Колешка пиеше Амоксиклав кога имаше Ешерихија во прво тромесечие.. сигурно се води гинекологот по резултатот на кој антибиотик е сензитивна бактеријата во комбинација да може истиот да се пие во бременост
Честиткиии wellcome in the club Само позитивно првите два,три месеца како изгубен германец бев,сега уживам и едвај чекам да гушкам бебе и дете заедно Прекрасна вест,се радувам за тебе
Не се секирај за градите. Мене ми беше многу убаво кога беа стегнати. Навечер само кога се туширав ги „ослободував“, колку да ги измасирам, 2-3 капки да измолзам и пак ги стегав. Кога мислиш дека е најтешко и најмногу стегаат, издржи. Следниот ден ќе биде подобро. Јас достинекс имав земено од грција. Секој ден бев во паника и на чекор да се напијам. Некако успеав да се убедам да не земам! Еден ден мислам пукнав. Од следниот веќе лесно беше. Издржи.
Не , јас нема да сум со царски. Барем така планираме,сега не дај боже ако нешто излезе наопаку па да мора царски. Читав општо брисот што се зема во 35та недела е површински само. А колку е точно ќе ви кажам утре
@ines.h @Rainbowbaby Последните брисеви за стрептокока се во 35та недела и се само површински, нема чепкање внатре, јас бев минатата недела за тоа, утре треба да си ги земам резултатите. Уште другата нога не ми беше крената до крај, докторот ми вели готово, може да се облечеш
Колку е сигурна информацијава? Бидејки овие мерки за трудниците беа пред воведување на вонредна состојба, можеби ќе ги продолжат?
Да и јас памтам дека ги воведоа пред вонредната. Треба да кажат најверојатно во текот на овие 3 4 дена
Мене ми зема матичната 3 бриса во 35та едниот што е за стрептокока беше површински а другите два беа внатрешно.
Vo drzavna primaat I pavientki koi ne se pozitivni na koronata, ili uste vazi toa sto bese prerhodno deka samo prioritetni slucaevi se primaat?
Мене од фирмата каде работам така ми рекоа, бидејќи сум при крај на бременост и ми рекоа во случај да не ми продолжат боледување (на патолошка сум инаку), со потврда од матичен гинеколог можам да сум ослободена до завршување на вонредната состојба. После тоа или да користам одмор ако сакам, или да отворам породилно. Можеби секоја компанија си има различен пристап по ова прашање, ова е кај мене што го добив како одговор.
Денес се шетам по доктори и пак не завршив работа. Мразам државно здравство. Со маж ми извадивме 3 вреќи од алиштата износени на ќерка што може да ги носи синко, ама многу се смеевме, ај бе мало е цветчето не се гледа, може и машко да носи. Колку сум купувала дури криво ме фаќа што сум трошела толку пари, сега немам на кого да дадам облека. Бебе клоца ли клоца, понеделник сум на скрининг едвај чекам да го видам. Ќе ми земаат и брисеви конечно. Само се да биде добро молам бога.
Тебе сега само стрептокока и брис од вагина значи (првите брисеви плус и од цервикс земаат нели). Мене малце ми беше чудно, во првата бременост памтам и на првите брисеви и на овие во 35та недела повеќе брисеви ми земаа. А сега последниот само за стрептокока. Али си реков му верувам на матичниот дека знае што прави, па дајбоже све да биде у реду
Во 12та недела тие сите комплет ми ги зема. Сега ова во 35та два бриса земав, сама си ги носев ама гледам дека кандида и стрептокока проверувале. Може некои зимаат посебен брис за кандида, нека пишат тие со три бриса.
Пишува на тој дека не се пронајдени патогени бактерии.. Покрај кандида и тоа проверуваат, а еве како што спомна и @Maja92@ третиот брис е тој од цервиксот уствари.
Еве тукушто слушнав на прес конференцијата сега дека на 01.06 завршуваат сите тие ослободувања од работа за одредените групи граѓани кои беа опфатени со мерките.