И јас рано го почуствував. 14та недела бев некаде. Му кажав и на докторот, баш го прашував дали тоа е тоа. Рече да, послаба си, затоа рано го чувствуваш. Нема правила тука рече. Секоја бременост е потполно различна. Баш пишував и тука. И кога прокрварев,утеха ми беше што го чувствував и знаев дека е добро. А да, постелката ми е на преден ѕид. Пак ќе кажам нема правила. Бременост по книга не се води @MilaSs12
Здраво Јас сум трудна 13та недела.. во 12та отидов на преглед заради исцедок од прогестерон и ми напишале нухален набор 1.9мм. Во 13та недела и 2 дена на регуларен скрининг нухален набор 2.4мм - докторот ми кажа на граница за нагорни вредности. Имам правено Нифту дава низок ризок ама некако не можам да ја исфрлам оваа грижа од глава. Дали дека втората бременост имав спонтан и секој податок го обработувам детално:/ Има ли некој ваков случај и вакви мерења?
Јас мислам дека немаш потреба од грижа штом си праела Нифти. Нели затоа се прави? Смири си ја душичката.
Дојдов да си се пожалам. Почнуваат отоци на раце и нозе,не којзнае колку ама пак си осеќам. Тешкотии во дишењето, киселини блувам ко оган. Синоќа спиев во полуседечка, со трудничка перница, и плус 3 други. 29та недела правам у вторник. Дали нркоја истите маки ги споделува со мене и да е тука негде со неделите? П.С. грбот плус, да не го спомнувам
Јас сум 30+4 отоци фала богу уште немам ама затоа грбот не го осеќам, мм ме масира цело време и само кога лежам на лева страна не ме боли...исто тешко дишам ама барем спијам малку се нормализирав не можев до 4-5 да заспијам никако положба да најдам.. За сонцињата мора да си трпиме и ќе си се тешиме тука
Отоци немам, а киселини имам колку сакаш. Ноќеска сум спиена се на се 2 и пол саати, не се трпат. Сабајле некаде прочитав млеко ладно знае да помогне, се напив, па дали од млекото или само од себе ми се смирија киселините сум заспала. И грб ме боли и колк ама тоа си го препишувам на тежината, огромна сум.
Јас 28+1 отоци на нозете и рацете имам веќе , се заморувам брзо и гледам што повеќе да одмарам , а кога лежам преку ден некако тешко наоѓам позиција што ми одговара , а навечер легнувам и кома сум само за во тоалет се будам.
Изгледа @MilaSs12 е зачленета овде само да се расправа и да мисли дека сите ние треба да имаме бременост како нејзината и децата треба да ги чувствуваме таа кога ке ни каже. Затоа што 10 пати напиша дека нејзината Докторка така и кажала.Па можеби така ти рекла за да те смири?! И да не ја замараш.Па ајде сите ги чувствуваат од 20та. Моето во 18та мм ми го осеќаше на допир камоли јас. Стомакот ми беше даска рамен,стомачни бев целата и нема да го осетам. И пишуваме дека секој си е случај за себе,таа пак... “Вие можеби од зачнување ги осекате”. Твоите фрустрации истури си ги дома.
Значи тука сме горе долу со маките. А, башка второ ми е, па првото таман си заспал, таа е позицијата,немаш киселини и почнува мамо гушни ме,мамо ми се моча,мамо ми се пие вода @Rainbowbaby и ја сум огромна, не си сама. 10 кила се поправив ако не и више
@Dana31 овде секоја жена си кажува свое искуство. Навистина не разбирам зашто мора да се наметнува нечиво мислење, па и при тоа да испаднеме лажги, зашто на членката така и кажала нејзината докторка @NanaMia да се пријавам јас со отоците само се жалам. Едвај се движам. Од 30та недела почнаа да се појавуваат. Сега сум 35+0 Ама за спиење немам проблем, спијам убаво
Прва бременост бев преслаба 50кг може и да немав го почувстував после 20та недела. Но активни удари може после 27ма добивав. Од 30та ми подигаше стомак. Мирен беше во стомак. Втора бременост со 7кг плус од првата ја стартовав 57 кг почнав да го чувствувам во 16та недела кога лежам. Кога имам благо јадено во седење ептен доле ми буричка. Може си е поактивно за разлика од брат му. Зад мене имам уште една бременост значи 3 бремености и може затоа почнав сега во 16та да го чувстувам кој знае... може матка раширена ... Индувидуално е пред се. И нема правило. И секоја бременост е различна.
