Труднички муабети

Дискусија во 'Бременост' започната од meU, 23 јули 2012.

  1. macufce

    macufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2016
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Ме задржаа денеска.
    Бебе нема абер да искочи , утре царски :D:D:D:D:D:D:D
     
    На Broki5, Thallia, *Ench@nted* и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    5.867
    Пол:
    Женски
    Со лесно! (fingers) Нема кај да бега малото :l:
     
  3. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.887
    Нешто бебево слабо ми е активно деновиве. Повеќе клоцаше, сеа одвреме навреме по малку и ќе престане. Не ме загрижува, само се прашувам зошто така..
     
  4. Dana31

    Dana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Јас јадев последно до 22:00 а утрото ми земаа крв во 08:00 .

    Поради вонредната ситуација гиникологот ти ја препишува терапијата. Баш сестрата додека ми земаше крв таму беше и Докторката и ја прашав зошто тие не ми ја препишат терапијата?!
    Таа ми кажа дека по ново за гиниколошки проблеми терапија препишува гиниколог,за интернистички-интернист. Тие во моментот не препишувале терапија.
     
    Последна измена од модератор: 27 мај 2020
    На Kitten и Masnickaaa им се допаѓа ова.
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.887
    Мене ми имаа кажано до 18:00 најкасно да јадам, потоа не. И мене накај 8 наутро ми земаа крв. И пак високи вредности имаше.
     
    На Masnickaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mother_nature

    mother_nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум го пишала ова. И јас денес брис правев за стрептокока, рез за некој ден. Бебка тежи 2300г, плодова вода намалена али не било загрижувачки. Си имам повисок притисок (со терапија) и малце растот бил за недела дена назад, па утре ќе проверувам д димери. ЦТГ на секои на два дена правам ради високот притисок. Органите се супер, само големината на главата за недела дена помала. Неделиве ми се збркани, по правило би требало да сум 35та, според растот покажа 33/34та се надевам немам потреба за грижии. Бебка со главата надолу, но родилниот канал тесен или високо поставен (не разбрав точно со ваков наод само царски, се надевам ќе се прошири до пораѓај) Поздрав женски :*
     
    На nadenadia му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dana31

    Dana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    На првото боцкање шеќерот ми беше 3.5 а по пиењето на шеќерот кога ми земаа по втор пат 5.8.
    Од се што испитав до сега само шеќерот е како што треба(facepalm)(facepalm)(facepalm).
     
    На eta, Brpbrp, Fallen.Angel и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    119.447
    Пол:
    Женски
    Околу 100 се моите тромбоцити одсекогаш и не примам никако андол/кардиопирин/аспирин. Немам мутации но ете вродено имам ниски тромбоцити. Со една таблета аспирин јас веднаш крварам од непца, од хемороиди, од нос.
    Затоа прашај за андолот, дали смееш?

    __________________
    Малку сум деновиве како замалушена, се ми се спие, изгледа железото ми падна, последен пат пред 1 месец ми беше 9, а хгб 11,6.
    Не јадам месо, не јадам спанаќ и цвекло и можно е да е пониско.
    Во понеделник сум за лабораторија па ќе видиме.
    Во среда сум на втор скрининг, исповозбудена сум:inlove:
    Меше ми порасна, 21ва недела наполнив.
    Само, се разочарав од соновите, незнам дали ви се случува, но сонувам хорори, синоќа се породив и бебето било само 680грама, сум го родила во 18гн, најмало во мк, било грдо и страшно, страв ми било да го држам оти немало ни мускули, ми рекле 2 ипол месеци ќе било во инкубатор.:(
    Зошто вака ми се случува, ниту се плашам ниту сум замислувала вакви хорори а ми доаѓаат во сон.
    Преку ден се занимавам со готвење специјалитети, денес 3 часа динствувам месо, прередувам шкафови, а оти вакви сонови ми доаѓаат незнам:(

    Малку си покукав, ама ај.:wasntme:
    За сецнувањето не ми е страв, зошто знам дека ќе им кажам да не спомнуваат гласно и нека сечат, само се да биде во ред.
    После за тресење, секако ќе се тресам, за плачење секако ќе плачам, ама се се заборава.
    Досега на мн пораѓаи сум била, и поблагословено нешто нема, од заплакувањето на бебето и издишката на сите, дека се поминало добро:l:

    Нека не чува сите господ, или во кого и да верувате:sun:
     
    На Natt *, flower30, Broki5 и 14 други им се допаѓа ова.
  9. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.241
    Допаѓања:
    70.735
    Нормално е при крај помалку да мрда. Нема многу место, затоа.
     
