Врска немам, мислам дека не го мерат ако нема некој проблем или ги напнеш да ти измерат. Мене дур не се пожалив на болки не ми измерија,а мерат вагинално,бар така е најточно.
Јас бев на ехо, бебе супер, се супер. Исцедокот којзнае што беше. Во 29+5 цервикс 30мм.Претходно мислам 33 ми беше. Рече превентивно да одмарам повеќе и наредна недела пак да одам да видиме дали ќе се крати. Под 2,5 се сметаше за краток цервикс?
Под 25 строго лежење. 30 е така, без замор. Плус 29+5 си, физиолошко скратување се случува од 28 до 30та недела.
Баш тоа ми го објасниа на последната контрола... Порано било нормално до 3cm а сега до 2.5cm. Само треба да се прати неговото кратење. Кај мене на почеток грлото беше 6cm. На никој не му се веруваше...мереа по 2-3 пати за да се осигураат. Сега е 48мм но пак морам да лежам без разлика на должината.
Да баш те пратам. Тебе должината ти е топ, само контракции имаше така? До која недела стаса? Прими инјекции за зреење?
Да тоа е ишијас ми даде маст да мачкам АЛФА некој гел ептен загрева мислам дека не би требало да смета нешто ? Не ми препорачува да пијам ма да и јас не сакам само да не смета нешто тоа а јас ќе трпам.
Да имам контракции,сега е нешто подобро од пред 2 недели. Ама одмарам и моторчето скоро и го згаснав . Уште пред два месеци ми рекоа мирување,(лежев 2-3 дена) и пак по старо. Е сега кога од вилушка потешко не смеам да кревам,кога ја претерав морам да слушам и лежам. За зреењето прво ми рекоа да влезам во 32ра и ке примам зреење.Кога влегов во 32ра ми рекоа да издржам некако до 34та. И еве одмарам ве читам и чекам да помине времето . Мм малку се подослободи и ми вика: - Ова на крај нема да сака да излезе . Денес имам позитивни резултати во врска со димерите. Пред 10 дена беа 3750 денес се 2400. Не се средени ама барем паднаа и тоа за доста. Сега сум 33+2.
Јас ги имам сииите проблеми што ги зборите погоре, ама за чудо еве терам. @Среќичка ок ти е цервиксот за неделите ама да, намали активности. Јас сум со 2,5 уште од 18та, ми ставија и серклаж и еве држи 27ма сум уште е толку. 2,5 е границата. И цело време сум со контракции кои очигледно не му влијаат на цервиксот ама стварно не ги можам. Два пати бев на ЕМГ снимање - рамна линијсжа, дури срам ме фаќа што паничам а не покажува. Бев и на цтг, за пола саат две контракции од по 30. Никој не е загрижен, докторот не ми дава терапија. Лежам и пијам магнезиум и толку. А си се стега ова си тера. Не знам веќе. Ко за беља цуцава моја ја мерат и помалечка за една недела, можда и од секирации, морам да ојачам исхрана. Си си кажав маките
Затоа тука за совет, а Др ќе си прашаш што да правиш. Не штети Алфа, ќе те загрее баш е гел сум ставала. Плус само пар пати ќе намачкаш и ќе пројде ќе видиш. Не се рашетувај.
Ги добив резултатите од брисеви и уринокултура. Брисеви чисти, а на уринокултура Ешерихија Коли 1 милион на мл... И знаев дека ја имам пошто на обична анализа на урина имав нитрати... Сега во вторник на контрола ќе бидам "збогатена" со уште еден препарат плус т.е антибиотик...
Јас од синоќа десното око не можам да си го смирам, само ми трепка како некој нерв да ми мрда. Сабајле осетив и боцкања во десен јајник ама кратко траеја. Сега се вратив од ЦТГ, доктор повторно немаше, акушерката рече овие контракции за разлика од претходните делуваат по реално и веродостојно, претходно поради раздвиженоста на бебето се јавувале, а сега по вистински биле, иако не толку високи. Утре одам на преглед конечно, се надевам ќе ми речат да останам во Штип и дека блиску сме до породување. Еве ви сликички, првата е скинат лист, пак ме оклучија одново на ЦТГ бидејќи се измести бебето и испрекинаа отчукувањата.
На брадавиците ми се појавија жолти закоравени како лушпи. Знам колоструме, мачкам со масно ама си стои, како запушени. Дали да се секирам?