Па јас на свекрва ми кога ме плаши и викам само тууу ти зар се сеќаваш точно пред 34 год како си поминала кој толку памти нека не зборат јас од вчера не памтам. се се праат знаат ќе дојде бебо не може да им текне како се држи и преслака
Даа ,си мрда то ама со стегнати нозеее хахаха @Brpbrp па до некни ние викавме се срами ама и сега кога не покажа заклучивме дека е инат а има и на кој @Milkiway леле тоа паметување веќе... Јас се враќам од прв преглед и цела збунета , свекрва ми за термин ме прашува и викам не знам,ништо не ми рекоа и ми враќа : -Ти ако не знаеш кој да знае ,јас со двете точно до ден знаев кога ќе се породам
^со свекрва ми раскрстив уште пред 2 месеци, ниту зборам, ниту ме интересира нејзиното мислење, од почит кон маж ми нека биде среќна кога ќе го виде бебчето. Иначе многу сум лоша, посебно со луѓе кои незнаат до каде им е границата на своите муабети и постапки. Не се ни скарав, кажав на маж, и пренеси и толку од нас двете. Секој ден му ѕвонела да го праша како сум, џабе е. Подалеку од токсични луѓе, едноставно оддалечете се, немора да им се објаснувате. Штом ве нервираат, не би требало да постојат во вашиот живот. Барем јас така гледам на работите
@Brpbrp Мојата на првиот преглед праша дали се 2 бебиња, и кога реков едно, прашање беше зошто е едно, нели инвитро па мора да се две На вториот преглед праша за пол, не го знаевме, па подпрашање како не виделе Ајт таму, оди у 3лпм и не ми стои на патот. И да,на неродено бебе ништо не се купувало.ооо да, глупите муабети почнаа, среќа на време ги пресеков
Тешко е тоа мацо во заедница ,јас сега со карантинов увидов некои работи... Значи мојава е бог да чува ,и да сакаш да не ја слушаш ти доаѓа во соба и збори ,треба ептен големата да ја правам ,ама и ќе ја направам ако продолжи вака... Ти вода да не можеш да наполниш ( си земам за ноќе во шише ) уште не пуштена чешмата она исплакни го шишето ми кажува... Да не продолжувам долга е и широка. А да ми е за по телефон или барем друг спрат друго е ... @Fallen.Angel телефонот срце на aeroplane режим и кулирај , заборави се што ти кажале ,гали со меше и со самата опуштеност ќе ти биде полесно!
@Milkiway ее како, они се знаатМене највеќе ме нервира што дали мајка дали свекрва ми коментираат за, се во врска со децата, не треба вака, не треба така, а најжално е што они ги правеле истите грешки @Alishan30 тебе мислам те читав добра била свекрва ти. Леле изгледа на старост ги фаќа нештоа не можеш да се оддалечиш од фамилија, треба да се скараш скроз па тогаш. Или да бидеш "змија" како што вика еден другар, па да ти се плашат и да не смеат да зуцнат
За во заедница е мн полошо. Не сум со нив, посебно живееме. Среќа голема (смајли што бакнува икона) Од таму кога одев, можам книга да напишам, баш за таквите банални работи како твоите со шишето Не беше ваква, "100" години сме заедно, од кога забременив се отворија картите и ги видов новите лица, без маски
Во контекст на муабетот да си ја кажам мојата мака , од токсични луѓе го издвојувам татко ми Прва грешка му беше тоа , дента кога кажавме дека сум трудна му се сврте на мм и му вели и сега знаеш ли чиво е детето Потоа само нешто ми префрла , цело време се расправа со мене , само ми збори за странство , вика е штета изгуби 3000 евра дека остана дома и сезоната ја пропушти, и ред милион други работи. Родител ми е и живееме во иста куќа , но спремна сум да одам под кирија за да се тргнам од него. Кај хормоноте ми работат како луди и тој капак ми е и само бегам од него да немаме контакт.
