Ako se poragas vo privatna spored mene ke naglavuvaat za carski, zaradi sumata na parite sepak operacija ta e poskapo
@Fallen.Angel јас мислам да престанеш да ги слушаш сите што ти зборуваат од страна и тетки и стрини, а и жени кои те убедуваат да чекаш природно (еве ја две деца од по 5 кг. родив, па бутур), туку да си ги слушаш докторите кои ќе те пораѓаат, бидејќи тие најдобро знаат како во твојот случај да се постават. Што се однесува до царски што нејќеш, те разбирам, не сакам ни јас, но бидејќи имам генитален херпес кој може да се појави 6 недели пред терминот, во тој случај би морала да се пораѓам царски. Се е за луѓе и ништо не е страшно, а штом ти рекле царски, закажи си царски и престани да слушаш се живо и диво околу себе или да бидеш своеглава, а немаш причини за тоа. Good luck! ❤
@Fallen.Angel смееш да пиеш диазепам, јас си пијам скоро секоја вечер. Докторот ми препорача. Штом докторките ти препорачуваат царски, да си одиш царски и ич да не му ја мислиш. Прашај со спинална дали може ,да не бидеш со општа. Золва ми царски се породи, со спинална,откако не можела да се отвори, неколку часа со болки. Неколку денови по пораѓај гајле немаше. Вели не би размислувала за природно пак. Раната не е голема. После 1 нед и ги извадија конците,нормално си функционира. И ја би сакала царски искрено,ама знаеш како е во државниве, нема царски ако нема причина за тоа. Ако е навистина големко бебе, зашто да се мачите и ти тоа со природно. Докторките знаат најдобро .Те
@Fallen.Angel одењето во вц и болки во кичма колку што читав се знак за припрема на телото за породивање. Што и да одлучиш, со лесно да поминеш. Имам јас некое претчувство дека утре ќе јадеме мекици @Kate Rina 93 прочитав доктор ти препорачал. И мене ми викаа по потреба, ако ептен не можам да издржам нервоза да пијам Дијазепам. Но, една докторка во Систина и докторката кај која одев на прегледи, ми рекоа да не претерувам. Со Дијазепамот се намалувале и движењата на бебето, (а за ова не сум 100%сигурна, оти заборавив) и откуцаите на срцето. Ако можеш смени си, пиј Бедоксин мене ми рекоа може 2-3 пати на ден.
Пак ми се јави докторката да ме праша дали сум донела одлука. Ми рече ако толку сум сакала ќе ми ја исполнеле желбата и ќе сме чекале за природно, ама само чекање и ќе имало бидејќи тешко изводливо било природен пораѓај за мене а и можело да ми се заглави бебето во каналот и можело да има потреба со вакум да го вадат и да се здобие со некакви повреди. Ме исплаши ептен.. Ми рече нема проблем ќе те чекаме до 10ти јуни, ама ти немаш абер никаков до сега, ќе го поминеш и терминот и бебето ќе биде уште поголемо и сама ќе си бараш царски рез тогаш.. Ми рече утре ако сакам да одам уште еднаш на ехо и да се уверам дека бебето е премногу големо и да си видам самата дека тешко ќе оди процесот. И докторките и двете увиделе дека е потребен царски, ама до сега не ми кажувале и кревале раменици кога прашував бидејќи не сакале да се мешаат во мојата одлука.. Ама сега кога побарав искрени и отворени одговори ми кажаа.. и сега не знам што да правам..
Мене ме "стегаше" срцето навечер претежно ,докторот ми рече пиј диазепам кога ќе осетиш стегање. Бедоксин пијам цела бременот. Од утре влегувам во 9ти и планирам ич да не пијам бедоксин ниту диазепам. Освен ако осетам некоја нервоза. А за намалување на движењето ,не знам. Бебево да може да излезе од стомак со толку удари, до сега ќе излезеше. Фала ти многу. Сега ни во нервоза нема да пијам освен бедоксинчето
Не, не сакав да те исплашам, сепак нели препишано ти е од лекар. Мене дека 2 докторки ми го кажаа истото за Дијазепамот и јас престанав да го пијам. А јас па цела бременост бев со тахикардија и терапија за истата, ама некогаш не помагаше и затоа пиев Дијазепам. Уживај, ти уште малку имаш. Можеш ептен кога не можеш да издржиш мачнина со срцето напиј се Дијазепам или пробај со топло млеко или мед. Со лесно и тебе
Јас попрво царски би одбрала,отколку диазепам да пијам ама ти си знаеш.Јас со царски бев и две бебиња дома осцен болка некоја при наведнување и спреј што требаше да прскам на раната ништо друго.Изборот е твој и ти посакувам среќа и со лесно.
