Мое животно искуство само строго и себично треба да си поставен према блиска фамилија. Ако ги сожалуваш, сакаш да им се наоѓаш за се, им се доверуваш еден ден секоја слабост и мана ќе ти ја лупнат во фаца и око нема да им трепне. Без разлика мајка/свекрва, татко/свекор. Секој од нив си го доживеал своето и нема што да се меша сега. Ако си ми од помош и подршка биди. Ако си дошол само да критикуваш и да кажуваш "во твое време" како се правело ич не ми требаш. Една почит и за арно и лошо да ти се најдам тука сум. Дека ќе ти бидам дете или снаа со која ќе манипулираш и лечиш неостварени желби и комплекси се лажеш. Кога ќе станете малце поладни играчи и ги изолирате од вашите емоции тркалото ќе се сврти, ќе осетат дека ја изгубиле таа посебност и итност кај децата и брзо брзо ќе бидат до тебе и ќе слушаат секој твој збор. Здравје јас кога ќе бидам мајка ќе си го воспитувам и чувам детето до 18 а после ќе му оставам простор само да си научи за животот и се разбира секогаш ќе има до знаење дека сум тука за него. Дистанца златен збор во мојот живот.
Не можам уште така зошто иста дневна користиме( поврзана со кујната) ама за околу месец дена би требало да е готова спалната ќе смениме распоред и ќе гледам да ја тргнам сосема се надевам ќе успеам ,пак иста кујна и исто wc ќе користиме ама нема да гледа кога пуштам чешма
Од кога се случи нашево, прво негирав дека не е можно, на крај маж ми увиде уствари дека не било се така розево. Ај кај мене се хормони, да речеме, ами и кај него ли Свашта Значи маж ми отиде да работи, ние ручавме и рековме ќе спиеме сите, малку дремка. Епа не беше така. Јас спијам а тие почнаа да копаат и да садат цвеќиња под мојот прозор, од цел можен двор. Доаѓа маж ми,јас цела изнервирана зошто не спиевме, и тие веднаш седнуваат и тие да одмараат, и тивко беше. Штом тој излезе веднаш се тропа, се чука Како во македонските стари приказни Бегајте настрана, доколку се може, заедница НЕ
Не се секирај и кај мене е така дури кај мене има и повеќе соби што не седи никој да не кажам спрат ама она инат тера вика неможе таму да седите и да си во иста куќа на раџличен спрат пак ќе седи на прозор да види што носиш што си купила итн Тој човек што си е радознал све си гледа и си чепка
Нека гледа што сака само јас да не слушам...вака ќе одам да направам нешто многуво кујна морам да поминам покрај неа и доаѓа по мене и почнува шо мајсторишеш ,ама тоа не треба вака треба така итн... Кај нас нема две соби се од кои едната е поврзана со кујната таму седи таа и другава кај со седиме ние па со доградбата која ќе биде спална и ќе се смени .. туку забегавме со темава да се префрлиме ако не во снаи и свекрви...
И јас исто си викам и си се смеам на оваа приказна не знам дали ја знаете: Снашкава во тефтер запишувала се што и правела лошо свекрвата за да утре таа кога ќе биде свекрва да не го прави истото на снашка. Доаѓа време снашката синот си го жени и отвара тефтерот да види што НЕ треба да прави гледа гледа и вика: Ауу оваа свекрва ми се' во право била
Не знаеш да ги откачиш....сакам бебево да го родам изгледано 5кг . И што се замарашш Смеј се и мењај тема Јас не дозволувам да допрат до мене со глупости. Имаме доктори дал Бог нив ќе ги слушаме! Кога кога кога кобници ќе бидете благовремено обавестени. Никој несакам да ме мисли. А ти ако им се жалиш и ги потпрашуваш ќе то се мешаат посекако. Уживај девојче мисли како ќе гушкаш бебенце . А за цезареа или природно , во медицина 2+2 не се 4, и мене ме спремаат за природно , на 10јуни ми е термин , а бебево 4кг . Така да се препуштам во раце на докториве па со Господ напред
Сега бев на муабет со двете докторки. И двете ги прашав што би ми било најдобра опција. И двете одлучно ми кажаа дека најпаметно е да закажеме царски рез бидејќи според нив јас термин ќе надминам и ако толку ми било мерак ќе ми даделе провокација 1 недела после термин, ама да не сум очекувала лесен пораѓај, најверојатно било повторно царски рез да ме прават бидејќи до тогаш плодот ќе бил многу поголем. Уште сега се гледало дека кај мене шансите не се 50:50, туку повеќе е веројатно да ме пораѓаат со царски рез. Ме советуваа уште сега да си закажам и да се заврши работата. Бебето било повеќе од спремно за раѓање, а тоа што уште нема никаков абер требало да ми биде доволен знак дека џабе ми е чекањето. И самите кажаа дека секогаш форсираат и убедуваат за природен пораѓај бидејќи тоа било најубаво, ама во мојов случај не препорачувале. И ме советуваа веднаш да закажеме царски рез. Јас некако не бев сигурна и им реков да почекаме барем уште некој ден па да видиме. Ми рекоа демек добро ама така само сум си го одложувала неизбежното.. Не знам веќе аман. Се слушнав и со една блиска пријателка која е медицинска сестра и ми вели пиј еден дијазепам од 2мг. Не знам и дали смеам... а би пиела.
