Првиот пишува вагинален за GBS каде пишува дека не е изолирана стрептокока, вториот е брис од вагина и вика дека не се најдени патогени, третиот е брис од цервикс и вика не се најдени патогени...вака е кај мене
Девојки, искуства со ниски тромбоцити? Цела бременост ми се на долна граница и нешто испод, а денес на рез од трансф 97 (158 до 425 реф.вредност). Пијам само андол 75 преку еден ден, дента коа вадев крв го испив одпосле. Ми дадоа упат за на хематологија и само ми рекоа испод 50 не е добро да падне. Инаку сум хетерозигот и андол со метилирана од старт пијам. Мислење? 25+ 4 сум
И мене ме загризи истото ама мислам дека и за нас се мислеше, бидејќи и ние бевме ослободени؛ Јас работам во здравство и искрено не мислам да ризикувам
И претходно на конференциии ретко нагласуваа бремени, некако нелогично ми е хроничните дома бремените на работа, ако е така нез во кој ја гледаат иднината во неродените деца или хроничарите ....
Незнам зашто не не спомнуваат бремените како да сме затуцани, заборавени. Зарем очекуваат дека сами ќе се пријавиме на ризик? Убаво кажа @Snowflake92 ја носиме иднината. Има уште многу неиспитани сценарија со корона вирусот и бременоста. Треба да си ја разработат убаво проблематиката пред да не стават на ризик. Јас нема да им бидам заморче назад на работа.
Цело време зборат како е ризично за тие од 24 недела ради предвремено пораѓање , даваа брошури каталози и сега јок ништо
Самиот Самиот министер во негови брошури за бремени што ги објави имаше напишано дека трудниците особено во поодмината бременост над 24 нед. Имале зголемен ризик...
Според мене соте трудници треба да се заштитени мн повеќе од хроничните, се надевам нема некој погрешно да ме свати
Како една утеха до сите трудници. Зачленета сум во повеќе групи со американки за гестациски дијабет заради информации и поддршка. Пред некој ден имаше трудница која се јави дека е позитивна на Ковид и имаше еден куп коментари од други кои биле позитивни или се. Имаше и коментари од медицински сестри. Заклучокот е дека трудниците не ни биле свесни дека се позитивни. Повеќето се тестирале дека им јавиле дека имале контакт. Од симптоми најлошо што спомнаа се затнат нос и температура. Ептен ме смири мене тоа. Имаше трудници со различни гестациски недели. Лоша е ситуацијата знам ама ајде да мислиме позитивно
Немам лично искуство со до олку ниски тромбоцити кај трудница, ама имам со уште пониски тромбоците кај друг случај (детенце), тогаш едно медицинско лице ни рече дека сите лекови/медикаменти па дури и суплементи ја зголемувале деструкцијата на тромбоцитите и дека треба да се престане со сите лекови и суплементи што не се неопходни, исто и други доктори рекоа ништо да не му се дава на детето никакви лекови и суплементи додека не се утврди дека нешто е неопходно да се даде (а имаше и некој вирус тогаш што секако допринесе за ниските тромбоцити) искрено не знам дали андолот може да е проблем пошто не сум стручна за ова прашање, само ти кажувам искуство пошто на детето тромбоцитите му беа и пониски од твоите, беа 74. Ако пиеш и некои суплементи, размисли и за тоа... Сепак мислам најдобро е да си се консултираш со хематолог, зашто ова е специфична работа, другите освен да кажат дека ако паднат под 50 многу е лошо друго не знаат, од памет не извадија и нас. Ти посакувам се да се среди <3
ovoj filipce koga neznae sto da odgovori taka zamotuva breeee jas razbrav deka ne razgovarale za bremenite na sednica,bidejki se pokazale korektni nema zarazeni se cuvale demek,a dali pocnuvame gospod znae