Другарка до сами царски беше со диазепам. Лекарите мораа да и дадат да се смири. Тие стресови и стравови ако излезат од контрола ништо друго не помага. Лошо направиле со @Fallen.Angel што од почеток не и ја кажале ситуацијата како што е. Ќе си била психички спремна девојката а сега е под стрес и ќе има недоумица и страв до самиот крај. Душичке мила, пробај смири се и верувај си на телото како ќе ти каже не нé слушај нас и не ги слушај докторките те виделе испаничена па сакаат да те решат пошто пото за да не биде и бебенцето под стрес. Седни си негде тивко, диши длабоко, помагали меше и самото тело ќе ти каже на што си спремна. Што и да избереш размислувајќи позитивно, на крај од оваа авантура те чека бебенце мало. Без стравови сите имаме примален инстинкт мајчин и сме доволно силни за овие предизвици.
Зошто си комплицираш? Преедноставно е. Доктори ти кажуваат дека подобра опција ти е царски. Јави се и закажи го. Штом бебето е спремно за надвор олесни се веќе и запознајте се. Не знам зашто пиеш диазепами стварно и не знам што чекаш. Не е некоја важна одлука. Ете јас сум со царски, вториот ден седев, се туширав, се шетав низ соба, дома веќе не седнав се си завршував сама. Еве ме денеска на секс мислам цел ден Кога ќе го видиш малото ќе сфатиш на колку глупости си обрнувала внимание. И доста ги прашуваш сите за мислење, а после се жалиш дека си дозволуваат премногу. Ти си созреана жена и одлуките околу детето треба да ги носите заедно со мт и никој друг. Моја препорака јави се и закажи го првиот термин за царски и ќе завршиш работа за пола саат. И јави се на сите други и кажи дека додека не бидне работата не креваш телефон зашто не можеш да се објаснуваш на сите по ред. Опушти се и со лесно, не е ништо страшно ти викам од спинал до крај трае пола саат
Фала ти многу. Јас мислев природно ќе родам бидејќи никој не ми го споменуваше царскиот. Не сум ни разочарана ни ништо,само преплашена и преоптоварена.
Абе зошто форсирате толку да се роди? Што не даде докторката провокации прво за природно како така одма царски? И се запнале големо големо бебе. По 5 кг се рајѓаат а што ако излезе бебе помало од мерките? Не си играјте . Нема подобро од доносено бебе. Не си надминала ни термин Напиј се дијазепам поарно. Ни во приватна не запнуваат за царски аманте со тие муабети. Баш ме интересира да напише некоја еве што ја терале во приватна да роди царски. Ама не комшиката,лично како звучело тоа... да не сакаш царски да си родиш? Што ти е гајле ке се мачиш ке напињаш... Не верувам И да знаеш царски не е страшно. Баш пишувавме колку лесно имаме поминато. Не се плаши
За царски мене само анестезијата ме плаши и после тоа што треба катетар да имам. Имам фобија од катетар
Ти го ставаат додека си ппд анестезија,не ни знаеш дека го имаш на тебе. Следниот ден го вадат и некако брзо го тргна сестрата не беше ни болно може малце непријатно. А за анестезија што знам,сите потајно се плашиме но тогаш адреналинот доминира дека ке се запознаеш со бебето и си мислиш само се да биде добро со него, нели да врисне најсилно што може. А другото се заборава многу брзо. Но моментот на прва средба е нешто што само се доживува
Јас син ми го родив на 22 јули и од болница го изнесов по исцело шпихозни на кратки ,надвор беше 40 с ,со ова ми е краен термин 5 јули здравје исто планирам да спремам комплет по кратки ќе имам спремено и по долги да не ме изненади па да се роди на почеток во 9ти за секој случај да си бидам спремна .
Јас и пишав дека и самата пишува со денови дека не и се чека, докторите рекле дека е спремно за искачање и плус и препорачале царски. Иначе да, нема потреба од форсирање.
Јас за жал (или за среќа божемепрости) немам свекрва, а ќе бидам дупла. Којзнае каквк ќе сме, замисли нѐ за х години од сега ќе се жалиме тука од снашките Инаку, ние добри, вчера бев на фетален скрининг за срце, сѐ е во ред @Fallen.Angel мене мила докторката дента пред да се породам бебето околу 3кг. ми го измери, а се роди 3780. Не велам дека грешат докторките кај тебе, ама ете, можно е. И не сакам да ти влијаам, ама на твое место сепак би одела царски, кога веќе сакаш побрзо да се олесниш. Верувај дека на толку големо бебче и да не испукаш, сигурно ќе те сецнат. Природно сум породена, ама мислам дека раната подеднакво боли. Исклучи телефон, легни одмори се и размисли со своја глава. Не мисли ни на стринки, ни на тетки ни на нас тука што велиме. Води се од себеси, твојот инстинкт, чувства и желба. Верувам ќе ја донесеш најправилната одлука.
Нека ми простат сите, се затворив во собата и правам се што не треба. Пијам кока кола, јадам благо и си пушам цигари. Се опуштам со музика и си чекам да видиме утре што ќе биде.