Убаво си напрајла ја сум уште фина ама се пренесувам на мм и он индиректно си расчистува..ако почнат И кај мене како кај @Alishan30 не беше ваква кога забременив почна да се понаша како за нејзе да го раѓам што многу ме фрустрира. Како она ќе го чувала како ние да сме се преселеле кај нив во старата соба на мм и јас и викам абе за правење сами го правевме и сами ќе го чуваме и се усрами.. Ама кч немам влакна на јазик за неа многу е чудна. Знам дека сака внуци ама ќе бидеш баба не мајка. Се знае што е на баба да го мази да му купѕва колку може да го причува кога треба и ајт сиктер да не ставам карантин
И јас сум во заедница на неколку пати се имам раскарано ама ај викам да попуштам и со секое мое попуштање на глава ми се качуваше и затоа сега како низ турски гробишта ни здраво ни чао ако има нешто со мажот ми па нека го замара него треба некој и на бебево да мисли Е тоа највеќе ме нервира кај ни работат на нас хормоните пробуваме да се контролираме да не викаме да не се дереме и плачеме и уште се мајтапат со нас. Покажете им заби со време
Почнав да се смеам на глас, ама стварно, ми текнаа сите случки. И како беше се во ред и хармонично пред неколку месеци. Отвара чипс, ме нуди оти за мене бил купен, си земав едно и реков несакам повеќе, мрсно е, не е здраво ова за мене. Со сласт си го изеди цело пакетче пред мене За мене е а
Иста сум и јас, и свекрва ми и мајка ми, ми се блокирани на телефон, не сакам да ми се јавуваат и онака само глупости ми тропат. Мене и мајка ми, ме нервира, што дека е мајка, не можеш ништо ни да се пожалиш ни ништо. Избегавам да зборувам и со двете, а и коронава ми се погоди, барем да не ми доагјат. Денес, им се јавив, на татко ми да му честитам роденден, таа повторно ме изнервира .
Ние сега доправаме уште една соба за спрат нема услови и мислам дека ќе успеам да ја одделам скроз па ќе видиме а ,за чување уште не бевме земени госпоѓата ми рече дека немало да му го чува ( после вечер во кафеана со ќерка и ) да не сум мислела јас ќе се шетам таа ќе чува. А сега низ муабет ( ќерка и има бебче 7 месеци и е ) ко и рече некни ќе и го оставела и вика да простиш ќе имам за некој месец кого да гледам и викам јас немаш ,градинка постои мајка ќе си има ти шетај си ..само ме изгледа и заќутеее...абе не можам да мрднам се треба да знае ццц
Повеќе се тресат за сестра ми што е во Словенија , од колку за мене што сум им во куќа. Татко ми се понаша и како да не сум трудна и само нервози ми прави. Некогаш и криво ми е дека не се израдуваа на мојата бременост. Мајка ми заборави дека сум трудна и ме одби за една пиперка да ми даде да си испржам Боли тоа што децата се делат , но ајде да не одам многу офф топик тоа е веќе друга тема.
Леле жени што е работата со свекрвите. Можеби од хормоните ви е, така другарка од кога се породи сфати дека уствари свекрва и ок била туку таа претерувала во бременоста. Дали дека ќе имам две машки деца па си размислувам што ме чека во иднина... @LadyC какви свекрви ќе бидеме ние?
@Среќичка епа читај и учи учи каква да не бидеш... мислам дека не е до хормоните туку до тоа што прагот на толеранција ни се намалил а тие си биле исти и пред и потоа @bokace1 како бе така што муабет е тој знаеш ли чиво е ..ццц колку непромислени работи велат и прават луѓево значи не можам да се изначудам... Ако можеш и да одиш под кирија ,мајка ми е така малце токсична ама далеку е и не може многу ко ќе почне да претерува и викам ај чао и спуштам
Сега за сега си викам нема шанси да бидам таква, но којзнае староста што носи. Ништо, мора да одам на трето женско