Искрено, не ми ни текна, како замајана сум цела од кога останав трудна. Ќе вадам пак крв во петок да видам тогаш како ќе бидат параметри.
Да да во Чаир.. Првично се мислеше дали сега да провериме да не е рано. Но дека зборев со докторот дека пред некоја година имав HPV( и претходно ме успаничија дека мора да биде царски доколку постои сомнеж за HPV), и сакаше да се осигура да не имам кондиломи зашто едино тие би можеле да бидат проблем за природен пораѓај. А и плус дека му спомнав за стврдувањата и рачунајќи дека второротка може побрзо да биднело си рече да провериме за сигурно..
Да дефинитивно од следниот ден се расклоца сега веќе пораснато уште повеќе..ама кога видов си викам магнезиумче ќе бидеш на минимум
Јас сум веќе 22ра недела и исто како тебе ми се забрзува чукањето на срцето од време на време и немам здив особено кога ќе се најадам мислам дека имам кило леб изедено и ќе пукнам ја прашав докторката вика ништо не ти е ,а за боцкањето и јас го имам ако стојам или шетам повеќе па доле ме боцка повеќе одмарај
Сите сме јас цела ташна оставив во аптека и 3 дена чекав да се отвори да си ја земам со сите документи, упат за на Др и новчаник
Денес цел ден се мачам да отидам во тоалет. Претходните денови одев по 3-4 пати. Денес осеќам потреба, седнувам на ВЦ школка и ништо.. Сега и крв имав на тоалетната хартија од што се напрегав. Изгледа некој хемороид ќе да е.. Не боли, ниту пак имав приметено.. А баш мислев супер немам такви работи..
За жал не. Малку беше ептен. Проверив.. Сеа во 23:35 осетив некоја остра болка и стомакот ми се стврдна, траеше една минутка. Од тогаш не ми се повтори ми помина. Сеа пак ме фаќа нешто како гасови и нагон за во тоалет, ама ништо. Сеа некако јајници ме заболуваат ептен слабо и брзо минува. Се надевам не се лажни знаци и дека почна процесот. Само да издржам до утре имам многу битна работа. Од утре и колоквиуми полагам се до понеделник, изгледа на бебето му се смачи од мојов факултет.
Аман уште испитиве да ги издржи и нека излегува Имаше кај една членка,процесот почна со дијареа. Ако ти се појави да знаеш дека може да иде бебе. Кај мене почна со не многу силна болка во кичма,па слаба болка во еден јајник,па друг,она како за овулација,па како за менструација, па малку посилна, па посилна и бум Кај прворотки нормално е процесот да започне 24 часа пред раѓање,за што потврдувам,прва болка осетив околу 3, се породив другиот ден 2:40. Не мисли на тоа,и не се напнувај кога седиш во вц, бебето само ќњ реши кога ќе тргне,пушти си музика или филмче и одмарај
Абе завчера дијареа ме скина, мислам од баланс јогуртот дека е. Прееска излегов да пешачам. Си направив филм колку далеку да одам оти многу јадев. И после 5 минути пешачење осетив дека ми се моча и плус бебето што ме притискаше не можев да изодам ни пола од тоа. Сепак се напнав малку повеќе да пропешачам и ме фати нешто како ишијас, десно ме заболе половината и болката влечеше надолу накај ногата и се откажав од пешачењето и се вратив дома. Си дремев до сеа филм гледав и сега го чекам брат ми да си дојде да се изгребам една цигара да се опуштам. А бебето не мора да чека ни за колоквиуми ни за испити, ќе полагам подоцна, колоквиумите секако се онлајн може и колешките ќе ме спасат и ќе полагаат место мене.
Денес 38+3г.н. Торбата за во болница ја спремив. Сабајле извадив крв. Последно во оваа бременост. Многу се разочарав од таа што ми зема крв. Прво на врата ми вели ти си на ред или има пред тебе! И велам има пред мене, но како што знам бремени жени имаат предност. Луѓето беа љубезни и ме пуштија. Потоа, ми вика чекај да ги напишам твоите податоци. Ги напиша. Седни и заврти ја главата. Немој да дишеш кон мене. И на крај кога ми ја задена иглата сите ѕвезди ги видов од сабајле.
Ај да си се пожалам и јас... си направив филм готово се пораѓам чепот ми падна и одма почна стомак минимално да ме боли.. па го мрдам бебе да удри јако и ко за беља ептен нежно само ме погали. Изгледа мајкин спиел па сега се размрда малце поише и сега ќе мавнам еден магнезиум.. цела бременост си имам зеленкаст лигав исцедок и сабајле баш и таков ми беше ама не знам што ми се уврте у глава.. на психа ми мавна дека ми е рано 36+1 а и ништо не ми е спремно Од една страна си се смеам од друга уште не се смирив Ај кажувајте како почнуваат болки без да пукне водењакот.. со првото немав никакви болки ама од кога ми пукна одма ги добив болките и тоа на многу кратко растојание Немам болки во кичма само мааалку менструални болки ама сум си ги имала и до сега.. дај утешете ме сум станала голем паничар (дека неспремна де) дека нема да се пораѓам денес
И јас како тебе неколку вечери по ред кога ме заредија менструални болки и стврднување, од паника неможев да спијам. Дежурав навечер До првото ми пукна водењакот, и ме задржаа во болница и дури после неколку саати ми почнаа болки, и сега све паника ме фаќа дека нема да знам како да познаам ако прво болки ме фатат без водењакот.. Башка тогаш не ни приметив ни мукозен чеп ни ништо. Сега дека втора бременост повеќе размислувам, и све повеќе паники ме фаќаат