    На Bebac, Maja92@, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. lemon8ejt

    lemon8ejt Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 декември 2019
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    3.271
    Пол:
    Женски
     
    На Alishan30 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    119.447
    Пол:
    Женски
    Пиши што ќе ти кажат, мене тогаш хематолозите ми кажаа сум имала проблем во тромбоцитите, но не памтам што. Клексани ме раскрваруваат и аспирин, а еве фраксипарин не.
    Сите делуваат на различни делови од коагулација на крв, затоа и некои ме сметаат, а ете други не.
     
    На lemon8ejt му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Dana31

    Dana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2019
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Не си сама...и јас имам такви сонови...подобро да не ви ги раскажувам пошто вакви сценарија нема ни во нај страшни хорор филмови :whew:. Чисто ако ти е за утеха :).
     
    На Milkiway и Alishan30 им се допаѓа ова.
  13. nadenadia

    nadenadia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    864
    Допаѓања:
    2.236
    37+6 денеска, си бев и јас на првото CTG. На бебе му е супер внатре има доволно плодова вода, постелката е II-III степен што е и очекувано.
    Си го добив и првиот вагинален преглед, грло уште не омекнато.. CTGто си беше мирно.. Му спомнав на докторот дека последните недела дена навечер имам менструални болки и дека зачестија стврднувањата на стомакот, ми рече слободно да продолжам магнезиум да пијам уште една недела.
    Здравје понеделник, вторник нареден преглед.. :D
    Ситно броиме:inlove:
     
    На Филотеа, stoimanovskamarija, Bebac и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    119.447
    Пол:
    Женски
    Не ми е за лајк, повеќе е како поддршка лајкот. Знаев дека фантазии сонови имаат трудниците, ама не ни претпоставував дека се вакви.
    Фала ти што сподели, барем да не си мислам дека само јас хорори сонувам:hug:
     
    На Dana31 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.331
    Допаѓања:
    19.145
    Јас да ти кажам веќе го направив 2риот скрининг денес одма на почеток на 20та (дека знаеш јас 2 пати правам)..а за соништата некој нешто да не ти раскажувал или да не си слушала нешто па потсвесно ти влегло во глава? Јас така имав кошмари кога бев напната еден период сега некако овие 2 недели сум ептен опуштена весела она право уживање во бременост и од тогаш немам такви кошмари:lol: или можеби заради исчекување на 2 скрининг па потсвесно си се уплашила. Мене ми беше уживање на скрингот многу ми беше интересно ич не му ја размислувај сигурно убаво ќе поминеш (fingers)
     
    На Kate Rina 93 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  16. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    53.187
    Пол:
    Женски
    Немај гајле.
    Јас што сонови сонувам, можам филм да направам. Хорор некој.
    Трудниците имале живописни соништа викаат.
    Затоа не се замарам. Штом се разбудам решавам да ги заборавам:D
    Еротските соништа одамна ми ги снема. Сега трагедии,хорори сонувам:rofl:
     
    На Maja92@, Milkiway и Alishan30 им се допаѓа ова.
  17. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.049
    Допаѓања:
    5.571
    Да замолам ако некој се разбира околу параметри на крв. Сабајле појадував па отидов крв да проверам, све е угоре удоле. Гликозата покачена на 6.03. Дали тоа е знак дека имам шеќер иако уште не сум проверувала скриен?
     
  18. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.967
    Денес го започнувам шестиот месец, бев на преглед и поминав ок (ако не го земам во обзир вагиналното мерење на цервиксот).
    Бременоста се одвива со нормален тек, бебушка си одговара со неделите, цервиксот се продолжил за неколку мм (од 25 пораснал на 30мм) :) и малку се ослободив, има надеж.
    Докторката ми рече дека може да прекинам со прогестеронот ама јас некако не се осеќам безбедна без нив, ваши мислења?
    Да продолжам ли на своја рака барем до 24,25 недели и безтоа од него штета нема?
     
    На Happyinlove, lemon8ejt, K.Mari4ka и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    119.447
    Пол:
    Женски
    На граница ти е, но битно е и последните 2-3 дена што си јадела.
    Најточно скриен шеќер би покажал резултатот, дали има или нема
     
    На eli.karameli му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kate Rina 93

    Kate Rina 93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    53.187
    Пол:
    Женски
    Мене докторот ми рече нема штета.
    Јас примав прогестерон до 6ти месец. После докторот ми рече да го прекинеме. Прашав дали може барем до 7ми да примам, рече не е проблем, можеш и до 9ти, ако те прави помирна тоа. Нема штета никаква:)
     
    На Monella и Alishan30 им се допаѓа ова.