Нормално е на крај да се намалува плодовата вода, мене уште од 7ми месец ми се намалува, матичната ми препорача суво овошје да јадеш секој ден и повеќе вода.
Девојки сега се враќам од преглед 37 недела сум докторот ми рече дека бебето имало мал застој на мокрачата на левиот бубрег дали има место за паника?
Zavisi vo koja klinika go meris, sekade e razlicno. Vo mojt grad vo drzvna granicata e od 8 pa nagore, a na privatno od 12 nagore. Za toa oma resenie, ne se sekiraj se ke bide vo red. Ubav i lesen poragaj vi posakuvam na site
И јас овој го користам , нема некој мирис , сакав омекнувачот на Чико да го земам ама ми викаат да не ставам омекнувач за бебушот и не сум зела сега за сега.
Омекнувачот Чико е одличен но за мало бебенце не се препорачува никаков омекнувач( поради евентуални алергиски реакции).Јас после 7 месец почнав да користам чико но особено ми се допаѓа и Коколино.
Мене исто кога ми брше хемоглобинот 11, железото 9 не ми дадоа ништо за пиење дури по месец дена кога уште повеќе падна се реши докторката дека сум за терапија.....ако се решиш да земеш нешто ти ги препорачувам малтофер таблетите мн се ефикасни
Овде реф. вредности се од 12-16, кај мене е 11 што значи веќе сум под границата, ако чекам уште еден месец мислам дека дополнително ќе се намали па потоа потешко ќе биде да го доведам во граница на нормала. Сепак ќе почнам со фероград (овие ги земав и претходно) штета нема. За притисокот почнав да пијам 1-2 кафиња на ден исто и кока кола. Туку, има некоја друга како мене што со страв ја минува бременоста? Жени, 23-та недела сум а како да сум 43-та мислам дека една година сум бремена, некои црни мисли ми се сместиле в глава и никако да си одат. Наместо да уживам јас со страв ја минувам бременоста, почнав да сонувам глупости поврзани со неа. Знам дека не треба да се оптеретувам со такви мисли ама посилно е од мене. Имам поминато неубави работи, абортуси, операции, предвремен пораѓај, седење во болница со месеци... Свесна сум, знам, ама ајде како да ги отстранам овие стравови?
Мене во 34 недела ми кажаа така за десниот бубрег, на две мислења бев кажаа дека немало место за паника се случувало особено кога носиш машко...во 36+4 пак ме проверија немаше ништо од тоа се беше во ред, само од себе си се средило
Од сите типови на плацента превиа, нај безопасна е маргиналис. Одмарај, лежи, никакви тешки активности. Избегнувај односи и ако крвариш одма на лекар. Не е ништо загрижувачко, само треба да внимаваш повеќе.
Секаде се тие референтни вредности и јас би пиела (и пиев) со вредност 11. Хемоглобинот паѓа преку ноќ, а требаат месеци за да се регулира. Немаш штета од пиење терапија само може да ти помогне после пораѓај. Се губи крв, како и да е ќе ти падне после тоа. Треба да бидеш способна да се грижиш за малото, а не да ти се врти на секое станување. Има и тема за ова и имаш и природни рецепти за побрзо да има ефект.
Дали е можна алергија од клексан инекции? Сабајлево ја примив првата и сега на нозеве имам јадеж и како црвени брунчиња И ако е така, со што би можела да го заменам клексанот
Серумско железо 9.9, а хемоглобин 10.3, сеа ми стигнаа резултати. Во вторник сум на преглед кај матична, што мислите, ќе треба некоја терапија?
Најубаво консултирај се со лекар али али најверојатно ќе треба да примаш и железото ти е на долна граница. Мене од 20 на 7 ми се намали за еден месец терапијата беше само Сидерал форте 20 капсули се после 10 дена од кога ја завршив терапијата железото ми се врати на 21
Дали некој знае што се случува во ремедика во однос на пациентот со ковид што бил примен..дали бил изолиран и персоналот и пациентот..ве молам само некој со инфо од сигурен извор ако имате..се плашам бидејќи таму одам на прегледи.
Само што објавија од ремедика на инстаграм дека враб се во изолација а пациентот не лежел таму.. Не се секирај секако се одделени секторите мислам нема простор за паника
Не се плаши. Мене во 8ми месец ми рекоа дека едното бубреже му е поголемо. Кога ќе се роди да кажам да го видат на ехо . Кога се породив му правеа ехо, се беше во ред и рекоа може не било мочкано, се задржала мокрача и затоа така покажало. Исто ми рекоа почест случај било кај машките деца.