Причина може да е покаченото железо и примети мокрачата дали ти е темна ако е повеќе вода и течности.
@wannababy Уробилиноген и јас имав вчера 1 крст на урина, па не обрнав внимание. Лично ја носев урината, не пиена вода наутро, ниту мирисаше, ниту е темна. Ниту имам мака некаква. А за железото треба терапија, 33 е ниско.
Каде правевте анализа.Јас минатата недела во авицена урина анализата чуден резултат.После 2 дена пак се беше ок како и секој месец.
Јас во мојот град во приватна ординација, не е Авицена. Минатиот месец беше уредна, сега покажа 1крст уробилиноген и оксалати во седимент. Не му обрнувам внимание, ништо не е ова, според мене. Баш утре ќе видам гинекологот што ќе каже.
Zdravo denes gi zedov rezultatite od TORCH cmv = 17.0 rubela 15.6 i dvete se pozitivni dali nekoja imala slichno iskustvo ?
Вчера бев на контрола 30+ 3 дена, беба е супер си расте, образи уште сега има за штипење 2 100 е сега, а јас се мислам дека се зезнав со малите стварчиња што ги купив, кратко ке ги носи... Најбитно ми е дека се беше во ред, уште еднаш да одам на 29 месецов за брисеви и после каде што ќе се пораѓам. Како се наближува времето, иако второ дете мене ме фаќа паника.
Како бе ниско 33? @wannababy да не пиеш нешто за железо? И витамини да не пиеш? Јас трудна со второто имав на една крвна 36 железо некаде и ми рекоа од витамините толку високо, пиев Пре Мама (над граница доста беше, 26 мислам беше границата), да не пијам 2 дена пред да проверам и направив така и беше 22,23 некаде, таман. А исто бев се слабокрвна, голема анемија и што не пиев со години... Од тогаш пу пу, крвната слика ми е добра, ме прероди малата
Какво ниско 33 Мене 6 ми беше на почеток од бременоста, па пиев хеферол по 2 во ден и едвај се крена на 18 и сеа цело време ми е тука некаде 17/18 и е во нормала. 33 е одлично, дури превисоко мислам.
Јас 3,3 видов моја грешка, извинете. Прочитав 3,3 и побрзав да одговорам дека е ниско. И си мислам 3,3 а пишувам 33. 33 е да, над граница на нормала која е до 26. Се извинувам на мојата грешка
Ако е Igg значи дека си ја “прележала” бактеријата или вирусот...некогаш си била позитивна ама не во моментот.Значи ништо страшно. Ако e Igm тоа е дека и во моментот ја имаш активна.
Само дојдов да им честитам за бебушки на @Fallen.Angel и @Bebac ! Да се здрави, живи, среќни и весели секогаш!!!
Планирав во Тетово. Прочитав погоре што пиша. За два дена сум на цтг. Ќе прашам дали ќе работи породувалиштето. Не ми се верува да го затворат.. Најверојатно дезинфекција ќе извршат само
Да видиме дали ќе искочи позитивна сестрата и персоналот со кој била во група. Каде си на Цтг? Во малата зграда ,кај Брза Помош? Кај кого ќе се пораѓаш,кој лекар?