Добро толку напредна медицинава не најдоа начин да не брцаат доле? Неизбежно ли е брцањето? Ја едвај додржувам со вагинално ехо не з ам кога ќе дојде моментот како ќе им седам мирна
Фала ти. Се трудам некако не ми е лесно во друг град далеку од сопругот сум. Не сакам за џабе да ми биде седењето.. Урми не можам да јадам за жал. Во када седењето не знам дали ќе ми помогне. Ќе прашам баш.
Не сум цинична, ве оставам да си терате како што знаете и сметате дека е најдобро. Кажав мое искуство, не го прифативте. Не можеме да се разубедиме, ја вас а вие мене. Затоа, вие и понатаму ке мислите дека сте во право, а и јас исто. Бременоста не е натпревар, не знам зошто мислеше дека јас на тој начин ја гледам. Мојот доктор студирал пред 30 години, ама редовно го нагоградува знаењето. Затоа и одам таму. Додека бев бремена имам пиено само парацерамол. Пиеш ли доволно вода? Пробај и со магнезиум прво. Притисокот можеби ти варира. Ибупрофен пиев неколку пати додека дојам.
Леле мислам дека од тоа брцање раце после само што ќе ми се доближеа телово само почнуваше да ми се тресе ,на крај дури и со целосна ме успаа да можат да ме сошијат убаво од што се тресев .
Мене најстрав од тоа ми беше,ме болеше повеќе од секоја контракција прегледот со раце За разлика од мене братучетки мои што ми кажуваа дека ич не ги болело Секој различно,ама јас лично хорор го доживував тоа и сега пак кога ќе треба ќе си цркнам
Зошто се брзате и си стварате притисок за побрзо да се породите. Јас сум 36 + 4 и сакам да си терам до крај, до 40та недела. Можеби веќе станува тешко за издржување ама знам дека за бебка е поубаво да си остане подолго, а и јас ќе си имам некоја недела плус да се доспремам .
@Milkiway како што кажа и @kukla21 додека дојдеш до епидуралот, ехе колку раце ќе добиешмене во оваа бременост, докторот изгледа се заборави, не можам да избројам колку пати ме провери и пак не се отварав брзо. На толку брцања со рака, мислам и стомакот ќе се расчепеше А во првата бременост, се смилуваа докторките оти ме враќаа секој ден и неколку пати со рака од 2 ме доотворија на 4 прста. Е и многу зависи од докторот мислам Еден месец пред пораѓај бев вечерта оти имав јаки болки, значи толку јако викнав што мм ме слушнал во ходник. Он брца со рака јас се качувам нагоре по столотвика абе седи тука, јас офкам викам боли, не можамкомедии. @Fallen.Angel мачно е и што си без мт, и страв од непознато, и крај на бременоста, и се се собира. Ќе биде наскоро
Мене ми се појавиа отоци минатата недела во 33 и одма намалив исхрана на половина оброци и вода по 3 литри дневно и после 3 дена ми се изгубија ама многу големи отоци на нозе и трнење на раце,тешко дишење и омалаксаност.Правев вкупни протеини преку крв намалени ми се а во урина ги нема за среќа.
Ан ќе преживееме се поминува..не ми е толку зс болки никогаш не ме болело ни при пап ни за брисеви ни за ехо него грозно и боли зошто не можеш да се опуштиш и тоа докторине уходани ние сме им ко на лента и брцаат само валда нежен ќе ми се погоди
Провеката со рака за мене беше нешто најболно. Со првото дете се пораѓав 23 часа,од кои 19-20 само еден прст отворена. За да ми пуштат епидурална требаше да почнам да се отварам(некои 3-5 cm).А кај мене процесот никако да започне. На секое доаѓање на Др.во собата и земање ракавици,ми се плачеше. Не знам како ке биде со овој пораѓај(ништо не правиме 10 месеци). Сигурно ќе ми биде уште поболно. Вие работете до последен ден .
Па нели обично со 1 прст ги пуштаат дома па да дојдат пак или нема правило како е .. добро си издржала тоа е многу саати обично и на царски ги праќаат кога не се отвараат и ајт..иначе кај сила за пораѓај Искрено може е подобро и да не знае човек па да се изненадува дента на пораѓај
Ова последново најдобро изгледа јас го имав тој"прекрасен" преглед во петокот па кога вриснав од болка солзи ми надојдоа, ама мора да се издржи. Инаку еве мене ми рекоа дека еден прст сум отворена па како на штрек сум секој момент, ама нема правила. Затоа сме жени храбри, жени лавици
Мене ми ставија епидурална со еден прст отворена. Бев решена ќе раѓам природно без епидурална ама бев херој 6 саати, ти како си издржала толку алал да ти е. Два пати ми дојдоа за епидурална ги одбив, после јас ги барав А прегледите со рака онака ми беа. Само од еден доктор ме здоболе, а од другите ништо посебно. Или веќе од болките отрпната бев