Леле ќути.. стврднувања на стомак и менструални си ги имам и јас ама сега не ми се стврднува стомаков.. се напив магнезиум и некако почна да попушта.. стварно не сум ич паничар за ништо ама сега некако неспремна за се а и плус рано ми е мене со првото ми пукна водењакот па одма ме фатија болки и за саат ипол јас се породив.. се некако беше ептен брзо а и нели викаат со второ побрзо оди процес па си викам сега и до болница дали ќе стигнам Еве легнав малце ми се подсмири сега се опуштив малку.. ама дефинитивно од утре се фаќам за работа да ми биде се цакум пакум... А и не кажав у 34та кога бев на преглед гинекологов ми рече дека ептен ми е ниско бебе и малце поише да одмарам и плус и тоа допринесе за вакви паники.. изгледа уште е многу доле го осеќам по мавањето ама док ми вика немај гајле нема за брзо да биде сега треба наредна недела да одам за последен пат кај него па здравје да земам упат за цтг и во чаир И додека го пишувам ова синко се расони изгледа се утепа од мавање да ме утеши
Хехехе, одмори сега малце. Без многу физички напор деновиве додека одиш кај гин, у меѓувреме лека полека спреми си ги работите да си бидеш раат. И мене исто ми рече ќе си терам до крај, и еве денеска 39та ја почнувам. Мене вчера затоа докторот од Чаир ми рече слободно пиј си ги магнезиум уште една недела, зашто си имаш подготвителни контракции. Јас одма ги прекинав само што влегов 9ти, и еве вчера се напив пред спиење и прв пат да се наспијам убаво без да се паничам на болки (освен стандардното станување за мокрење по неколку пати )
Кај мене ништо нема, лажни биле болките изгледа.. Сепак ќе се јавам на докторката денес или утре да направам едно ЦТГ и ако може да ме прегледа. Спремна сум со се, уште полнач за телефонот да си земам. Ќе излезам после да пешачам малку па ќе видам.
Уживај максимално во слободата која ја имаш сега После ќе бидеш цело време busy со најубавото суштество на светот и ќе бидеш најисполнета, но верувај ќе има и моменти кога ќе си речеш ‘ех сега да сум како тогаш да си искочам сама да си прошетам малку’..
Да. Ама па нели не сме полна 36та недела? Јас по ова се водам Ме збуни сега ти Ај како и да е, нека поседи бебуш уште едно 2 недели и нека излегува. Не можам веќе
Женски сеа се јавив на докторката, ми рече не е на работа, ама да одам обавезно на ЦТГ денес друга докторка да ме видела. Ми рече ниско сум го носела и се било можно. Сега ме боцка половината... Ќе си го полагам колоквиумот во 12 сега и ќе одам во болница. Се надевам ќе има нешто за брзо.
Се враќам од трето Цтг. Пак мирно , се е во ред, доволно плодова вода , постелка 3 степен. Следно цтг во среда , да се спремам и за вагинален преглед со рака ми кажа докторот На бебе не му се излегува уште , јас никакви болки немам ни стврднувања , само притисок осеќам доле валда бебе бутка со главче. Утре полна 38 недела , нека си поседи бебчо уште една две недели ако му е убаво.
Мешиња како стоите со емоциите? Јас сум напната ептен. Сите и се ми оди по нерви. Имам страв од породувањето. Како ќе биде, што ќе биде? Дали е ова нормално пред крајот на бременоста?
Јас сум океј со емоциите , сеуште сум лабава , си се доспремувам полека полека. И да има периоди коа размислувам како ќе почне породувањето , колку ќе трае,кога да бидам во исчекување .. Сега за сега имам некој минимален страв пошто стварно незнам што ме чека Повеќе размислувам на тоа што ако го надносам бебуле ,па провокации ,не се отварам ,триста чуда, па да треба царски .Тоа повеќе ме мачи ама си викам има време за тоа го мислам и си се смирувам
И кај мене така нешто.. Тенки ми се нервите, плус од дома работам, сакам до крај за да можам тогаш да отворам породилно. Плус и сакам све да да средам дома, да оставам тип топ пред да одам на пораѓај. И тоа ми ствара дополнителна нервоза да не нешто не успеам да средам
Не, не сме полни 36 ама јас од кога влегувам во неделата и почнувам да ја бројам, и бидејќи по табелава вели 36-40 9ти, си сметам дека сум веќе влезена во финалниот месец. Цела бременост ја истуркавме, на крај збунки се направивме Како и да е, со лесно нека мине крајот да си ги гушнеме живи и здрави. Јас денес на ехо бев, малечко е нашето 2250гр ама во граници на нормала, плацентата не била зрела,рано ни е за излегување нас
Уфф некој спомна емоции Ние дома сме сега натрупани скроз. Стигна се за бебето, се е начукано, работи на сите страни. Ништо не е перено Пола од облеката и ја дадов на мајка ми, се радува ќе ја пере. Пола на свекрвата и она сака. Им купив ист детергент и омекнувач. Утре свекрвата доаѓа, ќе седи цел викенд и ќе ми помогне да исчистам. Се надевам ќе средиме се, маж ми ќе го среди подрумот и во него ќе однесеме се што не но треба и од понеделник раат. Барем така се надевам. Остана уште количката да стигне и постелнината сеуште се шие. И топломер немаме земено ама тоа од аптека и не е страшно.
Колку убаво ќе си средиш се, без гајле. Има ли некој инфо за ова во Ремедика?Претпоставувам дека човекот има лежено кај нив.
Мешиња јас денеска правев преглед и ми дојде душава на место. Се е во ред со бебко, 240гр. се е како што треба, органи оформени, мозоче таман, дури со дланката ни мафна, сите 5 прсти ни ги покажа. Јас сум супер, уште поубаво расположение имам ни го кажаа и полот машко е, обојте ме плаво. Продолжувам со стандардна терапија Премама дуо,хемовит плус и магнезиум превентивно.
Сега се враќам од болницата. ЦТГ не беше добро, бебето слаби движења и отчукувања на срце, јас никакви контракции. Мислам дека сестрата лошо ме намести, ама небитно, отидов и на ехо го измерија бебето. Ми се сврте во главата. Во 35 недела беше 3050, а сега го измерија 4445 грама. И сите сестри и акушерки машала машала почнаа да викаат, докторката се чудеше. Ми рече да јадам нешто и да пијам кока кола па пак да отидам за саат ипол. И еве ме јадам како стока.
Да бе.. ми вели тие што раѓаат близнаци толкава килажа двете заедно немале. Ми направи преглед со рака, скратено грлото, отворена 1 прст само ништо не било тоа и така сеа се вратив за брзо пак ќе одам.
Благо нешто јади ,веќе може и простор нема или поспано е.Јас во 34 н 3060 така да големки ке ни бидат