Ми се јави уште еден проблем пред малку. Ве молам за мислење. Настината сум пиев чај и јадев супа, и кога отидов до тоалет на долната облека имав нешто како мрсол, долго, густо, лигаво, жолто. Се исплашив и му се јавив на матичниот му објаснив и ми рече да испијам 2 магнезиуми и да одмарам. Ако ми тече или имам болки да му се јавам, ако не утре да идам на контрола. 27+3 сум и мн ми е страв да не е чепот. Немам болки и од сабајле бебето беше мн активно. Му се има ли случено ова на некој? Има ли простор за паника?
Јас лично искуство немам, но познаничка ептен многу го фали за професионалност. Ќе каже и некој со лично искуство.
Јас имав околу 28-29 недела. Ми рекоа ако немам болки дека е ок. Бев и за мерење на грлото на матката, во ред беше но ми препорачаа одмарање. Сепак отиди си утре на преглед раат да бидеш.
А да се консултираш и со гинекологот за мислење негово и со општиот и да се тестираш за корона?мислам на сама приватно да се тестираш преку ИЈЗ не верувам да би те тестирале.. Лично да сум сега настината тоа би го направила . Не ме сфакај погрешно не сакам да те плашам ама тоа е за твоја лична безбедност поготово што ете и друго нешто се по/јавило
Овие 2 дена измрзнав во дворот, ладно е кај нас. Немам температура нити симп за корона, ниту пак сум имала контакти со некој, така да тоа не ме плаши. Малку малаксана се чуствувам. Сега се вратив од болница нема контрации, бебето е ок, матката и плодовата вода се ок, ме гледаа и вагинално и според нив грлото е затворено. Ми рекоа да одмарам и ако имам болки да отидам. Имав слика од секретот и кога им го покажав не знаеја што би можело да биде. Се надеваат дека не е тоа и дека се ке биде во ред.
И јас имав таков, некаде накај 30та недела мислам, само мојот беше безбоен. Матичната тогаш ми рече ако немам болки не е ништо страшно.
Има ли некоја искуство да и касни бебето со 2-3 недели?дали ја породил со царски? Јас сум 38+5,бебето ми одговара на 36та недела
Колку е тешко бебето,моја пријателка Ивановски во систина ја породи царски во 37 нед.мислам беше зашто бебето не напредуваше повеќе ама се си е супер здраво право детенце си роди малце поситно се роди ама ништо страшно не беше .
А од кога почнало да заостанува, и дали докторот ти кажал дали има причина за тоа? Прво, ќе ти кажам дека често мерките се неточни. Значи може да се згреши, да измери мало, а да се роди скрос таман. И таа опција имај си ја во глава пред да се испаничиш. Искрено јас лично не сметам дека 2 недели се нешто за загрижување. Да си 38 недела и да измери 33та ајде да се загрижиш, ама 36та, а ќе тераш уште, не е воопшто за загрижување бебето си има достигнато тежина која е во номалните граници на новороденче, а тоа е од 2000 гр до 4500, 37 недела е веќе скрос безбедна зона за раѓање така да, уште 1 недела и бебе би било одлично. Плус пак ќе ти повторам, често мерките се грешни, има тема за тоа, побарај ја и види дека не е реткост. Дали имаш некаков проблем, со плацента да не имаш некаков проблем? Јас би ти рекла само да внимаваш на притисок, мери си поначесто, мал до средно зголемен притисок може да не го чувствуваш, а да пречи на развојот на бебето, ама пак ќе ти повторам 36та недела е супер, и уште ќе тераш, немој да се нервираш. Со царски може да треба да се пораѓаш ако на пример докторот процени дека на бебето би му било голем стрес вагиналното породување, ама ајде пак ќе речам тоа е за бебиња навистина мали, прематурчиња, ти и сега во моментов да се породиш не мислам дека апсолутно ќе те пуштат на царски. Баш некогаш прематурчиња ако е се во ред преферираат да ги пораѓаат природно пошо со вагинално породување во каналот им се истиснува добар дел од плодовата вода која им се наоѓа во плуќата па ете еден мал процент докажано е дека полесно дишат од оние бебиња со царски породени затоа што тоа е еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат прематурчиња - дишењето. Ама јас твоето бебе не го сметам ни за прематурче, ако достигнало 36та недела е пре одлично, а имај на ум дека уште си тераш со бременоста и кога ќе се породиш ќе биде поголемо и во безбедна зона за раѓање. Нема ни да го сметаат за мало. Само мери си притисок и шеќер ако можеш мери си, да не ти паѓа шеќерот и супер си.
Два пати до сега ми се погодил кога сум отишла за нешто итно, за болки или слично предобар впечаток ни има оставено и мене и на маж ми. Инаку друг доктор ме води. Ја молам @LadyC да се јави, го претера ја нема веќе 5 дена!!!! Ти дојде мажето па сеа не откачи? Нече мочи тако лако Ако е тоа опростено ти е, ако не е тоа мисли му ја
Тука сум! Се селиме, оправдано ли ми е? Ако ми веруваш бел ден не сум видела. Ептен го погодивме времето за селење нели. Те гушкам
Девојки вечерва прв пат ми се случува да ме фати болка како со нож солу под папокот од околу 30 секунди да ме препоти и ми се испапчи стомакот на десната страна ко шпиц. После 30 секунди помина болката и стомакот се врати во нормала. Инаку сум 31+5 Има простор за паники? Мислев да не се контракции а мн е рано(Сега сум на штрек веке 40 мин дали ке ме фати пак)
Може, оправдано tell me about that Ти се селиш, јас тек сега се спремам за селење уште не сме скроз спремни и страв ми е да не не стигнам тек тогаш незнам што ќе правам а маж ми си кулира чекај мајсторите чекај времево чекај короната, чекај ова чекај она.... уфф а нит сум способна да помогнам да исчистам да средам како што сакам јас башка кога ќе перам па пеглам... 300 прашања во глава..
Знак за во тоалет да не е? Некогаш така и мене знае да ме фати, да се исплашам па по некое време да сватам што е работата Ако не се повтори не би требало да е страшно, а може и зафатило бебе некоја незгодна позиција.
Ако се лажни контракции не е рано 31+5. Некои и од 20та ги имаат. Не значат дека ќе се породиш пред време, воопшто.
Почна од кога влегов во 9ти месец, протоците се добри ми рекоа нема место за паника али јас немам мир бебето е 2610 +-390 ако пак остане така ќе ме прават царски