Јас до сега имам пиено диезапам од 2 мг не редовно ама по потреба( имав стресови низ цела бременост), ништо му нема наштетено на бебчето
Здраво мешиња. Бремена сум 14та недела. Денес бев на преглед. Докторката не можеше да го слушне срцето на бебето. Го видовме на ехо, има реакција, се е во ред. Се гледаат откуцаите на срцето, 153 на минута. Рече дека е нормално понекогаш да не се слушне. Дали ви се случило нешто слично? Да напоменам дека не живеам во Македонија.
Ги изначитав муабетите за свекрвите и да се 'испукам' и јас. Мојата да може ќе ме стави под клуч никаде да не мрдам до породување, а и после тоа, пошо надвор во воздухот корона има, страшно е Не живееме заедно и во овие 4 месеци што сум бремена 2 пати е дојдена кај мене на кафе и со маска седи, а од дома и не е излезена ни за до продавница. Смешки А да, и да не сум работела по дома, да сум лежела цело време, ништо да не сум кревала. Она не е дирекна во нејзините совети ама така 'ненаметливо' ме убедува да не се гледам со пријатели, па тие оделе на работа, контактирале со луѓе, да сум носела маска нон стоп..Ми праќа ручек еднаш два пати во неделата, секој ден ми се јавува да ме слушне и 99% од муабетите ни се со короната поврзани До некаде е во право за пазењето ама па не можиме цел живот толку стерилно да се однесуваме.
Jas bi gi oterala u pm izvinete na izrazot no imaat li isaf, na trudnucka iva da go zbora. Psihicki I taka site sme normalno so trema I strav, pa uste I prikaski. A svekrva ko svek mora posilna da bila od snaata. Tipicen balkanski mentalitet. Se nadevam ne se lutis sto sum iskrena.
Има ли некоја посебна причина што избегнуваш царски и покрај тоа што две докторки те советуваат? Страв ти е повеќе од царскиот? Искрено јас секогаш би слушала мислења од доктори по мене по ова што го кажуваш нема зошто да чекаш штом они се сигурни им прошле ехее еден куп...Жени плаќаат специјално за царски да се породат да не одат природно мислам дека нема зошто да би имала страв
Оф не знам. Не дека имам нешто против царски, само ми беше набиено во глава дека можеби лесно ќе минев природно..
Знам ама така требало не можеш да го планираш. Многу од бокс завршуваат во операциона.. од каде да знаеш. Дај боже и ти да си права и да успееш ама па немој да испадне да се намачиш само и пак на царски да завршиш :/ Не сакам да ти ставам ништп во глава ако треба и трето мислење барај си но биди си на чисто
@Fallen.Angel природно родив 2 деца. Да, после пораѓајот утредента бев станата. Но, имам другарка првото царски, второто намерно си закажа царски бидејќи и беше страв. И по двата пораѓаи - царски, веќе после една недела беше на нога и се сама си ги тераше обврските околу детето. Не ти сугерирам ништо, јас па се плашев од анестезијата и затоа нејќев царски. Ама, ако те советуваат размисли си. Преспиј, без нервирање и реши. Како и да е, бебето мора да излезе
И да закажеш царски ќути и трај торбата под рака мажето исто и правец во болница иначе сите ќе се нацртаат таму и ќе тормозат додека да влезеш во сала. Сакам да кажам за да отидеш со ладна глава и смирена што и да одлучиш со лесно нека ти е
Деновиве сум во план да купам за бебето комплетче за излегување од болница, треба да се породам крај на јули немам поим дали да барам по кратки, по долги, да купам 2 па што ке ми кажат во болница тоа... Мајки на летни бебиња, што мислите, што препорачувате? Секој совет е добредојден
Женски фала многу на сите, да не ве цитирам и означувам сега, многу ми олеснува вака кога барем некој ми дава поддршка.. Ќе го голтнам дијазепамот бидејќи сега од некој страв секоја минута трчам во ВЦ на какање, а и ишијас ме фати пак.. Немаше ме болено вака добри 3-4 месеци. Ќе ме олабави дијазепамот колку толку..