Toa e normalno i jas imav krvarenje od nos pa ednas i od vilicata se konsultiram so ginekologot mi kaza deka e normalno. Mislam i drugi zenicki imale. Ako e obilno epten togash se konsultiraj so ginekolog. Mislam nema mesto za panika.
@Vojdana јас тој период секое сабајле наоѓав во едната ноздра засирена крв и се осеќав како некој да ми акнал бокс. А за колострумов баш ми е чудно дека некои денови засилено ми тече, лом праам маиците, а еве веќе неколку дена не ми тече. Да не имала некоја вакво искуство.
Истото и јас се прашував Термин ми е 30 јули и поим неам што да купувам(кратки, долги) и дали да почнам... се некако рано ми е
И кај мене е исто... 31ва недела, 3 дена активно, 2 дрна едвај колку да го осетам, па пак од почеток. И јас знам да испаничам па го затресувам стомакот за да се јави
За крв од носот, баш во 18-19та недела и јас имав, не обилно, но на секнење на носот скоро секој ден. Витамин Ц пиев редовно од 1000мг тие две недели. Сега веќе го снема. А колострум не ми течело досега, немам искуство со тоа, ниту лушпи не сум имала. Прашајте гинеколог дали треба така да течи, за да валка маици.
Цело време кога го секнев носот имав крв, ми заврши тоа некаде накај 8ми месец. Не ми течеше никогаш ама тоа е зашто мене и обично во животот ми нема течено крв, дури и еднаш кога ме удрија многу силно.
Купувајте од 56ка нагоре не сте свесни колку брзо растат. Ние правиме месец за 2 дена и 50ки веќе не го собираат, 56ките се ептен точни значи кај и да е мали ќе бидат. Мислам дека боди на кратки и прерамки најискористени ќе ви бидат, можете панталончиња неколку пара (за да си ги облекувате во боди и панталончиња и за менување пелени полесно е за неискусните мајки). Шпикозни што знам, може веројатно на кратки искрено не знам на топлото дали би облекла на долги ама имајте некој пар сепак не се знае какво ќе биде летото. И не купувајте премногу секогаш можете да докупите. Мене необлечени ми останаа доста ствари. Не ти е рано почни да си купуваш со време за да си испереш, испеглаш и да бидеш спремна.
Утре сум на втор скрининг, ќе си го видам бебето. Верувајте трема имам нормално позитивна. Дури и брзав прв термин сабајле да фатам за преглед. Се надевам ќе биде се добро, освен што имам бактерија утре треба и брисеви за прв пат да ми земаат. Прееска маж ми ми помагаше да се средам со брич доле, се газевме од смеење, па нокти ми сечеше, па ми стружеше нозе и вика прво прашање утре, дали можеш да си одиш на козметичар, ова не се трпи, ме пукна вика
Јас никогаш не го облеков синко во кратки. Пуштав клима и идеално му беше во тенки шпихозни со долги. Мене и шихозни и боди со панталончиња ми беа згодни. Јас директ земав 56ки, крупен се роди и знаев дека ке се роди крупен. 56ки дали три недели ги носеше. 62ки исто. Во принцип паналони без стапалца и бодиња подолго ке можат да ги носат.
Јас читав некаде дека од 31недела некаде бебињата подолго спијат и затоа помалце се осеќаат на мрдање
Јас еден месец откако си заминав од куќата каде живеев со свекрва,свекор и золва останав бремена.Живеевме на спрат одделно но приватност немав!Датата за добивање циклус ја знаеа подобро од мене,евиденција ми водеа за се!После 3 год сфатив дека ме гушат веќе и си заминавме од таму,секако со кавги зошто не им беше јасно каде грешат и испадна дека јас премногу барам,дека нормално било они се да знаат! Под кирија живеам ,скромно и без луксузи ,но верувајте со мирот не се споредува ништо!Бремена сум 26 недели и сум сам свој ага свој паша на мојот живот,секако далеку од нив и без никакви контакти! Далеку од такви луѓе Си се најдов во муабетов па си се исповедав
Ај да се пријавам, помина втор скрининг и брисеви(мушки ги издржав) бебето е се ок, тешко можеше да го види поради прираслици на цревата. Којзнае како ќе биде царскиот со мојов проблем, али во секој случај ме опушти докторката, ми исклучи дабрастон и депо ми вика фурај се е ок. Бебе се криеше не му видов фацуле, битно све да е добро Убав ден мами
Имуноглобулин кој се прима при крај на бременост во вид на инекција интрамускулно или интравенски кај мајката, која е рх негативна крвна група, а плодот има рх позитивна крвна група. Превентивно се заштитува детето од антителата на мајката кои се пренесуваат при самиот чин на раѓање и можат да направат проблем во крвта кај бебето. Затоа превентивно се прима и се намалува штетата која би можела да се случе. Обично при прва бременост е најмал тој одговор од мајката кон детето, секоја наредна бременост е можна посилна реакција кон бебето. Затоа мора да се прима оваа ампула.
Можеш било каков чај да се напиеш, освен црн, зелен и други такви "темни" чаеви, шолја до две со мед и лимон супер ќе ти дојде. Свари си и пилешка супа, а смееш и парацетамол да се напиеш.