Моја претпоставка е затоа што некаде гледам рачунаат 42 недели и мислам дека они првите две недели не ги рачунаат по што реално тогаш и сеуште нема бременост.Друга теорија не ми иде во глава Да за лежење лежам еве еден месец само за до WC станувам и толку јадење у кревет и еве еден месец така си стои 2,5см нема нешто намалено примав инекции за зреење на белите дробови на бебче за секој случај еднаш во 26 недела коха открија и вчераи денес уште по две .Само ова ао лакуниве викам уште тоа требаше а проток на хранливи материи ок се.Со Господ напред мора да издржиме.Фала ти за инфо во секој случак и ти уште малку имаш со лесно и со убаво
И јас имам лакуни на постелката, а никогаш не сум била пушач. Кај мене, рече докторката, дека очекувала да се појават бидејки имам вродена анемија.
Здраво женски.Пред една недела бев на контрола се беше во ред на ехо имам само ниска вредност на хемоглобинот и за тоа ми препиша матичната терапија.Прашав за скриен шеќер дали и кога треба да испитам,но докторката поради ситуацијата со короната рече дека немало потреба сега,бидејќи бебето било со нормална големина и тежина ,па понатака ако се увиди дека има потреба да сум испитала.Што мислите вие за ова,Дали да ја послушам или да испитам некаде на приватно и доколку некоја испитувала приватно каде го правела испитувањето? Прва бременост ми е и не сум многу информирана за овие работи,но благодарение на вас научив многу тука
И јас имам мали лакуми откриени (не се секавам точно ама мислам дека бев 26-27) недела. Од нив и високи д-димери...Обавезно да си ги испиташ.Не пушам и не сум имала спонтан. Никој не знае од што се појавуваат. Матичната ја прашав од што може да се и ми рече од многу голема килажа качена во бременоста. Јас тогаш бев 7 ми месец а имав качено 5-6 кила. Така да и тоа паѓа во вода.
Јас испитував во Ложанковски иако не сум нивни пациент. 500ден е, никој немаше, само јас плус од едно до друго боцкање можеш да си излезеш надвор на клупа или на тераса кај нив.
Испитај си. И моето бебе беше дури помало, па имав скриен шеќер. Во авицена 450 платив, таму би ти препорачала да одиш, поубави услови има.
Едно прашање имам до вас драги мои 38+6 сум , за пораѓај рано е , ама ми се појави кандида , барем така мислам. Односи немаме, од кај излезе ова ..??!! Дали смеам да користам Канестен?
Пробаланс лејди или линекс лејди доколку ги најдеш. Многу често се појавува кандида во бременост. Нема поврзаност со односи... канестен мачкав надворешно маст. Благо не јади исто така.
Девојки, имате ли искуство со преглед во полициски час? Закажано ми е за петок па незнаѓ како иде постапката?
Исто и мене, утре планирав да се јавам во ремедика да прашам дали воопшто ќе ми биде докторот на работа. Ако биде, ќе се јавам на 192 ќе пријавам дека одам на преглед и мислам дека нема да има проблем.. но не верувам дека ќе се вршат прегледи, освен нешто итно за жал ќе си чекаме до понеделник изгледа
И јас сум во ремедика ама ако ми го откажат страв ми е да не не ми презакажат бидејќи цел јуни бил закажан. Хаос е