Ви благодарам убави мешиња и на вас со лесно. Дај Боже кај мене да е така со лесно само. Rusi мила да утре е тој ден 21 јуни што според последна менструација нели е ТЕРМИН па ќе видиме. До сега не сум чула некој да се породи точно на термин, има не викам не, но јас ете не сум чула. Ако бидам јас тоа ќе биде интересно, ако не здравје како и да е битно бебето да е во ред и со лесно да излезе од мешето на мама. Па ќе ве известам секако како сум поминала или евентуално ако има нешто ново кое со нетрпение го очекувам тоа ново. Бацки
Мила те немаше некој ден па мислев веке си се гушкаш со бебушко ке биде ке биде,ти посакувам со лесно да си се породиш и здрави и живи со бебушко да си бидете дома и да ни пишуваш во породилни приказни
31 nedela sum vekje no nekako poslednite denovi osekjam slabi bolki vo stomakot slicni kako pred dobivanje samo mn poslabi.Pred dva dena bev na kontrola i se e dobro i postelka i plodova voda i bebe ama sepak sum zagrizena.Se mislam da ne se nekoi podgotvitelni kontrkacii sum zaboravila dali istite gi imav ili ne vo prvata bremenost .
Утре влегувам во 27ма недела, односно 7ми месец.. од 9часот 3 пати почувствував како менструална болка на десниот јајник. И постојано лежам покријана, да не ми е од студ, си го лажам умов.. Еве сега чувствувам болка, како онаа плодните денови ко ќе се, малку менстуални болки ама само од десната страна, над ципата, под ципата и надолу ногата до некаде, тапа болка чувствувам.... Матичниов гинеколог денеска не работи, некоја има некое искуство, да ми кажи нешто???
Може рита бебето можно е да притиска на нешто од таа страна и да те боли. И мене ме болело, мислам се додека не е голема болката и не е нон стоп нема место за грижа.
Такви мали болки се нормални во текот на бременоста,како повеке расти бебето така се нешто подболува се спрема телото за бебето,така оди тоа малце по малце се подгорвува за новвите случувања што ги доживува. Додека не е нешто поболно нема место за паника.
Ајде Агрона,ти посакувам што е можно најбрзо да се олесниш и да си го видиш своето најмило... Те очекуваме со најубави вести... Ние сме супер,активни мрдаме скокаме преткаме, тато снима како бебчо прави салта во стомак за кога ќе порасне да му кажуваме колку активно бебе било уште не родено. Вторник здравје контрола, да видиме дали е се во ред, Спојлер полот веќе не е важен, машко или женско, ќе биде изненадување за нас, само да биде здраво и право па уште неколку дена и ќе почнат подготовките за долгоочекуваниот ден. Топло ве поздравувам сите мешковци, а и мамичките кои си ги гушкаат своите најмили.
Агрона мила ти посакувам лесно да се олсенис,и конечно да се гускас со бебуско, првата средба е највозбудлива, па те чекаме да ја споделис со нас приказната од таа средба! нека ти е со лесно
Јас денес имав таква болка на левиот јајник и скоро до коленото на ногата. Но мислам дека тоа се грчеви, така имав и пред некое време и ви пишав овде. Мислам дека не е страшно. Пиј си магнезиум и не се секирај!
Да се вклучам и јас малце ,мислам официјално денес вејќе во 4-ти месец.Мислам дека можам да споделам некое мислејне со оглед на тоа дека оваа ми е трета бременост.А можам за почеток да кажам дека со втората бременост се породив точно на терминот .Со лесно на сите кои се во исчекувајне .
Женчиња, ако се снаоѓате со симнување на торенти, има добри клипови за пораѓање, се вика Laugh and Learn About Childbirth изгледајте ги и слободно можете да не одите на никакви вежби... Буквално е се објаснето околу породувањето, и дишење и се.. Јас во првата бременост ги гледав пред да одам на вежбите на клиника, и од што ми беа безврска на пола часови отидов и прекинав.. Во видеата е многу убаво е се објаснето.. Сега ги симнав пак да се потсетам
здраво женски,јас сум нова на форумов,одамна сакав да ви се придружам ама имав проблеми со профилите па дури сега успеав да станам дел од дружината на фемина...иначе јас сум при крај со мојата прва бременост,термин ми е 01.07 и носам (највероватно) девојче...имав прекрасна бременост,без никакви проблеми,повраќања,несвестици,немав ни грчеви и затоа сега крајот ми е најтежок меѓу другото ко што сум на крај,милион прашања ми се вртат низ глава-што ќе биде,како ќе биде и мислам дека полудувам...како и да е да не гњавам од старт,ви посакувам на сите со лесно и за време на бременоста и на денот на пораѓај
. Џој тука сме негде со бременоста, јас утре полнам 31 недела. А од која недела се влегува во 8ми месец? Инаку термин ни е 24 Август За болките не се секирај, мислам дека се нормални по што бебуш расте и си стежнува а и матката се шири и јас во текот на целата бременост од време на време осеќам благи болки.
Mene термин ми е 20.08 по мое од 32 влегуваме во 8 ми ако грешам исправите ме.се спремаш ли ти јас денес ке перам бебешките алишта од поголемата керка што ми останаа само се мислам со кој прашок .инаку фала богу болките ги снема
Мене терминот ми е 24.08 ама докторот ми кажа може и околу 20 - 21.08 по што јас циклуси имав на 25 дена а не на 28. Ептен сме на исто со терминиве Инаку еве еден линк, најдов слика кај што се гледа која недела во кој месец спаѓа http://goo.gl/nIs5tg Ако е точна табелава значи со полна 31 недела (почеток на 32) се влегува во 8ми месец. Јас официјално утре влегувам во 8ми месец. Јас сеуште не сум почнала со перење. Уште сум кај шопингот хехе. кај и да е, треба да почнеме и со тоа... Машко или женско носиш? Мене ми е прво, синче
Женски јас негде прочитав дека која дата ти е терминот, на таа дата влегуваш во нов месец. На пример, мене терминот ми е на 20.10, и секој 20ти во нов месец влегувам. Незнам колку е точно, но држи вода муабетот
zensko nosam mene mi e vtoro ama isto kako prvo se imam zaboraveno kako mi bilo pred 5 god koga bev bremena
Здраво женски..имав некои габички и докторката ми рече нистатин вагиналети да земам и да ставам една недела,а јас сум 4 недела бремена,ама во меѓувреме дојде сестра ми на гости и таа е бремена ама таа е 37 недела и имала исто габички и без да оди на лекар на своја глава ми зеде и ставаше 3 дена по ред.Арно ама почна да има исцедок нешто прозирно како вода секој ден се повеќе.А пред да ги стави вагиналетите ништо такво немаше.Еве од вчера не ги става ама се исплаши да не е нешто опасно?Што мислите дали да оди на лекар или нема потреба?