Дали треба некаде да се пријавам дека ќе излегувам за време на полициски час за преглед? Во понеделник имам закажано а неможат за брзо да ми презакажат па ќе морам да отидам. Доколку некој излегувал ве молам за инфо.
Се јавуваш во МВР и кажуваш име, презиме и од каде до каде одиш, они ќе се известени и да ве запрат само ќе им кажете податоци.
Девојки првпат ми се случува ова. На момент ја почуствував матката како се затега целата и отпушта. Цел ден лежев само што излеговме да испазариме и се вративме фатив да раскревам и се случи. Не кренав ништо тешко. Дали да звонам кај доктор да прашам од што ми е? Се загрижив многу. 14та недела сум рано е за лажни контракции...а имам чуство дека за тоа се работи.
Mene denes mi se sluci kako da mi se stegna matkata, mi se napravi kako topka tvrda ispaknata dole stomakot. I mene mi e rano 16 nedeli sum. Se prasuvam dali e kontrakcija ili nesto bebeto se vrti... Neznam
Како што се сеќавам и мене ми беше така 14та 15та недела затегање и пуптање во стомак негде прочитав дека тоа е движењето на бебето..сега веќе во 19та се осеќа клоцање како што си расте. Нема простор за паника искрено за контракции не знам како би требало да изгледа но не верувам да е тоа
Ај пријавете се во https://forum.femina.mk/threads/Термини-на-породување.3883/page-270#post-4978171 термин за породување , знам сите ве нема
@Milkiway Па од денес почна да претка. Прва бременост ми е немам врска како изгледа сето ова, искрено утрово беа пеперутки попладнево незнам што ќе беше ова. Колут напред и назад? Многу чудно чуство се преплашив.
И јас така осеќав како некој да гребе внатре, после тоа два три дена ми се подигаше стомакот неколку пати па после малце послабо и сега како кечер некој е особено навечер кога треба да спијам се разгибува
И на мене ми се дешаваат некои затегања, некогаш знам од гасови се, ама некогаш знае да оди накај јајник или пак чувствувам како некои чудни пецкања. Апликацијата што ја користам на телефонот ми кажува дека вообичаено било round ligament pain за овие неколку недели па си мислам тоа е, се шири матката, притиска наоколу на мускули. А пијам и магнезиум. Не се оптеретувам, мислам дека е нормално.
А за преткање, рипчиња, пеперутки ништо од тоа не осеќам ама мислам и рано е, плус мене плацента на преден ѕид ми беше на скринингот во 12 недела, па си мислам дека можно е и покасно да почнам да го чувствувам.
Денес сум 38+3 и бев на преглед конечно. ЦТГ беше активно, контракции имаше и ме прашаа дали имам болки, а деновиве имам слаби менструални болки и боцкање во јајници. Ама па многу се кратки и не знам што да мислам. Докторката ме виде на ехо, рече дека постелката е веќе зрела, бебето пораснато и јас сум во термин за раѓање и безбедно е. Ми рече дека тешко може да се предвиди кога ќе ме фатат породилни болки, но да си бидам спремна. Рече ако нема ништо до петок да ја барам и да ме види пак. Сега цела нервозна земав вежби да правам. Пронајдов некои на youtube и се потрудив стварно, утре планирам пак и наутро и навечер да ги повторам. Се утепав од пиење сок од ананас ама ништо ќе видиме што како ќе биде, акушерката ме советуваше да пешачам и да немам гајле, а докторката ми рече поради карантинов кога веќе сум дома да седам турски или наопаку на столот, (потпирачот меѓу нозе да ми дојде) и ако можам да се симнувам и качувам по скали колку можам толку. Ќе полудам. Мислам измет од камили ќе јадам некој ако ми каже, само да се породам веќе..
Прашај докторка за зелено светло, масажа на гради односно на брадавици може да помогне за забрзување, се прави после 38 недела, значи ти можеш, не е мит, има некои докази дека со стимулацијата на дојките се лачи окситоцин и окситоцинот предизвикува контракции на матката. Како што го редат бебето на града одма после раѓање за да цица, да се лачи окситоцин за да предизвика контракции за да се роди постелката, истиот механизам е. Ама прашај докторка обавезно, некои не препорачуваат.
Според докторот што ме водеше, бебето најрано може да се почувствува во 20та недела. Медицината вели така. Пред 16та вели дека е речиси невозможно да го чувствувате, тоа најверојатно се цревата.
Читав и околу ова, ама не знам ни како се прави таа масажа. Ќе прашам и за тоа. Ми рече да не јадам зачинетп и луто, тоа било мит, а ќе сум си направела само проблем. Ќе ми задржувало повеќе вода телото и ќе сум качела притисок. Исто ми кажа и никакви чаеви да не пијам, за ова не ми текна. За вежбањето рече слободно дека можам.
Јас моето го почувствував во 15та, 17та веќе асално ме маваше додека седев на работа. Така да индивидуално е....
А да пробаш односи да имате со маж ти? Мислам дека тоа помага многу. Имам слушнато. Сега дали така се погодило или навистина помага не знам
Здраво феминки. На последното ехо ни кажаја дека е женско ...Многу е немирка срцето на мама, многу активно бебе
Многу прошло уште малку останало. Ајде не се оптеретувај толку, ќе си чукне кога е спремно за излагање јас со првото од што ми беше мака уште на дрво да се качев за да излезе, ама не било ние кога сакаме. Уживај мами ќе се гушкате за брзо.