Од тоа што читав пред мојот скрининг, 2.5 е границата меѓутоа зависи од тоа кога се мери и колку е големо бебчето. Краен датум кога мерењето има смисла е 13+6. И на крај не значи ништо, туку е само уште еден параметар по кој даваат веројатност/ризик, има и други маркери што се битни. А штом си правела Нифти, мислам дека немаш простор за грижа.
Според мојот доктор има објаснување, кое јас не го запомнив. Ама штом им верувате на вашите доктори, во ред. На крајот, сите бираме доктори во кои имаме целосна доверба, нели? Штом така ви кажале докторите, така терајте. Океј е сега?
Уште цинизмот во обраќањето да го намалиш и топ ќе бидеш за на форумов ( за да можеш да комуницираш со било кој од тука и во иднина ). На крај краја што е толку битно кој кога го осетил бебето??? Сите го чувствуваме во различна недела. Само знам дека за ништо нема правила и правилник. Во медицината никогаш 2+2 не се 4! Мене со близнаците ме жалеа на почеток демек се подразбирало дека се дупло ќе ми се случува..дупло ќе сум повраќала, дупло ќе ми се лошело, повеќе ќе сум спиела, порано ќе сум ги почувствувала движењата, НИШТО ОД ТОА не се случи Така да не туку се расправај за небитни ствари, и смири ја топката. На крај на ден најбитно е да сме живи и здрави и да си ги износиме до крај нашите најмили.
И јас тоа пробував да и објаснам тука сме да размениме искуства..ако не па сите по нејзиниот доктор да се водиме што можеби студирал пред 2-30 години. Која е таа книга по која он учел за да потврдиме дека станува збор за медицина нека ти ја покаже нека ти ги покаже авторите научните студии итн да не навлегувам немам ни намера да се расправам. Мора да ни бидат очите отворени и да ги прифатиме различностите ипак утре ќе сме мајки а секое дете си е за себе не значи дека некое бебе е подобро или понапредно ако клоцало во 16та а друго во 20та.
@Fallen.Angel знам дека ти е мачно, едвај чекаш да се породиш, ама користи го времето сега малку за себе. Одмори колку ти треба, качувај се по скали(иако мене тоа ми помогна само 1 прст плус да се отворам), јади ананас, туширај се со потопла вода. Ама, бебето ќе излезе кога сака тоа Опушти се, колку што можеш. И со лесно, брз и лесен пораѓај да си имаш
Јас не знам ни еден прст дали сум отворена. Вчера ниту преглед со рака добив ниту вагинално ехо. Одозгора ме гледаше докторката и не спомна ништо. Само ме предупреди што и како ќе чувствувам кога ќе почне процесот. А никако да почне...
Мене па во 2те бремености ме гледаа со рака. Проверуваа дали и колку сум отворена, и верувај со секој преглед ме "доотвараа". Сепак докторката знае, може наредниот преглед ќе те провери. Ти кажав, секако и јас не можев да бидам смирена или да уживам, ама посвети си време на себе. Здравје боже, после на почеток целото внимание ќе оди на бебчето качувај и симнувај се оо скали, читав и урмите помагале да се отвориш, прочитав седење во када со топла вода(јас ова не сум го правела, ама консултирај тирај си се со лекар).