Добра сум, фала на прашање. Денес ги земав брисевите, бактерија немам, имам кандида.Пијам антибиотик, плус вагиналети ми дадоа. Строго да лежам и понатака. На контрола сум за 10 дена, се надевам дека ќе е се во ред, нема да има потреба пред тоа да одам. Денес сум 29 та полна недела, деновиве осеќам како ми се стеснува стомакот па малку ме фаќа паника. Во понеделникот бев и на цтг, беше ок така да се надевам дека и стврднувањево е нормално за овој период од бременоста.
27 недела значи влегување во 7 месец или крај на 6ти месец? Сегде различно се води зато прашувам? И уште нешто б6 колку пати дневно е дозволен?
По мојава апликација 6ти месец има 5 недели и завршува со 26та. Значи 27ма влегуваш во 7ми :/ којзнае дали е така точно
Здравоо, имам прашање дали некоја од Вас имала проблем со болка во кичма ама да и се кочи цела нога, значи осеќам како да ми е нешто фатен во само левиот дел од кичма како некој нерв и да ме боли цела лева нога веќе недела дена многу тешко одам не можам седејќи се облакам. Се ајде ќе помине ќе помине да не е од промаја дека овие денови слабо спијам и се откриена спијам или пак нешто друго е . Денеска ќе одам до матичен да видам што ќе ми каже ама да Ве слушнам и Вас ?
Многу јаки болки и јас имам. Колк ме болеше ама сега и кичма како да сум стоела во место 4 саати. Дури кога ке си легнам и страв ме фајќа што толку ме боли. За колков вејќе и се навикнав да ме боли како да ме гризи кучи ама за кичмава богами и јас се плашам. Може се ширим што знам ... немам идеја.
Пред една недела иста бев,само десна страна. Ми помогна многу истегнување и некои вежбички има многу по интернет. За два три дена скоро како нова. И мачкав еден гел за ладење на природна база . Со помин.
Ништо страшно не е, ќе видиш и на доктор бебето фатило некоја положба и ти стиска на нерв. Биди мирна за тоа.
Скоро пишуев со една членка. Тоа е ко ишијас, само кај трудници се случува затоа што се шири карлицата и веројатно притиснала нерв. Тој нерв кога боли значи дека е воспален и треба мирување. Вежбање и пешачење само ќе го успорат опоравувањето. Има вежби за истегнување на нет, со ластици а можеш и без. Исто и јас мачкав од спортската крема. За 2-3 дена ми помина. Знам ужасна болка е при некој покрети.
2-3месеци скоро бев така ,бебето притиска на некој нерв таква положба има заземено освен да зголемиш малку доза на магнезиум неможеш ништо друго да смениш ,останува да чекаш бебе да се помести само . @NanaMal со лесно
@Happyinlove @Anaouou раздвижувајте се, никако уседување! Од тоа најчесто боли кичма, а тоа со ногата е веројатно ишијалгија. Мене ми се случува кога патувам со кола долго (и нетрудна) или едноставно седам долго во иста позиција. Колку можете движете се.
Нека праша најубаво Доктор, да не даваме ние терапија, него совет. Затоа што ако е нерв и се рашетува сериозно може да си ја влоши ситуацијата. @Anaouou
Не е проблем ќе сликнам, кога ке имам прилика денес, одамна го имам. Го купив заедно со еден наддушек не ми текнува фирмата која беше на попуст 3000д. Незнам дали го има по аптеките