@Fallen.Angel те читнав дека термин ти е 5ти јуни, зошто толку сакаш да е пред таа дата? Јас мислев си над терминот. Зошто толку форсираат околината дека мора да е царски и плус ти ствараат тешкотии. Вежбај си, движи се, биди активна барем дома, мисли позитивно. Ќе биде наскоро и убавиот ден
Златна е, а и што убаво објаснува и толку смирувачки делува... Кај да си бараме по една ваква за породување?
@Fallen.Angel , и јас како @Alishan30 , кога ти ги читав постовите, мислев ти поминал терминот, па затоа те факјат паники. Душо уживај си, кога ке му дојде времето на бебчето, секако ке си излезе. Не знаеш, колку жени, како мене на пример, кои што имаат високо ризична бременост, би сакале да дојдат до неделата во која си ти, но ете немаме таква шанса. Дај боже да ми се укаже таква шанса, па не да ме искасапат, и долу и царски, како што велиш ти, десет пати ако треба нека ме сечат, се ке издржам, само да ми биде бебенцето живо и здраво.
Притисок висок, д-димери превисоки, вчера првиот клексан го примив по 2саати алергија. Сабајлево кај др. ми вика досега никој не се пожалил со алергија на клексан. Али денес и утре нема да примам, тек понеделник па ќе видиме дали ќе има тогаш пак нова алергија. Замена за клексанот имало некоја др инекција ама со мн сличен состав, така да и тоа отпаќа доколку сум алергична. Ќе видиме понеделник. На 5ти јуни влегувам во 9ти, последниов месец некако само стресови  се надевам ќе испадни се во ред. Само не знам што ќе правам, како ќе ги намалам тие димери ако сум алергична на клексанот
Терминот ми е на 3ти, грешка во пресметката на докторот е. Првин ми кажа 5ти, ама потоа на следниот преглед рече дека е 3ти, бидејќи бев со нередовни циклуси, земавме во предвид повеќе работи и плус мерки од ехо за да се утврди терминот.
Фраксипарин. Мислам @Alishan30 се боцка со нив или ако сум грешка сигурно барем знае да објасни. @eta се сложувам со тебе. @monka_bonbonka со едно па кога клоца ѕвезди бројам, којзнае како е со две се што пиша претпоставувам е нормално. Ако нешто ти е чудно, пиши му на др за совет.
@Fallen.Angel никој да не слушаш. Една иста жена има 2 различни пораѓаи, а камоли различни жени. Значи, верувај од искуство - само биди колку што можеш повеќе опуштена, не се плаши. Мисли си дека се поминува и се е за добро. Друга работа, често грешат со мерките, не викам не е толкаво бебето, ама ете ти рекле 4400 е, а може да се роди бебе од 3900гр на пример. Со мене во соба кога се породив со ќерка ми, во Државна имаше жена што се породила природно со близнаци. Значи штом она можела 2 бебенца да роди природно ќе можеш и ти (ако ти каже доктор и ти ако сакаш природно). Има жени кои потешко родиле бебенца од 2500гр отколку жени со бебенца од 4кг. Затоа, ако можеш дистанцирај се од тие луѓе, иако ако се фамилија е невозможно или замоли ги веќе да не ти зборат и да не ти прават стрес. И со лесно
Моментално не ги примам, но 3 месеци ги примав фраксипарините. Слични се но не се исти со клексаните, има разлика во молекуларноста и во прочистеноста на инекцијата. Мене клексан не ми одговараа, но не заради алергија туку заради крварење. Со Фраксипаринот немав проблем. Ќе види што ќе и кажат на @mother_nature ,може ќе и ја сменат терапијата. Со лесно
Да, многу пати грешеле. Мене за првото ми згрешија околу 300гр. Е со второто погодија. Ама и самите доктори и мислам дека на извештајот пишува +-400гр.
Направи консултација со трансфузиолог,јас со првата бременост цело време високи се боцкав и по 2 и по 3 на ден,после царскиот ми беа дуплирани и примав терапија уште 1 месец.
Сакам да си прашам дали има уште некоја бебе како моево 26 та недела сум нејке да каже што е секој преглед нозете стиснати... Не е интересно веќее...
Фала ти. Се трудам ама не оди.. Пак ми се јавуваат сите од сабајле и прво прашање им е дали чувствувам нешто, и кога ќе им кажам дека не чувствувам промена, одма почнуваат со истите муабети и ми го расипуваат расположението..
Ти па колку им се замараш убаво ти викаат не им кревај на телефон олабави се. Штом ти е 03.06 термин може и дента ќе се породиш..јас бар сум се родила точно на термин ако викаат женско порано се раѓа нема правила Ич да не ти чуе стигна до сам крај не си го упропастувај искуството сега пред сам крај
Јас знам како ти е, и мене и кога се породив ме "убиваа" со вака треба, така не треба. Секогаш ќе ги има тие коментари Освен да бидеш лоша и на сите да им кажеш да не смеат збор да кажат. Или на шала речи им, ај веќе не ме прашајте, сакам да ве изненадам. Треба да те олабават малку. Ама ете и они се во исчекување и не сфаќаат дека ти прават дополнителен стрес
Едноставно не им кревај психата ќе ти треба за после пораѓај, ти од сега ако им се замараш толку што ќе биде после пораѓај кога сите ќе бидат "паметни" и ќе ти кажуваат како да доиш,бањаш и ред други работи. Сега гледај да уживаш малце џогинг да го размрдаш и ако треба сите да ги пратиш кај што треба и не треба