Јас се отварав правилно, релативно брзо, ама сепак мораше царски. Можеби затоа не ми помагаа да се отворам и немам лоши спомени од тој чин. Во право си дека се се заборава. Болки одамна немам, си го гледам телото какво ми е и не ми смета. Во друг случај би била разочарана за стриите и килажата, ама сега не ми е гајле.
Леле.. Што ни стана со филмовиве во глава, вајда од хормоните е. Немам порака од тебе а од други ми стасуваат да не си ме блокирала.
И јас одам кај него од 36 недела , ама уште не сум направила муабет со него дали би дошол да ме породи . Сега за сега ќе одам природно и сакам природно здравје.
Идни и сегашни мајки, ви работат ли вашите матични гинеколози периодов? Правите ли редовни контроли? На почеток на нова бременост сум, не знам која недела али релативно рано е. Ќе почекам уште некое време за прв преглед. Не знаев дека сум останала и кревав доста тешко во изминатиов период средувајќи го дворот. Имам болки во стомак како за добивање секојдневно. Не памтам во првата бременост вака да бев. Секако дека се плашам да не нешто зезнав на сам почеток.
Мојата матична работи цело време ... и построги кога беа мерките , јас лично одам редовно на контрола, мислам дека можеш и треба да одиш , со лесно да ти е
Матични си работат нормално, контроли правам редовно со маски, ракавици чуда Болки се нормални во прво тромесечие се дур се како менструални и издржливи. Со лесно и честитки мама
Ее, нели ти велевме сите тука Ајде, уште малце остана, со лесно само И мене сега ми е повеќе страв, него првиот пат. Брцањето со рака не го паметам многу, пошо само 2,3 пати ме чепкаа. Еднаш при лажни болки и после веќе пред пораѓајот. Најмногу од сѐ ме здоболе кога ме сецнаа Па кога вреснав, аууу. Уште се сеќавам на тој момент. Ама, баш имав брз и лесен пораѓај, на сите им посакувам така да си поминат. Деновиве сфатив дека трудница и пролетна алергија не одат заедно. Малце да ќивнам и гаќите утоп. Не знам по колку пати дневно се преслекувам Па и бебево некоја позиција има фатено, во ребра и во бешика најмногу мава
Болии? Мене ме тешеше сестра ми дека не боли тоа, дека не ни чувствувала дека ја сецнале, а од ова највеќе се плашам Ај пак сега ќе си правам филмови
@Kate Rina 93 не боли, барем мене не ме болеше сечењето, не го ни осетив. Секоја жена е различна, со различен праг на толеранција, така да не се секирај. Плус тоа е веќе крајот на пораѓајот, односно почетокот на еден преубав, прекрасен дел од животот - запознавањето на бебенцето, мајчинството.
Денес бев на контрола,34 +3 ,бебе одговара на 36 г.н со сите мерки тешко 3060гр. На ехо е се во ред,треба да се пораѓам царски и докторот некако не сигурен и збунет во врска за датум кога би бил и сега ми закажува прегледи 2 пати неделно.Некој да сподели искуство ако има слично на моето кога се породила во која недела.Немам скриен шеќер,освен ниски протеини во крвта, а во урина ги нема.
Ме фаќа паника малку. Во принцип сум смирен човек, што не се плаши. Ама колку повеќе размислувам толку филмови си правам. Дефинитивно секој пораѓај е различен. А тоа што ја сум љубопитна и само прашувам па после си правам филмови е многу лошаа работа
Леле и јас сум иста во последно време, од една страна сакам што повеќе да знам, иако сум свесна дека секоја бременост и секое породување е различно, а од друга, од кога ќе ми кажат си велам поарно да не прашав Потешко ми е после, визуелизирам и мислам дека сечие искуство на некој начин го преживувам
Ајде ќе ја чекаме @Fallen.Angel да се породи па да ни каже како поминала. Да направиме уште некој филм ,додека дојдеме на ред