димчев, 34 ехо кај Димчев, 35 сега за брисеви без ехо кај матичната.
Од истата причина како за рацете. Може да се средиш, ама лак не ставај. Мое мислење, одлуката си е твоја на крај.
Мене матичниот ми рече 2 недели после скрининг да појдам кај него за ехо и ќе видиме скриен шеќер дали да испитувам, досега не сум јас некои може и порано испитувале
И јас не сум испитувала пишува на нет накај 24 недела дека се испитува освен ако нема индикации за порано ..па валда затоа уште не ми рекла секако ќе прашам наредна недела. Ти која недела си?
Удобно и изгледа од каде го зема? Одмарај си дома лежи колку што можеш и не се плаши нема ништо да биде. Јас денес со болки во половина ме убиваат. Се плашам и од бактеријата и од цервиксот од 3.5мм а сум само 17та недела. А навистина неможам никако да одмарам и лежам. тек на 15ти јуни на контрола. Се надевам се ке биде во ред. Земам терапија и тоа е...
Па мене ми рече и као ќе видиме дали ќе испитуваме незнам дали задолжително е или пак ако има индикации не сфатив. Инаку 19+3 сум
Ќе видиме баш што ќе ни кажат змаж дека март април лабораториите не правеа за секој него ако има индикации сега сигурно почнале
Јас цела бременост имам бел кремаст исцедок, некогаш и поредок, а немам никаква инфекција, ниту па некои болки. Пред два дена ме фати цистит и болки некои и ми измери цервикс, ми беше 2 мм помал од потребното (23 недела, минимумот треба да е 35,а мене 33 ми беше, но не ми рече нешто како да лежам или одмарам, ми даде само утрогестан по еднаш да ставам. Така да не би требало да е ништо страшно исцедокот, ама сепак мери си често цервикс.
Ти кажаа дека е мала вредност за цервиксот? Зошто во 18та недела јас кога бев ми измерија 3,5 ми беше и докторот рече во ред е. А во 11та недела ми беше 4,5. Сега кога ти пиша дека ти бил ист како мојот, ме замисли малку. А за скрининг јас кај 22+3 ќе одам, ве читам до 21ва требало, моево касно е?
Не ти е касно дп 23та се оди..јас дека на 2 места ќе одам и затоа едниот сега во 20та а другиот ќе ми се фати исто како тебе 22 +3-4
Не,напротив демек во ред е должината за неделите тогаш 16та бев... но некако се сејќавам со првата бременост дека последно мерење на цервикс 30та паметам бев 40мм ми беше и сега некако краток ми се виде (пази како јас да сум доктор) Но ср плашам,царски рез правена пред 13 месеци. Пред тоа хистероскопија и метропластика мислам де викаше ми вадеа септум и ја поправаа матката. Пред тоа мртов плод киретажа... Некако мислам телово ми е исцрпено. А и ме докрајчи бактеријава што се плашам да не предизвика дополнотелно кратење. И за неа докторкава ми рече ке ја средиме но ете не сум јас учена раат да си бидам. И за скининг таман си. Мене 21+ ми доаѓа. До 23+6 прават.