Јас денес бев на преглед,фала му на појасот ми се среди цервиксот,и ми се качило бебето погоре Ми падна камен од срце Минатиот преглед беше цервиксот премнг скратен
Може ли да споделиш колку бил скратен цервиксот и во која недела? бидејќи сега спомна дека ти бил подобрен.
Од Италиа од една другарка што го донесе ама мало и беше. Сигурно и појасот е добар, ама ова не се осеќа дека го носиш. 5ка За ниско носење баш. Има и за пост пород од иста фирма. Само не пишав дека од Италиа е, не знам дали има нешто слично кај нас. Стварно е преудобно, а може и психички пораат да си
Во 28ма неделa бев на преглед кога рече дека е скратен, може и од предходно бил скратен немав отидено од 25та недела Значи во 28ма пишуваше 24мм А денес 33та пишуваше 41мм
Може да го сликнеш појасот? Мило ми е што се средила состојбата, прочитав и јас на странски форум дека со соодветна терапија и мирување на многу жени им се има продолжено цервиксот, ете ти си пример дека може. Може сум досадна ама пак ќе повторам, јас сум со цервикс од 25мм од самиот старт, на последната контрола 27мм, ама читајќи ве вас што со 35мм сте исплашени ми изгледа како да сум безнадежен случај. @lemon8ejt може да ја прашаш другарка ти од која марка е појасот, кај го има купено/порачено?
Пост породилен појас сакам да купам, ама во Зегин ми рекоа дека немале и дека џабе сеа ќе сум гледала, после породување требало да си го пробам и да видам кој ќе ми одговара..
Јас сум мнг задоволна Од medicushelp го купив,таму ми рече гинекологот да одам 2000ден Лежев одмарав ама не премногу Колку можеш да одмараш со дете од година ипол ама се трудев цело време со појасов Мнг ми беше ниско стомакот и мене ме фати страв ама ете се среди
Еве го, видете на нет може и има од некаде да се нарача. Мене ми се свиѓа бидејќи е екстра комотен, а доле е како ластик од хеланки за вежбање да речеме, стиска ама не како појас.
Да ова личи по комотно и удобно Мојот појас стиска,како и да е на лепенки си го местиш колку сакаш Мое мислење е и дека треба да стиска за да се качи..
Да, дефинитивно ако е за качување треба појас. Мене не ми е ниско, само бебето мн рано се сврти со глава па кога ќе добие на тежина ќе прави притисок. Ова го држи стомакот да не виси и ваљда ја намалуе тежината. Го најдов на Амазон има и други производи од брендов ако некоја може од Амазон да нарачува.
Мамички 30+0 сум, бебуш е со главчето надолу пред две недели бев на контрола супер е се така кажа докторот. Денеска сум многу исплашена премногу мрда долу ниско и ме удара и на 5 мин во вц ме тера. Лежам и пак исто не застанува и се плашам. До сега не сум осетила толку јако да ме удара посебно не толку ниско дури заболува. Дали некој друг осетил вака?
Јас бев така до кај 33-34 недела, потоа се подобри ситуацијата. Кога ме удираше осеќав како да ме сече нешто и некако непријатно како да ми брца некој со нешто. Не е страшно ќе ти помине.
Па и мојот е ист што го постирав погоре, исто од медикусхелп е. Задоволна сум, а и реално треба појас малце да стега за да има ефект.
Јас мислам дека ти треба појас како Bella што постираше, целта е да го затегнеш долниот дел од стомакот. Најубаво кога ќе одиш на контрола (ако се решиш за ваков) доктор да ти го намести,јас сум го ставала горе и лабав. А треба од прилкна над срамните влакна. Потенкото каивче е за кичмата и стварно помага. Имав ист ваков од Медикус и го носев речиси 10 недели. И кај мене од 29-30 беше надоле со главчето и така си остана до раѓање. Знаеше многу непријатно да мава,со едното ноџе редовно во ребро,а со рачињата како да ги боскираше јајниците Ќе помине,се се издржува
Мешиња ова утро ми се случува нешто чудно. Станувам и се намокрив .. 28недела сум уредна бременост имав сега се плашам. ..сменив гаќи и Како се движев осеќав пак како се влажнам по малку и пак се намокрив...дали е можно воденјакот да ни прснал толку рано ми се плаче.. бидејќи јас тоа чуство не го знам со првите две бремености дури во болница воденјаќ ми пукна...
без разлика што живееш во странство тоа е така ,барем кај нас , како што веке пишале доколку дојде до пад на кислород во организмот прв знак за тоа е ноктите, тие посинуваат , јас имав мала лесна интервернција каде што мораа да ми стават анестезија и да ме успијат , и ми донесоа ацетон и памук да си го избришам лакот , затоа и знам дека не дозволуваат ..
Ај пријави ја фирмата во трудова, да видиш што ќе ти кажат. Не постои таков закон каков што си мислиш. Остана препорака. Нејсе, по Закон за раб односи фино пишува како работниците се исплаќаат во вонредна состојба. 70% како принуден или 50%. Сте си замислиле некое право и на тоа терате. За "брак" мора однос од двете страни. Не знам во какви фирми работите, што сте толку фрустрирани на работодавачите. Чим не биле фер во минатото, што па вие сте им биле лојални 5, 10 години?! Не ми чини, не ме третираат ко што треба, чао. Бар последниве 2 год има недостаток на кадар на пазарот. Посебно скопски регион. Сдк, џабе "правда" ќе тераш. Ѕвони во трудова и види што ќе ти кажат. На жал, многу вработени си го покажаа лицето во ситуацијава. Многу вработени сметаат дека платата им е загарантирано право, а тие немаат никаква идентификација со фирмата каде работат со години. Нејсе, мислењево не е за тука. Има тема за корона и бременост. Браво на @Dana31. Ретки се ваквите!
Откако почна да клоца појако мислам вагинален канал ми продупи. Мода сега сум 29+0 и се е десно скроз напикан и под ребра. Ако му седам долго свиткана се дешава ова почесто.
За жал и уште повеќе работодавачи си го покажаа лицето и односот кон нивните лојални вработени... И да така е зошто ќутиме, ја знаете онаа ајде бе има и полошо некој не ни работи или ќути бар некој денар ќе капне, или кај јас сама ќе истерам правда... Ама да се крене гласот на повеќе работници ќе истераме правда и тоа како... Никогаш ама никогаш нема да бранам газда, особено оние на фабриките.... И секако дека платата на сите вработени им е и тоа како загарантирано право!